логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 starecJosif.Bratstvo.jpg

Бог секогаш ја услишува молитвата на сите, а празнословието го одвраќа, дури и да наликува на духовно


Ми објаснуваш за Старецот дека сака да се поклони на Света Гора. Ќе направи добро и свето дело. Сепак, само нека не смета на мене, да мисли дека ме познава или дека постојам во овој живот. Зашто живеам во апсолутна исихија, со поинаков ред од вообичаениот. И затоа ќе биде тешко да ме сретне. Вратата постојано е затворена, освен во одредени часови. Што и да побара, можам да му помогнам преку браќата, и според долгот, и од љубов. Да ја отворам вратата, да прозборам, да ја загубам мојата молитва и тихување, тоа не доаѓа предвид.

            Освен ако има потреба во часот што јас ќе го одредам. Бидејќи моите часови се строго определени. За да зборувам ноќта еден или два часа, треба да се одречам од сè по малку.

            И ова го пишувам за да се извинам пред да соблазнам. Имам таква навикам, сите мои дела и зборови да бидат чисти како огледало. Со збор и на дело. Ниту, во мислите не му давам основа за сомнеж некому. Многумина дојдоа од различни места без да побараат да го научат редот којшто го имаме утврдено, така што, бидејќи не ги примив се соблазнија. Но, и тука, сите соседи се против мене, зашто не им отворам. Сепак, јас не се затворив за да се соблазнуваат отците, туку извежбан толку години, видов дека немам никаква полза од тие љубовни изливи, само душата си ја расипувам без да ми користи. Заради тоа на сите им ја затворив вратата засекогаш и се смирив.

            Сега не отворам никому. Ниту пак, имам резервна соба за некој намерник. Ако дојде некој од далеку, треба да дојде наутро кога отците работат. И ако има потреба, чека во собата на нашите свештеници. Бидејќи и во саботите и во неделите и за празниците одржуваме литургии. Доаѓа нашиот свештеник, ни богослужи и нè причестува.

Како што реков, за да не се случи соблазна, по Бог трчам, воопшто не ми е грижа што ќе речат луѓето. Па дури и да ме навредат, и да ме понижат и да ме обесчестат, и сето создание да се втури против мене. Зашто видов и на многу начини искусив дека ако благодатта Божја не го просветли човекот, и непрестајно да зборуваш, не ќе има полза од зборовите. Човекот ги слуша во моментот, но, потоа, повторно заробен се враќа на истото ниво. Ако пак, заедно со зборот подејствува и благодатта, тогаш во истиот миг се случува промена, според добрата намера на човекот. Од тој миг си го менува животот. Сепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште не се скаменети. Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на Отците да ја испразниш во нивните уши, и чуда пред нивните очи да направиш, дури и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка корист нема да добијат. Тие само сакаат да доаѓаат, да зборуваат, да им помине времето, само заради унинието. Поради тоа, јас си ја затворам вратата и барем јас имам корист преку тихувањето и преку молитвата. Бог секогаш ја услишува молитвата за сите, а празнословието го одвраќа, дури и да изгледа дека е духовно. Бидејќи празнословието главно, се состои во тоа, да го поминуваш времето во зборови без да ги оделотвориш.

Значи, не се осврнувајте на нивните зборови, ако немаат опит. Оној што не направил обид, треба да проба, така што преку опитот ќе го најде она што му недостига.

Опитот не се купува! Тоа е добивка секому посебно, според трудот и крвта што ќе ги вложи за да се здобие со него. Верувајте, сестри мои, голем е напорот во монашкиот живот. Не застанав и не застанувам дење и ноќе да повикувам и да барам милост. И се доближувам до очај, како ништо да не сум сторил, и како никогаш да не сум започнал.

Но секојдневно почнувајќи, лажлив и грешен сум. Сепак, вие подражавајте ги разумните девојки, повикувајте умно призивајќи ја Божјата милост, зашто дојде крајот за нас. Можеби заврши мирот. Значи и ние сме со оние што се упокоија. Затоа, присилувајте се! За сега доволно е ова што го реков. Во другото писмо повторно ќе ви напишам, ако кажаното роди плод и ако покажете усрдност. Сега ми е жал, единствено за мајката на младата монахиња, којашто, како што пишувате зборува лошо и негодува. За жал, многу мајки ги загубија своите деца заради негодувањето, бидејќи не Му ги посветија на Христос од душа. Децата се спасуваат од благодатта Христова, а тие се оддалечуваат  од нив.

Вие пак, и покрај сè, имајте трпение и не се затемнувајте од тоа што тие го говорат. По појавата на благодатта Божја, времето ќе ве исцели. И таа подоцна ќе се покае. Ќе ѝ биде жал за она што сега го зборува и го прави. Но, сега треба да ја трпиме. Потребна е вистинска љубов и крајно молчење. Што и да речат, вашите одговори да бидат одмерени. И кога зборувате, умно да се молите, вашите зборови да се облекуваат со сила одозгора. Ти пак, благословена Старице, собери сè со расудување и биди широкограда!

Старец Јосиф Спилеот

Библиотека: Слово од Водоча

 Старец Јосиф Спилеот- „Исихастички сведоштва “

Превод од грчки: Митрополит Струмички г. Наум

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 745
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »