логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

презвитер Горан Стојчевски


ВСЕЛЕНАТА КАКО МИТ


Се наметна и текстов да го напишам, малку изобилува со термини од научната фанатстика, но добро се разбираат. Кој е поводот? Поводот е вадење од контекст на една мисла од дедо Кирил, и продолжува со некакви наводни митови за МПЦ кои треба да се срушат или се рушат. Пресвета Богородица итрите мајстори на буквата ги победи само со едноставното: нека биде вољата Твоја Господи, нека ми биде според зборовите Твои (Лука 1,38). Не знам кои се тие митови кога МПЦ-ОА е реалност, историјатот на таа наша реалност што ја живееме никако не е без вољата Божја, оти влакно од косата наша не паѓа без Неговата воља, а не пак возобновување на Црква или држава. Ама, не се исполнила вољата на соседите и ете, проблем... ако вољата Божја е спротивна на нашата, а не ја прифатиме со смиреност како Пресвата Дева, тогаш се раѓаат фрустрации како кај фарисеите и садукеите и веднаш фрустрациите погрешно се  лечат, со буквата наместо со духот. Но, ако љубов немаме тогаш сме бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи...и така ако зборуваме со научниот критериум или надворешниот па нека се викал и свето богословие или што вели нашиот свет апостол, да зборувам на сите човечки јазици, па дури и ангелски, штом љубов немам, ништо не сум.

Мене ми е жал што и покрај Дванаесетте страдални евангелија пак сакаме да приредуваме страданија на ближниот т.е. на Христос и пак наместо христијански и со воскресна радост, пак нашите зборови ѕвонат или ѕвечат наместо да бидат симфонија. И сите свети канони на Православната Црква да се изрецитираат и се тотемизираат во Закон (Гал. 3,10), сепак ако го немаме внатрешниот критериум познат во Црквата како аскетско-исихастички, што значи очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение, без овој внатрешен критериум нема Православие, вели свети Григориј Палама, кој исто така сведочи дека на секој збор со збор можеш да му се спротиставиш, но на делото во Христа тешко дека ќе му се спротиставиш, освен се разбира со друго дело во Христа, а Христос е пак Љубов, Пат, Вистина и Живот...каде кажал дека е канон, обичај... и јасно вели дека е исполнување на Законот и Пророците и таа полнота на словото е со љубов кон Бога и ближниот (Лука 10,27). Светиите ја бранеле чистота на Православната вера и каноните со живот, не со цитирање на истите, оти Спасителот дојде не да го осуди светот, туку светот да се спаси преку Него. И, еве според надворешниот критериум ако сакате, МПЦ-ОА не го измисли етнофилетизмот и национализмот во Црквата, прашајте онаму каде што тресеа томоси во 19 и 20 век според сопствени интереси кои го исклучуваа Божјиот интерес, Кој, талантите т.е. благодатта на Светиот Дух која е правда, мир и радост  и бара да ја прибере со добивка од нас со преумножување во подвигот на љубовта и жртвувањето за другиот, а не жртвувањето на другиот.

 И сега, СФ, Вселенска црква, бре кој термин...схоластички, а инаку се мисли на Црквата Христова распослана во секој град возглавена од епископ кој ја држи и православно ја исповеда верата во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква и претходно и после сé друго во Символот. И сега што е појако верата или буквата, ама поверува Авраам и му се прими за оправдание (Гал.3,6), а пак верата без дела е мртва (Јаков 2,26)...ниту томоси, ниту скутери..тоа е. Ако сакате да се качите на Ентерпрајз да се повозите повелете, нуклеарно време е, доста конвенционало се зборува, време е да се помине на сведоштво за она што се зборува. Поручникот оној со визирот, ослепе од светлината на енергијата што го движеше бродот Ентерпрајз, и му дадоа визир да носи за да може да гледа, ете така и ние целта наша е обожение за да ја видиме Светлината Христова, молитвата со името Христово е штитот на бродот и ако не е постојана штитот ќе попушти и членовите на екипажот ќе бидат во опасност од оние хуманоидни суштества кои изгледаат  како демони и се делат по националност и етничка припадност Клингонци, Ромуланци, Вулканци... Но, енергијата на бродот со која се храни е силна и се потпира на светлината, како и ние во Причеста кога се храниме со Телото и Крвта Христови, и очистени од страстите, просветлени со умот можеме да пуштиме едно фотонско (светлосно) торпедо на непријателите, а тоа торпедо е полно со несоздадена благодат и љубов, најсилното оружје на Црквата.

Простете малку несериозно од моја страна, но ете, просто човек опрелестува кога се темели на термини и се уфилмува, а не ја бара енергијата која секој ден се излева врз нас и ни вели, сведочи за Христа со љубов, со трпение спасувајте си ги вашите души (Лк.21,19). Христос не е мит, никогаш и не бил, Он е сé во се, сé и во сите, па и во МПЦ-ОА.
И да звршам со парафраза на зборовите на упокениот наш митрополит Кирил, македонската црква е нашата македонска душа. Во слава Христова, и тоа е.

П.С. Наредниот Вселенски собор што се спомнува, како што стојат работите нема да излезе од тој надворешен критериум на спознавање, но затоа, Духот Божји дише каде што сака (Јн.3,8), кој има уши, ќе чуе. Нареден пат ако треба и стрип ќе нацртаме за појасно.

 

Преминпортал

22-ри април. Лето Господово 2015



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »