логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba


Испаѓа дека сакаме да Го изолираме Бога во еден агол за да немаме проблеми со Него, за да не се разгневи па да се разболиме, да не ни се случи нешто, оти понекогаш Бог ни треба. Затоа да не Го испуштаме, та кога ќе ни притреба да Го викнеме да дојде од аголот, или кога ќе умреме да не стави во рајот.

Не треба така, затоа и Христос ни вели дека не сака ладен однос, дека ќе го исплука оној што е студен. Бог сака да Го љубиме. Ама зарем не сме и ние како оние сопругите што доаѓаат и велат:

    Сфатив дека сопругот не ме љуби и јас не можам да го поднесам тоа!

Да, не прифаќаме другиот да нѐ љуби малку. Сакаме другиот да нѐ љуби безрезервно. Љубовта е неограничена сила, а колку повеќе, пак, Божјата љубов! Не можеш да Го љубиш Бога малку.  Ќе ми речеш:

    Сакам да Го љубам многу, но не можам! Не наоѓам сили!

Добро, сфаќам, сите се стремиме да Го љубиме Бога, но за жал секојдневниот живот ни покажува дека не Го љубиме толку колку што треба. Сепак се трудиме, во најлош случај, барем разбираме дека треба да Го љубиме Бога потполно. Барем теоретски да не згрешам, друго е во пракса, таму не наоѓам сили, но таму постои покајанието. Покајанието ќе не спаси на крајот, а не делата. Но кога и теоретски грешиме, тогаш сме достојни за сожалување. Да живееш цел живот во Црквата, да го водиш внучето во црква, да го причестуваш, да го тераш да се моли, да се исповеда, да чита книги за светии и ако посака да го подражава она што го чита, а ти од друга страна да се одметнуваш, тогаш, навистина, што да каже човек? Жално за твоите години, жално за обувките што си ги излижал одејќи во црква. Подобро да не одеше. Тие луѓе се многу полоши од другите.

Ви признавам дека сум сретнал религиозни, благочестиви луѓе, кои стануваа полоши и од демони, кога некој од семејството ќе решеше да напредува во духовниот живот. Сум гледал и луѓе далеку од Бога, кој ги примаа проблемите и изборот на своите деца со благородност и достоинство. Си велиш дека човек навистина може да оди во црква долги години, да остари на столицата во храмот а сепак да нема ништо во себе си што ќе потсетува на Евангелието и на Црквата. Каква е ползата од сите тие години? И да знаете, не е само овој краен случај што ви го кажав. Има и други случаи, во кој станува јасно дали Црквата се допрела до нас во сите тие години. Се сеќавам на еден старец на Света Гора, кој велеше:

    Се прашувам дали овој човек барем еднаш го прочитал Евангелието?

А стануваше збор претежно за свештеници и духовници кои се однесуваа така како никогаш да не го читале Евангелието. Бог да нѐ сочува и да нѐ сожали. Трагично е цел живот да стоиме во храмот а да не сме сфатиле зошто Христос стана човек – дека Он станал Човек за да нѐ привлече и да Го возљубиме. Сите тие светии на чии што празници одиме и чии што икони целиваме во храмовите во кои одиме, и чии житија читаме, не биле ништо друго освен луѓе како нас, кои Го возљубиле Бога со целото свое срце.

Исто не сме сфатиле и дека првата и единствена заповед не е да станеш добар човек, ниту да станеш добро дете, туку да Го возљубиш Бога со целото свое срце. Може да сум голем грешник, да сум лош, но да Го љубам Бога и да се покајувам постојано пред Него за делата со кои Го ранувам. А можам и да сум пристоен, но да не Го љубам Бога, туку да ги љубам своите страсти, да сум се прилепил кон страстите и кога ќе настане судир помеѓу Бога и моите страсти, гледам дека претпочитам да Го истуркам Бога и да ги поставам страстите пред Него. Тука станува збор за било која страст – сластољубие, среброљубие, нашите пороци и ништожности. Навистина таквиот човек е најтрагичната фигура што може да постои – со години да е во храмот и ни малку да не ја сфатил целта поради која Христос воопшто станал Човек, бидејќи се прашува:

    Ама зошто некој го прави тоа, зарем не би можел да прави нешто друго? Бог бара едно, бара друго…

Бог ништо не бара, што би барал од нас? Само едно – нашето спасение. Оттука па натаму, како ќе го оствариме нашето спасение е прашање на сопствениот избор.

(Продолжува…)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 742
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »