логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Големината на новиот човек

Автентичното искуство на благодатта Божја ни е потребно, онака како што му било потребно и на секој христијанин во историјата на Црквата. Но, во нашите денови тешкотијата да го стекнеме изгледа поголема.

Ова доживување ја негува големината на „новиот“ човек, односно на оној кој е во состојба во која останувајќи човек, не е… човек. Тој е боголик, божествен, богочовечен човек. Богочовекот Господ беше совршен Бог и совршен човек. Богочовечниот човек без да е бог, престанува да биде само човек. Од „човекот“ ја има природата и ја одбива власта на паднатите карактеристики; од природата е лишен од божественото и смирено ја вдомува благодатта.

Сето ова значи дека автентичниот христијанин е многу човечен. Ја истакнува и ја почитува својата човечка природа; не ја онеправдува. Затоа и ги разбира слабостите на другите и своите способности. Човекот е мал и голем истовремено. Иако е „малку помал од ангелите“ (Пс. 8, 6), исто така е и „како полски цвет, така прецутува тој“ (Пс. 102, 15), зашто „човек со почест ова не го разбира; па заприлегува на животните, со кои се поистоветува“ (Пс. 48, 12 и 20).

Човекот е длабок и широк истовремено. Тој е неодгатлива тајна, но и сѐ може да собере во себе. Неговиот живот е вистина и љубов; ја има слободата да прифаќа и слободата да се принесува. Затоа е и многу човекољубив и социјален. Не се спасува осамен, учествува во спасението. Може да се испразнува од својот егоизам, и затоа и да се соединува со Бога и со браќата.

И уште, автентичноста му помага на христијанинот постојано да функционира во границата на Бога и човекот, во логиката и во тајната, во божествената љубов и човековата болка, во слободата и во послушанието. Ова го мотивира да се движи и надвор од личниот простор, од човековата граница, од светското време, од себе. Овие се границите во кои се крие Бог; во овие „надвор“ се среќава братот, вечноста, благодатта, вистината, Самиот Бог.

Кога се предизвикува логиката се раѓа верата. Кога се во опасност нашите чувства, се умножува благодатта. Кога ја одбиваме нашата волја, ја живееме Неговата љубов во нас. Кога ние се смалуваме, воскреснува Бог во сила во нас.

Автентично искуство е преподобното, маченичкото, апостолското, пророчкото. Тоа што има подвиг, пот, крв, болка, мачеништво и смирено исповедање. Автентичниот христијанин ја живее радоста преку подвигот, лишувањето и жртвата. Ја живее надежта преку болката, болеста, дискретното потврдување на благодатта Божја, постојаното очекување на знакот кој не го бара, туку го чека и кога доаѓа не го изненадува. Го живее смирението преку Неговите благослови и радости. Сето ова е утврдено на верата.

Во лицето на братот Го среќава Христа. Покрај него се смирува, опстојува, духовно се испразнува. Со него ги дели падот, верата, животот, благодатта, спасението. Се соединува со него. Разликите ја потенцираат слободата, различноста – единственоста на секоја личност како образ Божји, спротивностите нѐ смируваат, заедничките точки ни помагаат да држиме чекор. Гревовите, искушенијата, добродетелите, божествените интервенции во животот на едниот се споделуваат и во животот на другиот. Во сѐ се заедничари. „Нема да се спасиме никако поинаку, освен преку ближниот“ (Св. Макариј Египетски). Темел на ваквата состојба е љубовта.

Автентичниот христијанин јасно ја разликува и суетноста на светот, текот и минливоста на времето, пропадливоста на материјалното, лажноста на „овде“ и на „сега“, варварството на човечките начини, грубоста на правилната логика. Затоа и постојано функционира „надвор“. „Живее на земјата, а е небесен државјанин“. Наместо сегашноста го живее крајот и наместо од овдешното се храни од небесното. Ова негово држење се храни од божествената надеж.

„Овие три: верата, надежта и љубовта“ (1 Кор. 13, 13), овие три нешта претставуваат темелот на автентичното искуство на секој христијанин. Овие три нешта ја сочинуваат „другата“ логика. Оваа логика го прави чувствителен и благороден по природа, префинет во начинот и дискретен во изборот. Станува ненаметлив, прозорлив, транспарентен. „Испитува сѐ, а него никој не го испитува“ (1 Кор. 2, 15). Но, во неговиот лик се одразува Бог (2 Кор. 3, 18), од него се рефлектира Неговата благодат. Го гледаш и исповедаш дека „жив е Господ“. Живее вистинскиот Бог. Оној кој телесно не се гледа, ниту се разбира со разум.

Истовремено е голем зашто секогаш е целосен, потполн и со сите. Покрај него ја живееш неговата оддалеченост, но чувствуваш дека си со него. Зашто „за да бидат едно“ (Јн. 17, 22) е негово лично доживување. Никогаш не е сам. Ниту пак, само со некои. Ниту со малкумина. Има место за сите. Во него зрачи Бог.

Оваа автентичност го прави христијанинот да не биде световно „современ“, површински имитатор и пасивен изразувач на навиките на епохата во која живее, туку да биде „современ“ со значење на воплотената вечна порака Божја во сегашноста. Тој ја воплотува традицијата на Црквата, но и образот на нејзинот есхатон. Всушност е човек кој ги спојува „античката убавина“ со „идната слава која треба да ни се открие“ (Рим. 8, 18). Убавина и слава кои не ја покажуваат само големината на човекот, туку повеќе се однесуваат на божествената убавина „за сите луѓе“ и на Троичното божество кое „славно се прослави“.

Автентичноста и вистинитоста, дури и да покажуваат слабости, недоволност, непотполност на човекот, го претставуваат патот кон совршенството и светоста. Наспроти тоа, лажното држење, компромисот и лажната разубавена слика, ја задушуваат енергијата на благодатта Божја и прават човекот да не биде учесник во тајната на Неговото божество.

Во оваа смисла, автентичниот човек не претставува само еден пример на морално совршенство, туку обично се преобразува во сад кој ги објавува догматските вистини. Христолошки ја живее својата психосоматика, хармонијата на човечката природа со неговата божествена цел. Тријадолошки ја живее трoдeлноста на неговата душа и заедницата на љубовта со браќата. Ја живее и ja објавува божествената икономија во целост: снисходењето на божественото вочовечување, објавувањето на Троица во крштението, светлоста и „чудесната промена“ на божественото преображение, откровенската длабочина и Божјата слава на Тајната вечера, кенозата на страдањата, обновувањето и промената на сѐ преку Воскресението, обожувањето на човечката природа преку Вознесението, излевањето на дарот на Светиот Дух на Педесетница, раѓањето и развојот на црковното привлекување во океанот на историјата и на крај чекањето на крајот.

Како што чистотата и девството на Богородица претставуваат основен услов за нејзиното учество во божествената икономија, на ист начин девственото држење, односно неговата автентичност го прави христијанинот способен да ја живее тајната на вочовечувањето.

Христијанин кој не cе трогнува од догматските искуства, кој не се просветлува од таинствени откровенија, кој не се „ранува“ од божествен копнеж, кој не се владее трансцендентно, кој не ги чувствува знаците на присуството Божјо, кој не се уверува во отпечатоците на Неговите енергии, го нема Божјиот печат врз себе. За него Бог е веројатност, апстрактно битие, виша сила, филозофското непознато, чувствен модел, пополнување на некоја психолошка празнина.

3.angeli.so.truba

Епилог

Најголемите библиски примери на автентично искуство за секој христијанин од секоја епоха се првосоздадените, рајот на детската душа и учениците Христови. Така, би можеле да речеме дека всушност, автентичен станува оној кој се враќа кон искуствата на првосоздадените, кон особините на малите деца и кон карактеристиките на учениците Христови. „Ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“. Овие зборови покажуваат дека враќањето кон овие состојби е закон за духовен живот и услов за спасение.

Автентичен е голиот, оној кој останува непокриен, незаштитен, без одбрана и штитови, како што биле првосоздадените пред падот; таков е невиниот, оној на кој може да му се верува, како што се малите деца; таков е едноставниот и неосквернет од високото знаење, како апостолите. Колку што повеќе смирено го разбираш своето незнаење – тоа што не го знаеш и тоа што имаш потешкотии да го научиш – толку поблиску се наоѓаш до чувството на тајната и до откривањето на вистинското знаење. Зашто знаењето е смирение и благодат, а не разбирање и способност.

Така, автентичен човек е оној кој не само што насекаде ја гледа раката Божја, туку секогаш го чувствува Неговиот допир. Таквиот се создава од Бога како и првосоздадените во рајот; се пресоздава, се преобразува, jа чувствува Неговата создателна благодат. Истовремено го чувствува и Неговото љубовно присуство, Неговата прегратка, како и малите деца (Мт. 18, 3), ја чувствува топлината на Неговата љубов. На крај, Бог му дозволува да Го допре, како и на апостолите! (Лк. 24, 39) Го истражува и постојано му се доверува.

Пресоздавањето води кон „преобразување на античката убавина“, кон тоа да се живее Божјото слово како лична состојба; прегратката го дава дарот на теологијата, а допирот ги потврдува верата и личното искуство.

„O, преславно чудо! Јован легна на градите од Словото, а Тома се удостои да го допре Неговото ребро! Првиот проникна во длабоката тајна на богословието, а вториот се удостои да нѐ упати во Неговиот план на спасението, бидејќи тој ни ги покажа јасно доказите за Неговото воскресение, велејќи: „Господ мој и Бог мој, слава Ти!“

Автентичен е оној на кого Бог може да му се открие.

Веројатно ова што беше кажано предизвика чувство дека е претерано. Можеби звучеше и разочарувачки. Толку сме туѓи, толку оддалечени од овие нешта! Но, истовремено сме и толку блиски, толку сродни. Човечката природа го има во себе сето ова. Црквата едноставно нѐ повикува да го запознаеме нашето битие, да го сретнеме нашиот почеток како луѓе, како личности, како христијани; да станеме необработени како првосоздадените, невини како малите деца и спонтани како учениците. Целта на оваа беседа не беше да претстави една состојба која треба да ја подражаваме – едно автентично искуство – туку да даде критериум за споредба и еден услов за смирение – еден автентичен став.

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-avtentichniot-i-lazhniot-hristijanski-opit-part-4/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 733
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »