логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

 

 

„Ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството небесно!“ (Мт. 5; 20)

Секогаш се прашував како може некој да стане светител и која особина ги прави приемчиви за Божјата благодат. Еден ден, отидов кај старец Пајсиј и го прашав:

„Со што светителите толку се разликуваат од нас, па поради тоа ја примаат Божјата благодат?“

„Нашите светители поседуваат Божествена правда наместо човечка,“, ми одговори.
„А што е божествена правда?“, повторно прашав.
Вака ми објасни:
„Замисли двајца седат на маса и пред нив има сад со десет кајсии. Ако еден од нив лакомо изеде седум кајсии, а на братот му остави само три, тој е нечесен кон братот, ете тоа е неправда. А ако рече: ’Имаме десет кајсии, а ние сме двајца, значи имаме по пет’, и потоа да изеде пет кајсии, тој применува човечка правда. Поради тоа често одиме на суд во потрага за човечка правда. Но, ако човекот сфати дека неговиот пријател многу сака кајсии, ќе се преправа дека не му се допаѓаат и ќе изеде само една, велејќи: ’Те молам, земи ги сите овие кајсии, јас не ги сакам. Всушност, ме боли стомакот и не сакам повеќе да јадам’. Таквиот човек поседува Божествена правда и повеќе сака по човечките мерила да биде неправеден кон себе и да се жртвува за да биде награден со Божја благодат, која обилно ќе се излие на него.


Ќе ти раскажам уште нешто за подобро да ме разбереш.

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд.

Вистинскиот христијанин никогаш не смее да осудува или да изнесува обвинувања против своите ближни, дури и ако некој насилно му ја земе облеката. Постои разлика меѓу оние луѓе што веруваат во Христа и оние кои не веруваат. Христијаните се придржуваат до Божествената, а луѓето кои не веруваат до човечката правда.

Човечката правда е ништожна во споредба со Божествената. Нашиот Господ прв ја примени Божествената правда. Не се оправдувал кога Го обвинија ниту се заканувал некому кога пател. Тој со молчење и стрпливо сè поднесувал, не давал ни најмал отпор, дозволувајќи им дури и да му ја слечат облеката. Така поради голотијата Бог беше исмеан од Неговите созданија. Најважно е тоа што Христос не само што не барал помош од човечката правда туку истовремено ги оправдувал и своите мачители, молејќи го Отецот да им прости: Оче, прости им, не знаат што прават (Лк. 23;34).

Ние, за жал, не го следиме Божествениот пример и никогаш не пропуштаме да ги обвиниме другите. Тоа што на почетокот ни изгледа како правда набрзо се претвора во неправда.

Некои луѓе велат дека не треба да им допуштиме на другите, а посебно не на христијаните, да го присвојат нашиот имот зашто нашата трпеливост ќе ги наведе на неправда. Тоа е бесмислено оправдување и со тоа само покажуваме дека повеќе го сакаме своето материјално богатство од својата душа. Кога ќе ја запоставиме молитвата и духовните дела и наместо тоа ќе почнеме да судиме за луѓето кои ни направиле неправда, станува очигледно дека материјалното богатство го сметаме за поважно од своето спасување и Христовите заповеди. Како можеме да ја следиме евангелската заповед која вели: Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! (Лк. 6; 30), ако според зборовите на апостол Павле, со радост не го поднесуваме грабежот и крадењето на нашиот имот, имајќи на ум дека поднесувањето обвинение или враќање на имотот нема да го избрише гревот на алчниот кој не ограбил?


За нас е подобро да ја поднесуваме грубоста на оние што не ожалостуваат и да се молиме за нив со покајание да се ослободат од својата алчност. Не треба да бараме да ни биде вратено тоа што ни е земено. Божјата правда е насочена кон човекот и очекува алчниот да се ослободи од гревот и да се врати на Христос. Божјата правда не е заинтересирана за материјалните богатства.

Кога некој се двоуми меѓу човечката и Божјата правда, личи на оној кој во еден момент се поклонува на Бога, а потоа на идолите.
Божествената правда се спротивставува на човечките закони. Човечкиот закон е строг и ист за сите, зашто тој никогаш не отстапува и на секој ја применува својата правда, истакнувајќи ги своите правила, а не личноста. Но, Божествената правда понекогаш знае и да отстапи и сомилосно да му биде дарувана на секој човек. Таа не ги отфрла луѓето кои заслужуваат казна, и знае обилно да ги награди достојните за пофалба.

 Божествената правда и милосрдието се израз на Божјата сомилост кон човечкиот род, додека човечката правда и чесното судење покажуваат тенденција да бидат израз на зла волја. Човечката правда постои за да бидат спречени злоделата на луѓето. Како што сувиот коров не може да расти таму каде што гори оган, така ни Божествената правда не може да постои заедно со непристрасноста. Човекот кој има доверба во Божествената правда нема да биде вознемирен кога нечесно се однесуваат кон него ниту ќе бара некоја своја правда. Тој, напротив, ќе ги прифати лажните обвиненија како да се вистинити, не обидувајќи се да ги увери другите дека е наклеветен и наместо тоа ќе побара прошка.

Некои од нашите светители велеа за себе дека се неумерени, иако не беа такви, затоа што се надеваа на Божествената правда и имаа доверба во неа.
Правдата е како плута; колку и да ја потиснуваме на морското дно, таа секогаш ќе исплива на површината. Поради тоа со радост треба да ја поднесеме секоја неправда и тоа да го правиме за Христос. Тој секогаш не поттикнуваше да ја бараме Божјата правда, и кога, според човечките мерила неправедно се постапува со нас.

Се случи еден од поклониците да ми го раскаже следното:
’Отец, постојано ги читам Псалмите и забележав дека Псалмите Давидови се однесуваат на две категории луѓе – на праведните кои Бог ќе ги награди, тоа го гледаме од Пс. 91; 12 (Праведниот цути како палма, се издига како кедар леванонски) Пс. 10; 7 (Господ е праведен, ја сака правдата), Пс. 1; 6 (Господ го знае патот на праведните) и други. И на неправедните кои ќе бидат казнети уште во овој живот, како што вели Пс. 1; 6 (Патот безбожнички ќе пропадне), Пс. 10; 5 (Господ го испитува и праведниот и безбожникот, а Неговата душа ги мрази оние што уживаат во насилство) или Пс. 67; 2-3 (Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо! А праведните да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и ќе го прославуваат во радоста). Јас тоа лично го доживеав и сакам да ви го раскажам.

Потекнувам од сиромашно семејство. Татко ми имаше малку земја и секој ден работеше на неа за да преживееме. Но, татко ми почина и останавме сами со мајка ми. Моите петмина браќа одлучија да се договориме што како ќе го поделиме наследството, зашто татко ми немаше време да напише тестамент. Почнаа да се препираат кој ќе го наследи најплодниот дел од земјата.

Бидејќи бев најмлад и прилично повлечен во себе, седев и чекав да слушнам кој дел од земјата ќе ми го доделат мене. Откако секој од нив го зеде својот дел, ми ја дадоа онаа нива која беше песоклива и затоа не можеше да се обработува. Освен тоа, се наоѓаше во пусто и ненаселено место.


Поминаа неколку години и јас се оженив. Поради економската состојба одлучивме со жена ми да заминеме за Германија. Со Божја помош успеав да најдам работа, така што јас и семејството имавме удобен живот. Во Германија останавме дваесет години. За тоа време јас напорно работев и започнав бизнис. Тогаш одлучивме да се вратиме во Грција и таму да продолжиме да ја работиме истата работа. Целосно заборавивме на она парче земја што го наследив од татко ми, но Бог очигледно не го заборави. Додека бевме во Германија во ова „пусто и ненаселено“ место се изградени многу хотели и туристички комплекси, што многу ја подигна цената на земјата во тој крај. Многу го бараа тоа парче земја и понудите на заинтересираните постојано се зголемуваа. Одлучив да организирам аукција, и нејзината цена стигна до неколку милиони драхми. Бидејќи јас и мојата фамилија заработивме доволно за удобен живот, сакавме дел од тие пари да ги подариме на некој дом за деца без родители. Затоа дојдов да ме посоветувате’.

’Што прават вашите браќа’, прашав.
’Ја обработуваат земјата за да преживеат’.
’Вие, како прво треба да им помогнете на своите браќа, за да не се жалат на Вас, а остатокот од парите можете да го подарите на кого сакате’“.
„Божјата правда секогаш победува, продолжи о. Пајсиј. Таа понекогаш може да биде бавна, но на крајот сепак ќе се покаже во човечкиот живот. Господ вели дека нашата правда мора да биде поголема од правдата на фарисеите, зашто нивна цел е единствено човечката правда. Тие биле дел од судења, расправи, апсења и караници. Се обидувале да ги заштитат своите права, не опростувајќи грабеж на материјалните добра ниту било каква неправда која им е направена. Но Христос, секој од нас го уверуваше дека, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството небесно. Сте слушнале дека им било речено на старите (во древните времиња кога старозаветниот закон се обидувал да го ослободи човекот од неправда применувајќи човечка правда и подготвувајќи го на тој начин да ја прифати Божествената правда: око за око, заб за заб – тоа е на пример, човечка правда); Јас пак ви велам: не противете се на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот. А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката. И ако некој те присили да одиш со него емBR> ?на милја, ти оди две. На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем... Зашто ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците?... Вие бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесни (Мт. 5; 20 – 48)“.


Завршувајќи ја темата за Божествената правда, о. Пајсиј рече:
„Монахот во својот живот мора да ја применува Божествената правда. Тој може да им допушти на другите да му ја земат ќелијата и сè што поседува, ако тие сакаат тоа да го направат. Напротив, не верувам дека семеен човек може да применува Божествена правда, бидејќи со тоа ќе го вознемири семејството. Ако некој е монах, може да им ја препушти ќелијата на други, и само со својата мантија ќе лута наоколу. Воопшто, на монахот му е многу полесно да ја претрпи секоја неправда или лишување. Но, кога од вас ќе зависат и други, секогаш мора да внимавате да не патат или да нè не се задоволни“.

На 19 јуни 19..., односно на денот на св. Пајсиј, Старецот ме замоли да му се придружам во 1.30 по полноќ и да отслужиме божествена Литургија. (Бевме присутни само ние двајцата. Старецот не примаше никој друг, зашто не сакаше на неговиот именден да му придава посебно значење). Кога службата беше готова, седнавме и се послуживме. Додека ме служеше со бонбони, зборуваше за Божествената правда.

Рече дека Бог не ги слуша нашите молитви затоа што не сме праведни и неправедно постапуваме со ближните. Нашите бденија ќе бидат залудни и Бог нема да не сослуша додека не се поправиме:
„Секој од нас се грижи само за себе, а другите ги запоставува. Поради тоа и Бог нема да се грижи за нас. Ако се здобиеме со Божествена правда ние ќе се запоставиме себеси, а ќе го засакаме Бог и ближните, тогаш Бог ќе се погрижи за нас и ќе сфатиме дека имаме сè .

Кога се борев во војната, непријателот не напаѓаше, па побарав засолниште во една дупка. По неколку минути, ми се обрати еден од војниците:
’Арсениј, можам ли и јас со тебе да се скријам во таа дупка, и јас сум во опасност’.

Му реков да влезе. Но, дупката беше мала и не можеше да не заштити двајцата. Кога влезе го зеде цел простор за да ги избегне куршумите, и мене ме истурка надвор. Дојде уште еден војник, па и тој побара да влезе. Се согласив и излегов, така што од сите страни бев изложен на куршумите. Наеднаш еден куршум пролета толку близу до мене што ми отсече прамен од косата, но за среќа не ми ја повреди главата. Гледаш, кога не си во состојба да се чуваш самиот, тогаш Бог те чува“.


Подготвил: Жаклина Стојановска

(Од книгата: Солзи за светот,
старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 137
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 322
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 195
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »