логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  3.angeli.so.truba

Молчење
За три предмети не брзај да зборуваш:
За Бога – додека не ја утврдиш верата во Него,
За туѓиот грев – додека не се сетиш на својот, и
За утрешниот ден – додека не се раздени.

Пилатова правда
За каква правда ти зборуваш? Не ли не задолжува Бог секојдневно повеќе отколку што можеме да му палтиме? Па сепак Бог не се жали за невраќањето.
За какви закони ти зборуваш? Кој не е во состојба да го исполни ниту оној минимум должност кој од него го бараат законите, не може да се нарече граѓанин, уште помалку херој, а најмалку светител.
Ерусалимските граѓани, на чело со Пилат, нема да одговараат за неисполнување на државните закони, туку ќе одговараат за распети на Бога.
Кога човекот ќе ги исполни сите закони, тогаш мпже да рече: го престигнав животното. Бидејќи животното прецизно живее според одредените за него закони. Оној кој не го достигнал животното, како ќе го достигне Бога?

Вистината е најблизок роднина
Ако ја бараш вистината со љубов, и заради љубовта, таа ќе ти го покаже своето лице во толкав сјај, колку што можеш да поднесеш, а да не изгориш.
И во мираз ќе ти донесе се што ти е потребно. Но ти ќе одмавнеш со раката преку се, бидејќи ќе почувствуваш, дека се ти е непотребно вон сјајното и слатко лице на вистината.
И кога во темнината на светот ќе го изгубиш од вид лицето на вистината за час, ќе се почувствуваш тажен дури и меѓу најблиските роднини и најдобрите пријатели. Како детето кога е во соба полна со браќата и сестрите, но во отсуство на мајката! Поблизок роднина на детето е отсутната мајка од сите присутни браќа и сестри. Така и ти ќе почувствуваш, дека поблизок роднина ти е вистината која е преку три света, отколку браќата и сестрите со кои вечераш на иста трпеза.

Што и да ткаеш, врзувај ги конците за небото
Сите твои дела кои ги правиш не во име на Небото и без дозвола на Небото, ќе ти донесат горчлив плод, бидејќи Небото нема да ги залее со благодатниот дожд, ниту ќе ги осветли со својата животворна светлина.
Што и да намеруваш, слушни го советот од Небото.
Што и да ткаеш, врзувај ги конците за небото.

Прошетај ги мислите по небото
Твоите мисли кои нема да се прошетаат по небото, остануваат неразвиени и болни.
Твоите зборови кој не удираат по небото, остануваат без ехо и ќе бидат како тркалање на камења кои задаваат страв за околината и не носат никаква благодет на долината.

Вера и вера
Што повеќе невера во неверните, тоа посилна вера во верните.
Изгонувајќи ја добрата вера од себе неверните остануваат со лошата вера. Изгонета, пак, добрата вера од нив низ невидливи патишта преоѓа во верните.
Изгонувајќи ја лошата вера од себе верните остануваат само со добрата вера. Изгонета, пак, лошата вера од нив низ невидливи патишта преоѓа во верните. Што повеќе се размножува лошата вера, толку повеќе добрата вера добива во силина. И обратно. И така, од секогаш и до век иста е мерата на верата во светот.
Значи, не плаши се за верата во Бога. Никогаш не се плаши од оној од кого Бог не се плаши.

Клетва и благослов
Труди се на луѓето да им го правиш тоа за што на почеток ќе те проколнуваат, но на крајот ќе те благословуваат, а никогаш тоа за што на почетокот ќе те благословуваат, но на крајот ќе те проколнуваат.
Царот Нерон во почеток ја благословувал мајка си, која го охрабрувала на патот на порокот, но на крајот на краиштата, кога порокот го довел до амбисот, тој ја проколнувал.
Детето во санката на мразот ќе ти биде благодарно ако го потурнеш одзади, но кога ќе се лизне во пропаста, ќе те смета тебе за причинител на неговата несреќа и ќе те проколнува.
Грешниците ќе те обсипуваат со похалби, ако ги правдаш нивните гревови, но тогаш не оди им блиску до нивната смртна постела.

Себичност и хероизам
Биди неповерлив кон теориите и разговорите за законот на себичноста. Не постои никаков закон на себичност. Бог е присутен во вселената и луѓето се Божји сој.
Човекот кој скока во водата за да го спаси давеникот, со еден потез ги уништува сите такви теории и гизамолчува таквите разговори.

Користен човек
Не е секогаш најкористен за народот оној човек кој е најугледен и кого го слуша сиот народ, но многу често оној кој  сокриен како совеста се моли на Бога за народот и кого Бог го слуша.

Несреќа
Несреќата која Бог ја допушта врз нас е подобра од среќата која сами себе си ја градиме. На своите верни Бог секогаш благоразумно им допушта несреќа. Тоа е глас на пријателот кој во полноќта му вика на заспаниот: гори пожар! Мудриот ја остава запалената куќа да изгори и бега за да остане жив. А лудиот се жали сред огнот и чека и тој да изгори во пламенот.

Лагата одделува од Бога
Од Бога не не одделува вистината туку лагата и само лагата. Да се каже дека вистината не одделува од Бога значи исто што и да речеме дека Бог не одделува од Бога.
Лажните мисли и лажните зборови, лажните чувства и лажните посакувања – тоа е сумата на лагата која не одведува кон небитието, илузијата и богоодеркувањето. Од твојот пат на пропаста, нема враќање без големиот земјотрес во човечовиот живот, кога човекот паѓа на земјата како слеп, како Савле и кога Бог го подигнува од правот и немоќта и му ги отвара очите за другиот пат.

Еднаквост
Бог не е Бог на еднаквоста, туку Бог на љубовта.
Еднаквоста би ја исклучила сета правда и сета љубов – би го исклучила сиот морал.
Ја сака ли мажот својата жена заради еднаквост?
Мајката го сака ли своето дете заради еднаквоста?
Пријателот го љуби ли пријателот заради еднаквоста?
Нееднаквоста е основа на правдата и потикнувач на љубовта.
Додека трае љубовта, никој не зане за еднаквоста.
Додека царува правдата, никој не зборува за еднаквост.
Кога ќе се загуби љубовта, луѓето зборуваат за правда, и мислат на еднаквоста.
Кога со љубовта ќе исчезне и правдата, луѓето зборуваат за еднаквоста и мислат на неморалот. Односно, кога исчезнува моралот, него го заменува неморалот.
Од гробот на љубовта изникнува правдата, од гробот на правдата изникнува еднаквоста.

Подготви: А. И.

Друго:

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 741
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »