логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 TVITer2

ЗЕМЈА НА УБАВИНАТА - ВТОР ДЕЛ
Архимандрит Андреј Конанос

    Бдеј, за да не ја изгубиш благодатта. А доколку си млад, невин и во силата на твојата невиност, убав, тогаш бдеј, за да не ја загубиш убавината на својата душа и лицето.
    Ти си убава, кога си млада, и ќе станеш уште поубава, доколку не се шминкаш, туку останеш онаква, каква што тебе те создал Бог. Така, кога наутро ќе се помолиш и потоа ќе појдеш на работа, на училиште, во фирмата, било каде и тоа ненашминкана, ти веќе ќе имаш друга убавина - твојата сопствена убавина, твојот сопствен лик, лицето, оригинално  и неповторливо, какво што нема налик на целиот свет. Сега пак, шминката и прераното разубавување те прават тебе онаква, како множество други жени и девојки, ужасно слични на тебе.
    Тоа јас и го видов онаа саботна вечер во возот. Сите беа облечени еднакво, сите имаа исти фризури. Но, така ти ја губиш својата индивидуалност! Токму тоа и сакам да ти го кажам: научи се да бидеш убав (убава) на свој начин. Како што на пример свети Георгиј има свои црти, своја светост, своја убавина, а исто и кај света Марина, света Фотинија постои своја светост, која ја нема кај ниту една друга светителка. Потои и таква убавина, која не е позајмена од никого и не е ископирана. Стекни ја својата сопствена убавина.
    Ти си многу убава, тоа сакам да ти го кажам, затоа пројави ја убавината на својата душа. Дали знаеш како да ја пројавиш? Тогаш кога на Христа му оставаш да гледа на тебе, стоејќи пред Христа, кога ти го восприемаш сјаењето на Неговиот лик, ти ја восприемаш убавината на Неговиот лик, која се одразува на твоето лице, и тоа станува видливо за другите.
    Единственото најубаво огледало, во кое можеш да се огледаш и да се доведеш себеси во поредок - тоа е ликот Христов. Таму го гледаме нашиот првообраз, нашата конечна цел. Таму, во ликот Христов, ние гледаме, колку добри можеме да станеме; гледаме што можеме да Му станеме подобни Нему.
    "Преобрати ја, Господи грдотијата на моето лице во убавина" - така восхитувачки се пее во еден тропар на Страсната седмица. Ние сме примиле од Бог многу благодат оној ден, кога сме се крстиле, но потоа во нас влегло друго: пороци, лукавство, скверност и ние сме се измениле и сме подивеле. Но, јас сум видел постари луѓе, кои изгледаа како деца, сум гледал прекрасни старечки лица, сум видел една бабичка, чии очи сјаеа, а лицето ú светлеше. Лице, до кое никогаш не се допреле крем, козметика, маски, туку само вода и сапун. Но нејзиното лице сјаеше. Тоа е прекрасно, затоа што таа се моли, затоа што таа се причестува со Христос, затоа што љуби, затоа што во животот многу се подвизувала, а лицето на подвижникот секогаш изгледа прекрасно.
    Исто и твоето лице може да биде убаво, кога ќе се научиш да плачеш. Кога ќе почнеш да плачеш, но не од егоизам или од нервоза, оти ти тогаш повторно се разгрдуваш, знај го тоа. Не кога плачеш од тврдогавост или поради тоа што нешто не тргнало, онака како што ти сакаш. Но, кога плачеш од љубов, болка, покајание, сострадание кон човечката болка, или кога плачеш од благодарност кон Христа, воздавајќи Му слава за мноштвото дарови, кој ти ги подарил, тогаш ти навистина ќе станеш убава.
    Не само жените, туку и мажите, оти и тие сакаат да бидат убави. Ние сите сакаме да бидеме убави, сакаме домот да ни е убав, храмовите наши. "Освети ги оние кои го љубат Твојот дом". Биди благолепен, каков што те создал Бог. Доколку твоите очи можеа да ги видат преживувањата на онаа бабичка, која што ја знаев, твоето лице исто така ќе беше убаво и зиме и лете и во секое време.
    Оној човек кој останал на сеноќно бдение, има многу убаво лице. Си ги видел тие луѓе? Уморни, исцрпени, но приметливи со особена убавина, затоа што нивните очи долго останале отворени Христа ради. Колку е прекрасно лицето кога очите остануваат отворени ради Христа во тие бескрајни ноќни часови! Колку е убаво тоа лице! а ако видиш лице на човек, кој само што излегол од ноќен клуб, дискотека, бар, стадион, од такво место кај што се прават гревови, блуд, како тоа би изгледало? Би било ли тоа убаво? Не, во него нема да ја има убавината која ни ја дарувал нам Бог.
    Мене ми се допаѓа за време на Светата Литургија да погледнам на луѓето кои се молат, на свештениците, со кои се молиме заедно. Нивните лица ми се чинат тогаш многу убави. Јас ги гледам, за да видам како Бог го преобразува човекот, кој се моли, и самиот да ја усвојам убавината на тие лица.
    На убавината на нашата души и тела многу влијаат и луѓето, со кои ние се дружиме. Тоа се предава еден на друг. Кога се дружиш со добри луѓе, добри христијани, луѓе со добри карактери, тоа се пренесува и на твојата душа. Нивната воодушевеност се одразува на твоето лице и ти ја примаш нивната убавина.
    Сега пак, тебе ти говорам момче. Послушај ме! Кога ти беше дете, ти имаше убаво лице. Тоа и сега е убаво, но тогаш твоите очи беа невини, твоето срце исто така и беше радосно да се гледа на тебе. Меѓутоа, поминаа години, и твоето лице стана озлобено. Ти стана остар, изгледот на твоите очи стана непријатен, а изразот на лицето - суров, ти нервничиш, излегуваш вон себе, ја трескаш вратата, кај себе дома избувнуваш, држиш непријателство со некој си луѓе, си натоварил разни гревови и си испокршил дрвца, си учествувал во секакви инциденти на стадионот, си се испокарал со оние кои си ги љубел некогаш, си се налутил со нив и сте се оставиле.
    Сето тоа знаеш ли што направи? Те разгруби. Убавината постои, но таа е сокриена во тебе и јас сакам да ти раскажам тебе, за таа твоја сокриена убавина. И знаеш ли, што сакам да направиш? Сакам да ги земеш своите стари фотографии, детските снимки и да посматраш, како ти си изгледал, кога си имал ангелски изглед и кога ти беше налик ангел. Бог го создал ангелското создание со невин изглед. Ти ги гледаше луѓето во очи без грижа на совест, без чувство на вина, без срам, не тргнувајќи ги очите, не спуштајќи го погледот со вина.
    Тогаш ти имаше невиност и детски израз на лицето. Зошто сето тоа исчезнало? Како дошло до таа промена? Етапно. Постепено. Ти постепено ја изгуби својата убавина. Ти не си бил секогаш таков, како сега, ти беше добар, убав, невин и во срцето кај тебе имаше многу љубов. Потоа е случило нешто, нешто пукнало, но сега тоа повторно може да се изкорегира. Ти повторно можеш да го исправиш тоа. Дали знаеш што е потребно за тоа? Една солза. Една мала поправка. За да разбереш и кажеш:
    - Христе мој! Каков бев и каков станав! Зошто така на лошо тргнав?
    Дали ја знаете случката со уметникот, кој сакал да Го нацрта Христос на Тајната вечера? Тој нашол човек со убаво лице и го исползувал во улога на модел. Потоа поминале години, и тој уметник поскал да го наслика Јуда. Тој си мислел: каде би пронашол модел за него? Конечно нашол некој човек со совршено свирепо лице. Се покажало дека е истиот оној човек, кој позирал за ликот на Христос! Но, тој веќе не изгледал како порано, веќе не наликувал на Христа. Неговиот живот се изменил, затоа што тој се дружел со разни друштва, почнал да води ноќен начин на живот, се внурнал во разврат, гревови и пороци. Сето тоа се одразило на него.
    Затоа јас и реков дека, она што го има кај другиот, ти се предава тебе. Доколку се дружиш со добри луѓе, и самиот ќе станеш добар. Ако се дружиш со луѓе, кои негуваат горешта љубов кон Христос, ќе се загрее и твоето срце и ти ќе се одобриш. Што ако се дружиш со луѓе, кои имаат ладен однос кон Христос? Ќе оладиш и ти. Ако влезеш  во парфимерија, кога ќе излезеш, твојата облека ќе мириса убаво; ако влезеш во место, каде што пушат, кога ќе излезеш, од твојата облека ќе излегува мирис на тутун. Друштвата, навиките, местата, кои ние ги посетуваме, луѓето кои ни се пријатели, средината не прават подобри или не разгрдуваат.
    Никој не се лишил од невиноста сам по себе. Нешто сме чуле, нешто сме виделе, некаде сме се збуниле, нешто друго станало причина за тоа што сме се истрошиле како луѓе. Тоа јас го имам преживеано, пред сè, сам, за жал и го имам почувствувано на луѓе, кои одамна не сум ги видел, на децата, кој некогаш дошле на исповед, а потоа поминало некое време и тие се измениле, станале непрепознатливи.
    
    Човекот се менува и надворешно. Кога ти си далечен од Христа, ти се менуваш и надворешно. Тоа не е некоја апстрактна теорија: тебе ти се менува изразот на лицето, надворешноста, стануваш јаросен, злобнееш, се помрачуваш. Што е сето тоа? Имено, ти порано, во себе криеше светител, го носеше во себе Христа, можеше и самиот да послужиш како модел, како оној човек според кој сликарот го рисувал Господа на Тајната вечера.
    Разбери, ти си неубав, не поради тоа што си низок или полничок, што имаш долги уши, очи во оваа или онаа форма, што на главата имаш малку коса или воопшто ја немаш.Тоа воопшто не е грдотија. Во денешно време луѓето умираат и се симнуваат од умот, само поради тоа што сакаат да бидат убави, да се допадливи, а всушност не разбрале, што е тоа убавина и што ја бараат каде им е драго, само не во Христа. Но, Христос нè чини нас убави, Он ги прави сопрузите прекрасни. Он ќе те направи и тебе прекрасен, да ù се допаднеш на твојата жена. Само вложи го Христа во својот живот, смири се, исправи се, помоли се, исповедај се, причести се. Кога ќе се причестиш (ова што ти го кажувам, не треба често да го правиш, направи го само еднаш) застани пред огледало и погледни се, како изгледаш, како светиш ти, кога се причестуваш.
    Еден човек се беше причестил, а јас не знаев за тоа, но кога го видов него, на неговото лице имаше таков мир, а во очите - благост и топлина, така што го прашав:
    - Ајде кажи ми: ти се причести?
    -А како ти се сети на тоа оче?
    -Тоа се гледа. Тоа е Божјата благодат, која нè прави убави. Но, внимавај немој  да го изгубиш она добро, што си го примил.
    Свети Силуан говори: "Доволно е да имаш една лоша помисла за било кој, и Божјата благодат си заминуава од тебе." Изчезнува сладоста од твоето лице. Се озлобуваш. Се помрачуваш.
    
    Не знам дали веруваш во тоа. Денес сакав нешто да раскажам во врска со она што го видов во возот. Ти кажав, дека го искорегирав надворешниот вид на младите луѓе, и пред мене се открија добри лица. Ние се движиме среде луѓе, од кои многумина се можни светители, среде луѓе, кои кријат во себе воодушевувачка убавина, затрупана со нечистотија. Тајната на која нè учи Црквата (тебе, мене, твојата жена, детето) е да се избегне нечистотијата, својата и на својот брат. Не останувај во валканост, оди кон дијамантот, оди кон благоуханието, не заглибувај во ужасното, кое е видливо, стреми се кон онаа убавина, која е невидилива, за да станеш убав човек, за да бидеш ловец  на убавина и да ја откриваш неа во себе и околу себе: во својата жена и во детето.
    
    Тогаш знаеш ли што ќе се случи? Ти ќе разбереш, дека ја имаш најдобрата жена на светот (ти го имаш најдобриот сопруг - твојот сопруг), дека ги имаш најдобрите деца на светот, твоите деца. А доколку ти си дете, ти ги имаш најдобрите родители, твоите. Дали знаеш за ова?
    Ти го зборувам ова, затоа што гледаш нечии родители  и си мислиш: "Гледај како добро изгледа мајката на мојот другар, а мојата е така скромна, не го поседува тој блесок." Да - но твојата мајка, таа е најдобрата мајка, затоа што таа е простодушна, затоа што е смирена, затоа што е христијанка, затоа што таа се моли.
    Некој може да каже: "Ти си свештеник, а ни говориш за убавината." Да, но јас не ви говорам за убавините на овој свет, туку за убавината на Бог,  која човекот, доколку ја живее, ја предава на другите, ја покажува, ја одразува околу себе. Сакам таа убавина, да ја најдеш: убавината која никогаш не може да се загуби, која не изчезнува, кога ќе остариш.
    Дали сакаш секогаш да бидеш убав? Тогаш научи се да го љубиш Бога, да говориш со Оној, Кој е секогаш убав, научи се да го љубиш Оној, од Кого луѓето се покорени, Кому му се поклонуваат, во Кого се вљубуваат и Кого го љубат. Светителите се вљубиле во Бога, поради убавината на Неговото лице, поради убавината на Неговата душа, ние исто таа ја доживуваме некако таа убавина во Црквата, а за тоа треба многу да се потрудиме, затоа што околу нас има многу луѓе, кои истовремено се и добри и ужасни; тоа се добри луѓе, кои исто така многу треба да се потрудат.
    Побарај ја убавината, сокриена во нив. Никогаш не го навредувај другиот, не го ранувај, никогаш не се фокусирај на неговите надворешни црти и не прави конечни заклучоци за неговиот карактер и личност. Научи се да го видиш убавото, кое е сокриено во човекот, во твојот ближен, во твојот сосед, во твојот другар. Нашиот Бог не создава грди луѓе, Он создава само убави. Сè што чини Бог, е добро и убаво. Ајде да го откриваме доброто, да му се радуваме, да му се насладуваме.
Ви посакувам да ја почувствувате таа убавина во себе и околу себе. Така вашите лица ќе станат спокојни, природни, едноставни, смирени. Тие, најверојатно, ќе бидат уморни од секојдневниот труд - во кујната, во заводот, во канцеларијата, каде и да работат. Но, знаете, со вас мене не ми е потребно да правам корекции, кои ги правев,  посматрајќи ги младите луѓе во возот. Вашите лице се многу добри, затоа што вие ги чувствувате смирението и жртвата на Христос.
Превод од руски: Маја Белева
извор: https://pravoslavie.ru/126114.html

 

 Друго:

 Pregratki

АРХМАНДРИТ АНДРЕЈ КОНАНОС: ЗЕМЈА НА УБАВИНАТА  ...

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 734
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »