логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кога тетката ќе стивне...




Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.


Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.

Недела на Прочка

Навалија денови тешки, тмурни, неизвесни. Денови кога домашните нѐ делат на вакви и такви, а пак странците нè множат со нула. Денови кога брат на брата не нож, ами "бомба" вади. Денови кога револтот и пизмата едниот го води, а другиот како ѕвер жилаво да опстане се бори, и повлекува сѐ со себе.

Денови кога моралот пет пари не вреди и кога се тешиме дека сепак едното од двете понудени зла е помало. Денови кога ни демант ни пак цврста осуда на едното или другото не чувме, туку само тивко и срамежливо мајтап меѓусебно си тераме со она што го чувме затскриено и со страв и на наша глава да не ни дојде нешто слично.

Стравот лозјето го чува. А и каменот велат од блиску доаѓа, а немој некој меѓу нас да не е наш, па...

И во цела оваа напнатост, минуваат денови. Карневалите понудуја можност за краткотрјано бегство од сивата реалност под колоритните маски. Но и тие минаја поминаја.

Утрото повторно студенилото на гнилата реалност, добредојде ни посакува.

Конечно Поклади, Прочка.

Во надеж дека барем на момент напнатоста ќе спласне и мирот ќе ѕирне и кај нас, ја дочекав со радост.

Но, дојде и помина Прочката.

За прошка побарана и дадена помеѓу завојуваните, нит чувме, нит ќе чуеме. Ама чувме уште серија обвинувања и на двете страни и ветувања дека ќе се оди до крај. Брејк не кажува дали крајот така мириса. Но секако мириса на неизвесност. А таа пак пустата најмногу убива и немир раѓа.

Понеделник - сабота од првата седмица на Велигденскиот пост

И во целиот овој надворешен немир кој во секоја душа и во секое срце се вселува, човек помислува дека ќе не сомеле сите, оти нема кај да бегаме. Гледаме дека е насекаде околу нас, но треба да знаеме и дека не е сѐ изгубено. Има уште оази на духовен мир.

Манастирот како антисвет со изолираноста и спокојот станува мој привремен дом, како што годиниве наназад откако сум владика и откако не живеам таму, практикувам да се повлечам во почетокот на Великите пости.

И се радувам што дојдоа овие мои 7 - 8 дена кога исклучувам телефон, ФБ. Кога во манастирот не мислам на светот, кога сум сам со себе, со браќата со кои сме ги правеле првите чекори во монаштвото и со оние кои ги прават допрва своите први, со Бога.

Така имам можност да се вратам со години наназад и да си спомнувам и да му се радувам на монашкиот живот, на монашкиот спокој. Да влезам радосно во подвигот на постот, на тримирот (тридневното невкусување на храна и вода). Хибернација, што би рекле биолозите.

И грижите за сѐ спласнуваат. Не можеш и не сакаш да размислуваш за светската и домашна дестабилизација, за грчката криза и за Путиновите инаети и желби, за Обамините одлуки, за протести и контра протести, за мк анонимуси...

Размислуваш само и се молиш на Бога да те укрепи во подвигот, да издржиш до средата попладне, да се причестиш со Телото и Крвта Христови, па да ѝ се израдуваш на капката вода како на најскап пијалок и да ја цениш повеќе од сѐ, затоа што животот ти го враќа. Да и се израдуваш на сувата корка леб која е послатка и од специјалитетите на Џејми Оливер. Заспиваш и се будиш со насмевка на лицето бидејќи си сонувал како јадеш леблебии, локум, маслинка...

Редовните служби проткаени со прекрасни молитви те опоменуваат дека суетноста те одалечила од Бога. Канонот на св. Андреј Критски стотици примери на покајание ни дава, на кого треба да се угледаме, а од што да се клониме и да се чуваме поучува:

Од каде да започнам да ги оплакувам делата на бедниот живот мој? И што да поставам како почеток на плачот мој сегашен, Христе? Но како Благоутробен, дај ми прошка на гревовите.

И уште:

Праведно Адам од Едемот беше изгонет, Спасе, нѐ запазувајќи една заповест Твоја: како ли јас ќе пострадам, постојано отфрлајќи ги животворните зборови Твои?

Слушаш, се препознаваш, се каеш, се трудиш да не погрешиш пак, се молиш да не бидеш воведен во искушение пак и пак, кога за некој ден ќе се вратиш во светот поради обврските кои те чекаат, да пробаш што подолго да останеш на нозе, да не те повлече брзата река на секојдневието и секојдневното осудување на мнозина твои ближни, пријатели и непријатели.

Се трудам да ја задржам што подолго пред очи фреската на светиот Ефрем Сирин со неговата великопосна молитва која постојано на трезвеноумие и на неосудување повикува:

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на леност, безволност, властољубие и празнословие.

Дарувај ми, пак, како на Твој раб, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.
Еј Господи, Цару, дај ми да ги согледам своите прегрешенија, за да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вечни векови.

Амин.

Недела ( на Православието)

По молитвите на св. Ефрем... Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.

Ова затоа што тука завршува мојот off за годинава. Ги вклучувам сите мои елекронски гаџети и сите апликации за комуникација на нив. Ќе ја одморам тетката што деновиве постојано ви кажуваше дека претплатникот не е достапен во моментов.

Им благодарам на отците од Ново Село што ме трпеа деновиве и што на посната трпеза во средата покрај толкуте посни а вкусни јадења направија да се почувствувам како да дошол Велигден.

Всушност тоа е стара монашка шега, кога ќе се издржи Тримирот и кога ќе ја вкусиш првата храна да кажеш: ете го првиот Велигден.

П. С.

И кога ќе го читате ова драги мои и ќе се чудите која е смислата на покајанието, молитвата и постот, и кога ќе говорат некои од вас дека постот е бесмислен, дека треба само да се чуваме од лоши дела, зборови и помисли а не да се воздржуваме од храна, отците во манасирот правејќи метании ќе погледнуваат постојано кон фреската на светиот Исак Сирин и ќе ја читаат поуката негова испишана на тоболецот во неговите раце:

Во сецелото наше служење, Бог ги сака и видливите начини на изразување богобојазливост.

И секогаш чувајќи ги и практикувајќи ги тие видливи дела на богобојазливост ќе ни сведочат дека нашата утеха доаѓа од Бога, а осудата и чудењето - од луѓето.

Можеби некој ќе се дрзне и ќе ги осуди дека не биле доволно храбри да се соочат со искушенијата на животот па кукавички заминале во манастир.

Разбијте ги стереотипите.

Православието учи дека искушенијата никогаш не исчезнуваат, само го менуваат обликот.

Манастирот не е место за бегање од животот, туку напротив за соочување со него. За откривање на неговата едноставност, за ценење на вистинските вредности како во примерот со капката вода и корката леб, наместо фотелјата за владеење и уживање и камшикот за сеење страв.

O. Pimen

Извор: http://off.net.mk/bavchi/pimen/tolku-od-off



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »