логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ќе се погрижиме да опишеме една реалност која тешко се искажува со зборови и ќе се обидеме да ги наведеме нејзините основни белези. По својата природа таа тешко може да се опише и  полесно е таинствено да се почувствува; таа е повеќе нешто скришно, за кое можеш само да претпоставуваш, а не толку очигледно за да можеш да го коментираш. Ние можеме да ја именуваме својата цел, но опитот тешко се сместува во рамките на разумот – колку  повеќе, пак, ова важи за автентичноста на опитот на верата и благодатта, кој е поврзан со најскришното битие на човечката природа, со вистината за човекот. Тоа е повеќе тајна која непрестајно ни се открива, а не само внатрешна пројава, образ, форма или поведение со коешто човекот се сообразува.

Кога духовниот опит е автентичен, тој ја открива божественоста на човекот. Во спротивен случај тој не ѝ дозволува на Божјата благодат да дејствува во човечкиот живот. Затоа автентичноста е неопходна претпоставка на духовниот живот.

И така, како да пристапиме кон автентичноста на опитот? Како да ја препознаеме? Сигурно не станува збор за интелектуално расудување.

Евангелските зборови на нашиот Господ имаат апсолутен карактер: Кој не е со Мене, против Мене е (Матеј 12,30) и Никој не може да им служи на двајца господари (Матеј 6,24), Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене (Марко 8,34) и Ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно (Матеј 5,20). Господ го отфрли човечкото право на еден од Своите ученици да отиде и да си го погребе татка си (Матеј 8,22), им го предвести мачеништвото и испитанијата на сите кои Го последуваат (Матеј 24), ја разобличи млакоста (Отк. 3,16), бараше пост и молитва и како цел го постави совршенството (Матеј 17,21; Еф. 4,13; Јк. 1,4).

3.angeli.so.truba

Бог е Апсолутен, Он го опфаќа и дава сето она во кое има полнота, дури и самото суштествување, во неговата совршена форма. Он е присносуштен, Он е сѐ. Божјата вистина го исполнува човекот, но го остава во него чувството дека таа ја надминува неговата полнота. Таа е нешто поголемо, кое човекот не може да го опфати. Во таа смисла, Бог не бара од оној што сака да Го следи, нешто што му ги надминува силите и можностите – тоа се дополнува од Неговата благодат – туку ја посакува автентичноста на човечката согласност, вистинитоста на неговата волја и доследноста на неговите решенија. Само така човек станува погоден за живот со Бога, може да ги следи Неговите чекори и да ги распознае Неговите траги.

Вистинскиот христијанин

Во евангелијата често гледаме дека апостолите се повикуваат на автентичноста на своето лично сведоштво за да бидат убедливи: Она, што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа (1Јов. 1,1) и И кој виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинско (Јован 19,35). Самарјаните (Јован 4,42) и св. Јован Крстител исто така прибегнуваат кон непосредноста на својот личен опит (Јован 1,34). Автентичноста на опитот е најубедливиот аргумент за вистинитоста на она што ни го кажуваат.

Да видиме каква е содржината на автентичниот опит во животот на христијанинот:

3.angeli.so.truba

Св. ап. Петар е вистински дури и во својот пад, бидејќи е спонтан. Тој бара докази и Господ го повикува да тргне по водата; пројавува маловерие и тоне (Матеј 14, 28-29); спонтано исповеда дека од светата уста на Христос излегува слово за живот (Јован 6,68); Го убедува Господ да ги избегне страданијата, а Он го укорува велејќи му дека во него зборува сатаната (Јован 13, 5-10); гордо одбива Господ да му ги измие нозете, а потоа се предомислува на особено изразит начин (Матеј 16,23); тргнува со сила да му го отсече увото на Малх, но прима укор од Господ и од чудотворното исцеление на увото на слугата (Јован 18,10); се одрекува од Господ непосредно пред Неговите страдања и веднаш потоа се покајува (Марко 14,72); ја слуша веста за Воскресението и се сомнева; затоа брзо оди на гробот за да може сам да се убеди (Јован 20, 3-4). Паѓа и станува. Греши и се покајува; не се преправа, тоа е самиот тој, слободен дури и кога дејствува по човечки. Греши, но се поправа, не е безгрешен – тој е вистински.

Автентичен човек не е оној кој не прави гревови, туку кој ги осознава, ги исповеда и се кае за нив.

Автентичниот човек е не само спонтан во своите постапки туку и вистински во својата вера. Верата не е идеологија со која треба да се согласиме, ниту мисла која треба да ја разбереме, ниту мнение или став што треба да го примиме. Верата не е емоција, ниту морално правило со кое треба да се сообразуваме, ниту доживување кое психолошки сме си го наложиле, ниту цел што се постигнува со човечки усилби. Верата е благодат, живот и вистина, која се предлага, открива и добива конкретен израз. Бог ја дарува верата, а таа Го открива Бога.

Човекот е велик не затоа што може да постигне многу нешта, туку затоа што може да му се случат и да му се откријат големи работи. Но, сето тоа подразбира автентичност, вистинитост и непритворност. Без тоа хоризонтот на душата останува затворен за Божјата благодат.

Се разбира, ние зборуваме за автентичниот опит, но многу често под тоа подразбираме различни работи. Затоа да видиме кој точно е вистинскиот и автентичен христијанин. Во својот обид да одговори на прашањето „какви би сакал Бог Словото да бидат Христијаните?“ – св. Василиј Велики одговара на следниот начин: „Ученици на Христос, кои ќе го подражаваат само она што го гледаат во Него и слушаат од Него (Матеј 11,29; Јован 13, 13-15), свети храмови на Бога, чисти и исполнети само што она кое е во служба на Бога (Јован 14,23; 2Кор. 6,16), како Божји чеда кои се преобразиле во образ Божји според мерката дадена на луѓето (Јован 8,13, 33; Гал. 4,19), сол на земјата, така што оние кои општат со нив да се обновуваат по дух за нетление (Матеј 5,13), слово на животот, кое иако е мртво за овдешните нешта ја утврдува надежта за дејствителниот живот (Филип. 2, 15-16)“.

Подолу продолжува: „Што е својствено за христијанинот? Тоа дека како што Христос умре за гревот еднаш и засекогаш, така и тој треба да е мртов и несклон кон било каков грев… Справедливоста да преизиобилува во него во сѐ… да ги љуби другите како што Христос нѐ возљуби… Секогаш да Го гледа пред себеси Господ… Во секој ден и час да ревнува и да биде спремен совршено да Му угоди на Бога, знаејќи дека Господ доаѓа во час кога не очекува“.

Според св. Јован Златоуст: „Ако си христијанин, ти немаш свој град на земјата. На нашиот град мајстор и творец е Бог. Дури и целата Вселена да ја придобиеме, ние сме си туѓинци и нејзини посетители. Запишани сме на небото. Таму е нашиот град“.

Истиот апсолутен карактер на вистинското христијанство го среќаваме и кај отците подвижници и се разбира, во „Лествицата“ од св. Јован Лествичник: „Христијанин – означува подражавање на Христос, колку што е возможно за човекот, кој со зборови, и дела, и мисла правилно и безпоговорно верува во Света Троица“.

Христијанскиот опит е автентичен кога го љубиме крстот повеќе од удобноста и борбата повеќе од победата; кога го доживуваме Царството Божјо како пореално од историските собитија; кога нашата вера е посилна од здравиот разум; кога ја препознаваме вистината повеќе во Таинствата отколку во она што го разбираме со нашиот ум; кога во нашите тешкотии повеќе се молиме, а помалку расудуваме; кога сфаќаме дека благодатта е поплодотворна од нашата борба; кога нашиот брат е поблизок до нас од нашето сопствено „јас“; кога можеме да разграничиме што е суетно, а што вистинито, што е лажно, а што е вистинито, што е нашата, а што Божјата волја.

Вистинскиот христијанин го следи Преданието и догмите, но поседува нешто ново и оригинално, нешто лично. Неговата инаквост го утврдува патот на совршенството, бидејќи душата му е „изорана планина, извишена од Христовото учење“.

Во краен случај, ликот на автентичниот човек не е нешто што постои и кое секој од нас треба да го подражава, туку нешто кое сѐ уште не постои, но кое секој од нас е повикан да го оживотвори. Тоа е израз на единственото нешто за кое сме повикани.

(Продолжува…)

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-avtentichniot-i-lazhniot-hristijanski-opit-part-1/

 

31јануари 2020 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 734
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »