логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Sedmocislenici.Bog.Kicensko.jpg

СЕДМОЧИСЛЕНИЦИ

Кој може да ви искаже достојна похвала? Вие се појавивте рамни на небото и се’ поднебесно изодивте со своите стапки и сиот свет го огреавте...
Благословен да е вашиот јазик со кој сте ги насеале духовните зборови, за спасение на безбројните народи. Вие сте примиле од Бога Боговдаховени дарови, темнината на незнањето од секаде сте ја растерале, на сите сте им покажале пример со себеси, од устата духовна сладост сте источиле...

                                             Од Похвалното слово за Кирил и Методиј,
                                              од Климент Охридски


И годинава со огласувањето на камбаните во сите цркви насекаде низ Република Македонија и насекаде низ светот каде што се нашинците, Македонската православна црква на 9-ти август свечено ќе го чевствува празникот на Седмочислениците, денот и споменот на своите заштитници Светите сесловенски просветители Кирил и Методиј и нивните ученици Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Овие црковните дејци, но бездруго и многу повеќе од тоа, “како аргати на лозје, откако ја споделија дневната мака и горештина, заедно со оние што дошле во единаесеттиот час, што беа удостоени во иста мерка со Божја благодат, така во последниот век, на истото дело дојдоа нови проповедници и светила на целата вселена, и тие со добар подвиг и цврста вера, поминаа како сонце, осветлувајќи ги темните места со своите стапки, и разгонуваа со духовен оган секоја еретичка и паганска магла, не поштедувајќи ги ни своите тела, ни своите души, секогаш борејќи се за правата вера “ – вели плодот за плодотворите, Климент Охридски. Измачувани, гонети и затварани, незнабожтвото на овие простори овие духовните дејци го претопија во описменување преку благовестењето за Светото Тројство на јазикот на нашите предци. Со тој чин, со тоа епохално, свето дело тие во историјата на нашиот народ го направија судбоносниот чекор без кој денес многу тешко би можело да се замисли општествено-духовниот развој како на нашиот, така и на целиот словенски род.
Навистина тешко е да се одгатне дали воопшто овој народ би бил ова што е денес и дали неговиот духовен развој би се одвивал во насоката која не донесе овде, каде што сме а каде Светите не насочија преку благовеста на Светото Писмо во тоа бурно историско премрежје за нас Словените кои тогаш, тек одделени и разединети во потрагата за подобра егзистенција се сплотивме во едно ново духовно единство кое ги надмина границите, бариерите и асимилациите што тогаш не делеа, разнебитуваа.    
Овие Божји војници храбро изгонувајќи ја тријазичната ерес на оние кои велеа дека е достојно Бог да се слави само на елински, латински и еврејски, увидувајќи ја потребата од сопствено слово на сплотеното словенско стадо, мисија - ехо кое одекна од искажаното многу пред тоа преку зборовите на апостолот Павле “повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.” 1 Кор. 14.19, не дозволија овој народ да се претопи, туку за него, за својот род, ја создадоа првата азбука глаголицата, во чиј корен длабоко е врежан јазикот на нашите предци, на јужните словени – македонците, и на неа го преведоа Светото Писмо, а црковните книги на црковно-словенски јазик на кој и денес се слави Бога.
Токму пред овие Свети со најдлабока почит се поклонуваме и векови ги чевствуваме. И токму денес, ни малку не отстапувајќи од славниот спомен на нивното дело, на ним, Светите Седмочисленици Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, застапници на родот чија рожба сме, повторно им се молиме - молете го Бога за нас грешните. 
      
             Наташа Деспотовска Димитриевска

Лето Господово 2011



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

« »