логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

За коронавирусот, верата и осветителната Благодат на Црквата (31.03.2020 20:29)

По повод случувањата во последните денови – прекин на светите богослужби поради новопојавениот вирус, би сакале смирено да го изложиме ставот на Светата Црква за тоа дали се пренесуваат болести преку Светите Тајни или преку нејзините средства за осветување - поклонувањето на светите икони, целивањето на раката на свештениците, како и посетувањето на светите храмови.

 
1. Тајната на Божествената Евхаристија

 
Општопознато од полнотата на Црквата е дека болести не може да се пренесуваат преку Телото и Крвта Христови. Во тоа верува Светата Црква, а и праксата го докажува истото. Свештениците, кои повеќе децении служеле во болници за инфективни болести што биле силно заразни и неизлечиви во тоа време, никогаш не се разболувале.

Затоа, голема грешка беше практикувањето на еден свештеник од нашата митрополија, кој ги причестуваше верниците со лажички за една употреба.
 

2. Целивањето на рацете на свештениците и посетувањето на храмовите

 
Дискусијата во врска со ова прашање, исто така, содржи и една силна симболика, со оглед на времето во коешто се случува: втората недела од Великиот пост, во која го празнуваме споменот на свети Григориј Палама. Свети Григориј Палама ја изложил и посведочил со зборови и дела можноста за учество на човекот во несоздадените божествени енергии. Со своето отсуство од неделната служба, многумина од нас побрзаа да се застапат за ереста на Варлаам, кој ја одрекувал можноста за учество на човекот во несоздадените божествени енергии.

Свештеникот е човек – слаб, паднат, кој се подвизува во очистување на внатрешниот човек. Свештеникот, „облечен во благодатта на свештенството“, учествува и ги предава несоздадените божествени енергии преку тајната на свештенството, а не преку своето лично осветување.

Кога постои и лично осветување, се разбира, има двојна благодат. Кога ги целиваме рацете на свештениците, ние учествуваме во несоздадените Божји енергии и ја добиваме Божјата благодат според мерата на нашата вера и благочестивост.

Како што велеше преподобен Паисиј, кој имаше голема желба по Светата Литургија да ја целива раката на свештеникот што служел: „Свештеникот нема свои раце“.

Ако веруваме дека свештеникот може да пренесува болести (при целивање на неговата рака), тогаш се одрекуваме од благодатта на свештенството, се одрекуваме од Божјата благодат. Кога со нашите дела се сомневаме или ги отфрламе несоздадените Божји енергии, ние создаваме еден друг бог и се одрекуваме од вистинскиот Бог.

Истото важи и за светите храмови. Храмот е Тело на живиот Бог, и затоа ја има формата на човечко тело. И тоа не е само симболика. (Уште повеќе, што ние собрани, околу својот Епископ во храмот, веќе сме Тело Христово, и затоа и можеме да го свештенодејствуваме и да се причестиме со Телото Христово – заб. прев.).

Во Светата Црква формите и симболите имаат суштина, Вистина, и затоа ги чуваме. А вистината е дека светиот храм, како Тело Христово, не може да биде место за пренесување на болести.

Ако се сомневаме во тоа, значи се сомневаме и во постоењето на Божјата благодат во него. Го поистоветуваме храмот со која било конференциска сала.

Оваа дискусија завршува со голем проблем и со една тажна констатација. Проблемот е: Дали ние навистина веруваме во Бог? И ако веруваме, тогаш во кој бог?

Во еден варлаамски бог, создаден од нашата логика? Во еден бог, на кој му признаваме толку благодат, колку што може да се смести во нашиот беден ум?

Тажната констатација е дека, не разбирајќи и не сакајќи, хулиме на Светиот Дух. Страдаме од еретичко мудрување, а проповедаме Православие.

Хулиме на Светиот Дух и ризикуваме да не ни биде простено ниту овде, ниту во вечноста, штом се сомневаме во Неговата благодат.

Кога се плашиме да се поклониме на светите икони, да ја целиваме раката на свештеникот, да присуствуваме во храмот, ние на дело се одрекуваме од вистинската и осветителна благодат на Светиот Дух. Сметаме дека Светиот Дух може да ни предаде нешто „валкано или нечисто“ (види: Дела 10, 28), а тоа е голема хула.

Да исповедаме и со дела, како што исповедаме и со зборови, дека веруваме во постоењето на Божјата благодат во светите икони, во свештениците и во светите храмови.

Нашето учество во таа благодат зависи од нашата сопствена вера. Колку вера имаме, толку благодат добиваме.

Постоењето на благодатта, пак, не зависи од нашата сопствена вера. Бог, „Кој Е, и Кој бил, и Кој иде“ (Откр. 1, 4), не исчезнува поради тоа што ние не веруваме во Него.

Според погорекажаното, прекинувањето на светите богослужби со државен закон го примаме како Божја казна, бидејќи „согрешивме, беззаконувавме, вршевме неправда, ниту го сочувавме, ниту го вршевме она што ни го заповеда“ Господ.

Инаку, ние не го прифаќаме оправдувањето од страна на државата дека постои опасност од пренесување на болеста преку Светата Христова Црква и преку извршување на Светите Тајни во неа.

Неговото Блаженство, Архиепископот Атински и на цела Грција, г. Ероним, и Светиот Синод испратија писмо до министерот за образование и вероисповед и до главниот секретар на верските заедници во врска со оваа тема, за да ги исправат работите.

Накратко, невозможно е да се заразиме или да се разболиме од каква било болест од Светата Причест, од светите икони, од целивањето на рацете на свештениците и од светите храмови.

Ако со целото срце веруваме во постоењето на Божјата благодат во нив, изобилно ќе ја имаме Божјата благодат и во нашиот живот. Ако ја одрекуваме или се сомневаме во неа, страдаме од ереста на Варлаам и на иконоборците, т.е. се откажуваме од Бог и хулиме на Светиот Дух.

 
Затоа, да стоиме добро!

Да веруваме просто и правилно,

и благодатта на Бога и Отецот,

и заедницата на Светиот Дух

ќе бидат секогаш со сите нас.

Амин.
 

Митрополит на Едеса, Пела и Алмопија г. Јоил



Извор: www.doxologiainfonews.com

Преземено од:

http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=7252

 

 

 Друго:

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 745
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »