логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Затоа, Тој ни дава правила, како што рекол, кои нè очистуваат од нашите страсти и оние зли склоности кои доаѓаат од нашиот внатрешен човек.  Тој му дарува сила на внатрешниот човек да разликува добро од зло, го отрезнува, му покажува причини од каде доаѓа гревот и нè поучува: „Законот вели – ’Не прави прељуба‘“, но Јас ви велам – немој ни да посакаш; Законот вели – ’не убивај‘, но Јас ви велам – немој ни да се гневиш.  Бидејќи ако имаш страстна желба, па дури и ако не ја извршиш прељубата денес, похотта нема да престане да ти смета одвнатре сè додека не те турне да го извршиш делото. Ако се гневиш и се раздразнуваш против својот брат, ако го удриш или зборуваш лошо за него, малку по малку ќе дојдеш до убиство. Повторно Законот вели: „Око за око, заб за заб“,  итн. Но нашиот Бог нè советува не само трпеливо да го поднесеме ударот, туку смирено да го свртиме и другиот образ.  Така намерата на Законот е да нè научи да не им го правиме на другите она од што не би сакале да страдаме; и затоа нè попречувал од правењето зло од кое и ние самите би посрадале. Тоа што сега се бара е, како што реков, да го отфрлиме мразењето, сластољубието, славољубието и останатите страсти.


    Повторувам дека целта на Христос, нашиот Владика, е да нè научи зошто сме паднале во сите наши гревови; односно како сме паднале во зло. На почеток, Тој нè ослободува преку светото Крштевање, како што реков, проштевајќи ни ги гревовите и дарувајќи ни власт, ако сакаме, да правиме добро, и повеќе да не бидеме присилно влечени на зло. Бидејќи, оној кој е поробен од гревовите, е оптеретен и влечен надолу од нив. Како што е напишано: „Секој се фаќа во своите беззаконија“.  Потоа Тој нè учи како со помош на светите заповеди да се чистиме од нашите страсти за да не западнеме во истите гревови. Конечно, Тој ни ја покажува причината заради која ние доаѓаме до занемарување и непослушност кон Божјите заповеди, но и ни дава лек како да станеме послушни и како би се спасиле. Каков е тој лек и која е причината заради нашето презирање на заповедите? Чујте што говори самиот наш Бог: „Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за душите ваши“.  Ете, овде накратко, во една реченица, ни го покажал коренот и причината на сето зло и лекот од нив, поточно причината на сите добра. Исто така ни покажал дека претенциозноста (кон гордост) нè совладала и дека ќе бидеме помилувани ако го правиме спротивното, односно преку понизноста; бидејќи, претенциозноста раѓа презир и непослушност и пропаст, а додека понизноста раѓа послушност и спасение на душите. Говорам за онаа вистинска понизност која не е кротост само по зборовите или во надворешноста, туку онаа понизност која е длабоко во самото срце;  затоа и вели: „Јас сум кроток и смирен по срце“.


    Секој кој сака да најде вистинско спокојство за душата своја, нека се научи на смирение и нека забележи дека во него е сета радост и секаква слава, секакво спокојство, како што и во гордоста е сè спротивно. Од каде е сета оваа беда што дошла до нас? Нели е заради нашата гордост? Нели е заради тоа што ја следиме нашата слободна волја? Нели е заради тоа што држиме лутината во нас? Но како дојде до ова? Зар човекот не е создаден во сета удобност, во сета радост, во сиот мир, во сета слава? Зар не бил во Рајот? Да, но бил исфрлен оттаму. Зошто? Бог му рекол да не го прави тоа, а тој токму тоа го сторил. Забележуваш ли гордост, тврдоглавост, непокорност? И потоа Бог рекол, човекот е луд; тој не знае како да се радува. Ако не помине низ тешки времиња ќе отиде уште подалеку и целосно ќе загине. Доколку не се научи што е жалост, нема да осознае што е спокојство. Тогаш Бог му го дал она што го заслужил и го протерал од Рајот. И човекот бил оставен на својата волја и на својата желба за да му се скршат коските и да се научи да не се потпира на себе, туку на заповедите Божји; и така учејќи се од последиците на непослушноста би го поучило на послушност, како што е кажано кај пророкот: „Ќе те казни отстапувањето твое“.  Сепак, Божјата благост, како што реков неколку пати, не го презрела своето создание, но го тера на послушност и го повукува: „Дојдете кај мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“  – како да сака да каже: Гледате како треба да работите! Ја гледате вашата беда што ја носите на себе! Го искусивте злото на вашата непокорност. Но, одете и сменете ги вашите патишта, спознајте ја вашата немоќ за да влезете во спокојство и ваша слава. Оживотворете се преку смиреноумие наместо високоумие со кое се умртвивте. Научете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за душите ваши.


    Гледате браќа што може да направи гордоста! Но, гледате, пак, што прави смирението! Што било потребно за сето ова искривување? Ако човекот од почетокот се понизил, Го послушал Бога и се покорувал на Неговите заповедите, тој не би паднал. Но Бог повторно, иако Адам згрешил, му дал можност да се покае и да биде помилуван, но неговата тврдоглавост го оставила непокајан. А Бог му се доближил и му рекол: „Адаме, каде си“,  односно од каква слава на што си дошол? Не си ли засрамен? Зошто згреши? Зошто отстапи (од заповедта)? – поттикнувајќи го да одговори: „Прости ми“! Но немало знак на понизност. Немало покајание, туку напротив, тој противречи: „Жената, која ми ја даде Ти“  – забележувате Ти, а не ’мојата жена‘ – ’ме прелажа‘, односно како да кажал: „Тоа е беда која Ти ми ја смести во мојата глава“. Така е, браќа мои, кога човек не се држи до самоукорување, но не се колеба да Го осуди Бога. Потоа Бог доаѓа до Ева и вели: „Зошто не ја чуваше заповедта што ти ја дадов?, односно како да ѝ рекол: „Кажи барем ти, прости, за да се смири твојата душа и да бидеш помилувана“. Но, повторно нема барање прошка. Таа само рекла: „Змијата ме измами!“,  односно сакала да каже, што имам јас со тоа? Што правите вие бедници? Покајте се, признајте ја вашата вина, зажалете за вашата голотија. Но ниту еден од нив не се себепрекорил, ниту пак најмалку се забележала понизност кај нив.


    И така сега гледате до каде дошла нашата состојба! Гледате колку многу и какви зла донело до нас ова самооправдување, ова држење до својата волја, оваа своеглавост. Сето ова било производ на таа опачка горделивост кон Бога. Додека делата на смирението се самопрекорувањето, недоверба кон своите чувства, мразење на својата волја. А преку овие човекот е достоен да се избави, односно да се врати во природната состојба, преку очистување со светите Христови заповеди. Без смирение е невозможно да се покорувате на заповедите или да дојдете до сè што е добро. Како што кажал авва Марко: „Без понизно срце е невозможно да се избегне злото и да се здобие добродетел“.  Така, преку понизноста на срцето, се држите до заповедите, се избавувате од зло, се здобивате со добродетел, и што е најважно ви се враќа спокојството. Знаејќи го ова, светите луѓе на некој начин се вежбале со смирение за да се соединат со Бога. Според тоа, постанувајќи блиски на Бога, биле способни, по светото Крштевање, не само што го пресекле делувањето на гревовите кои доаѓаат од страстите, но исто така ги победиле самите страсти и постанале бестрастни. Такви биле свети Антониј, свети Пахомиј и останатите богоносни отци.


    Тие тежнееле да се очистат, како што вели апостолот, од „секаква нечистотија на телото и духот“,  бидејќи знаеле ако ги чуваат заповедите се чисти душата и се просветлува умот, и така се доаѓа до природна состојба. „Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите“.  Тие сфатиле дека не било возможно, без неволји, да напредуваат во добродетелите, па затоа воделе невообичаен живот, осаменички живот. Почнале да бегаат од светот и се населувале во пустина, каде бдееле, постеле и спиеле на земја , но и други форми на жртвување. Оставајќи ја татковината и нивните блиски, парите и имотите, просто се распнувале за светот. Не само што не ги чувале заповедите, туку и дарови принесувале на Бога.

 

 Преподобен авва Доротеј
(кратки податоци за неговиот живот)

Авва Доротеј живеел кон крајот на шестиот и во почетокот на седмиот век. Својата рана младост ја поминал во изучување на светските науки и бил многу работлив. По завршувањето на своето образование извесно време живеел во својата татковина, недалеку од манастирот на авва Серида, можеби во Аскалон и во Газа. Бил во добра имотна состојба. Набргу потоа им се доближил на двајцата големи старци Варсануфиј и Јован, чии поучувања го расположиле да остави сè, да биде замонашен во манастирот на авва Серида, каде живееле и тие двајцата. Под нивно раковотство го поминал своето монашко воспитување. Впрочем, тоа било главно под духовно водство на старецот Јован, извршувајќи ги истовремено и послушанијата, кои му биле возложувани од самиот игумен на манастирот, кој во почетокот му дал задолжение да се грижи за странците и гостите, односно, за одделението, каде привремено престојувале многубројни посетители на манастирот; по ова послушание, бил задолжен со тоа да ја води манастирската болница и да се грижи за лекувањето на болните монаси.

По смртта на авва Серида и на духовниот старец Јован, нивниот заеднички учител, великиот Варсануфиј, потполно се затворил во својата келија. Тогаш и преподобниот Доротеј се оддалечил од општежитието на авва Серида и станал игумен на еден друг манастир. Веројатно од тоа време потекнуваат неговите поученија, кои ги изговарал пред своите ученици. Од него се запазиле до денес дваесет и едно поучение и неколку посланија. Тоа е сè што ни останало во наследство од списите на овој духовен отец, светлината на чие учење се раширила не само во манастирите и меѓу монасите, туку и меѓу христијаните насекаде во светот. Се претпоставува дека се упокоил во Господа околу 620 година. Неговиот спомен се празнува на петти јуни.

(Продолжува)

АВВА  ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА

ИЗРЕКИ И ПОУКИ

Скопска православна епархија


СОДРЖИНА:


Прв дел: Поуки

I. За одрекувањето
II. За смирението
III. За совеста
IV. За Божјиот страв
V. За потребата од советување
VI. За неосудување на ближниот
VII. За самоукорувањето
VIII. За злопамтењето
IX. За лажењето
X. На патување по Божјиот пат со будност и трезвеност
XI. За брзото отсекување на страстите пред да постанат лоша навика
XII. За стравот од идните маки и за тоа дека оној кој сака да се спаси не треба никогаш да биде немарен
XIII. За спокојното и благодарствено поднесување на искушенијата
XIV. За структурата и складноста на добродетелите на душата

Втор дел: Пасхалната тајна
XV. За Светиот пост
XVI. Толкување на Пасхалната химна на св. Григориј Низијанзин
XVII. Толкување на химните на св. Григориј во чест на мачениците

Трет дел: Прашања, одговори и поговорки
XVIII. За односите на настојателот и неговите ученици во манастирите
XIX. Разговор со економот
XX. Одговор до некои испосници кои го прашале аввата што мисли за посетите
XXI. За бесчувствителноста на душата и за недостигот од љубов
XXII. Поговорки за духовниот живот

 

5ти јуни 2019 лето Господово

 

АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (1)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5810
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6628
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5609
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная