логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар за чесната риза
на Пресвета Богородица
во Влахерна
15 јули/2 јули /

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,
ризата и појасот на Твоето пречисто тело
си го дарила на твојот град како моќна ограда,
останувајќи нетлена и по твоето бессемено раѓање,
зошто во тебе се обновува и природата и времето.
Затоа те молиме да му даруваш мир на твојот град,
и на душите наши голема милост.

 Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот
Христов патријарх
Јувеналиј               
15 јули/2 јули /

Ревносен Божји пастиру Јувeналие свети,
поради достоинството твое и исповедувањето
на верата чиста и непорочна,
поради не прeклонување на глава пред еретичките заблуди,
но најмногу поради молитвите кон Бога принесени,
умножи Спасителот многу лета во животот твој земен,
за да мноштво души бидат приведени
во познание на вистината.
Господи слава Ти.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 

 Православен календар за 15/07/2025

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2025 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица
во Влахернската црква во Цариград

           Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза.

Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.

Свети Јувеналиј, патријарх Цариградски

Современик на големите светилки на Црквата Христова: Ефтимиј, Теодосиј, Герасим, Симеон Столпник и др. Учествуваше на два Вселенски Собори: на Третиот во Ефес и на Четвртиот во Халкидон и со голема сила и ревност се бореше против богохулните ереси: во Ефес против Несториј којшто Ја нарекуваше Богородица Христородица и во Халкидон против Евтихиј и Диоскор, коишто учеа дека Христос имаше само една природа, т.е. Божествената, без човечката. После победата на Православието на овие два Собори, Јувеналиј се врати на својот престол во Ерусалим. Но иако ересите беа осудени, еретиците не беа истребени. Од сплетките и насилството на некој Теодосиј, пријател на Диоскор, Јувеналиј беше протеран од престолот и Теодосиј самочино се воздигна себеси на неговото место. Овој еретик Теодосиј во прво време го помагаше и царицата Евдокија, вдовицата на царот Теодосиј Помалдиот, којашто се имаше населено во Ерусалим. Колеблива и брзоплета, Евдокија најпосле отиде кај Свети Симеон Столпник да го праша каде е вистината. Божјиот светител ги разобличи сите еретички учења и ја упати царицата да се држи за православното учење како што е утврдено на Соборите. Царицата го послуша, се покаја и самата се озлоби против лажниот патријарх Теодосиј. Тогаш во Цариград владееја Маркијан и Пулхерија. Царот му испрати писмо на војводата Атанасиј да го протера Теодосиј и на престолот да го врати Јувеналиј, како што набрзо беше и направено. Јувеналиј управуваше со ерусалимската Црква триесет и осум години како поглавар и во длабока старост се престави кај Господ за да ја прими од Него наградата за пребројните маки и неволји што ги претрпе за вистината. Во времето на Свети Јувеналиј беше утврдено празнувањето на Божик на 25 декември.

 

 +++4

Почитувањето на Мајката Божја започнало уште пред Раѓањето во светот на Божествениот Спасител, Господ Исус Христос,. Сеќавајќи се на настаните од Евангелието, не можеме а да не се сетиме на Благовештението, кога архангелот Гавриил, јавувајќи се на Мајката Божја, ја прославил: „Радувај се, Благословена, Господ е со Тебе!”
Кога Мајката Божја дошла да ја посети праведната Елисавета, младенецот Јован Крстител заиграло во утробата на Елисавета, таа се исполнила со Светиот Дух и изговорила пророчки зборови за Богородица, која го посетила нејзиниот дом.
Откако Божествениот Спасител се јавил во светот и го извршил она што било предвидено – го поминал Патот, ги примил страдањата и воскресна заради нашето Спасение – Светата Црква ја прославува Мајката Божја на секоја богослужба. Секоја служба е украсена со песни и тропари, кои ја прославуваат Богородица. Господ, преку Нејзиниот подвиг, ја прославува и ја возвишува човечката природа дури и повисоко од ангелската природа.
Многу епитети и имиња, дадени на Мајката Божја го возвишуваат родот човечки . Едно од овие имиња е „Храбра наша Војвотко победоносна”. Некои можеби погрешно го разбираат неговото значење и мислат дека значи „Војвотко”, „Војноначалничка”, но тоа не е сосема точно. Свети Филарет Московски го превел ова име во 19 век како „Бранителка”. Тоа значи дека Богородица постојано ни́ помага за да ја имаме Нејзината грижа и сила во борбата против непријателите. И не само со видливи, но и невидливи.
Историјата на ова име датира од почетокот на 7 век. Тогаш градот Цариград повторно бил опсаден од непријатели. Православните христијани предводени од царот Ираклиј и под раководство на патријархот Сергиј составиле акатист на Пресвета Богородица, и заедно со икони, мошти и Ризата на Мајката Божја, оделе по градските ѕидини и усрдно ѝ се молеле на Богородица за спасение на Цариград од многубројната војска на странските освојувачи. Кога Литијата се приближила до морето, и дел од Чесниот Појас на Пресвета Богородица го спуштиле во Босфорот, непријателот бил поразен.
Но, покрај земното, физичко застапништво, по молитвите на Мајката Божја, го имаме уште и Нејзиното духовно застапништво. Како што вели апостол Павле: „Нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. Т. е нашата борба со страстите не може успешно да биде заврши ако не се обраќаме за помош кон нашите светители, и особено, се разбира, кон Мајката Божја. Таа секогаш им помага на оние што ја молат, а ние секојдневно се обраќаме кон Неа во утринските молитви и во кратките молитви. Богородица посакува спасение за сите нас и тагува за оние што се во темнина и грев.
По застапништвото на Богородица, и кога човекот искрено се кае и моли, можеби, коленопреклоно, за избавување од страстите, од штетните навики, Господ го гледа ова и малку по малку, за да не станеме се возгордееме, ни́ ја дава Неговата помош. Амин.

 fb

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2595
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2938
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 5214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ТАЈНАТА НА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ!

Митрополит Струмички Наум: ТАЈНАТА НА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ!

Дај Боже и некој од нас да стекне така „испразнето срце“ од несоздадената Божја светлина, која сите ја примаме при светото Крштение, а сѐ што е во нас и околу...

Како го внесуваме најголемото „ѓубре“ дома

Како го внесуваме најголемото „ѓубре“ дома

Има уште едно битно прашање – зошто луѓето го трпат сето тоа, зошто не се организираат да го спречат или поправат ова загадување? Дали и тие не се заразени од...

Преподобен Јустин Ќелиски: Беседа на Томина недела

Преподобен Јустин Ќелиски: Беседа на Томина недела

 Што би била историјата на мојот живот ако Господ не воскреснеше? Краток пат од колевката до гробот, пат исполнет со трње, исполнет со страдање и стравотии. Но, со Него Воскреснатиот...

Дедо Наум - КАКО ДА ГО ДОБИЕМЕ ТОЈ ОГАН?

Дедо Наум - КАКО ДА ГО ДОБИЕМЕ ТОЈ ОГАН?

Исто е и во нашиот духовен живот; ние воопшто не обрнуваме внимание на никаква топлина – колку и таа да постои и колку и да е добра, на кој било...

Дедо Наум: КЛАЦКАЛКА - ПОМЕЃУ СМРТТА И ВОСКРЕСЕНИЕТО!

Дедо Наум: КЛАЦКАЛКА - ПОМЕЃУ СМРТТА И ВОСКРЕСЕНИЕТО!

Но, иако Бог со Својата несоздадена енергија нѐ држи во постоење, како словесни битија – створени според Негов образ и подобие, всушност, на тој начин повикани на вечна лична заедница...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник  – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

Митрополит Струмички Наум: Неколку мисли пред тајната на Крстот!

Митрополит Струмички Наум: Неколку мисли пред тајната на Крстот!

Оној од кој што отсуствува сострадалната љубов, ќе мора на себе да почувствува страдање.Да се надоврзам на ова; отсекогаш сум се чудел – од каде им е овој неоснован елитизам...

Митрополит Струмички Наум: Божествено Народно Дело - Литургија

Митрополит Струмички Наум: Божествено Народно Дело - Литургија

Или, каков ли живот човек живее ако истиот не е Благодарење, себепринесување на Бог и ближните? Христијански живот - Литургија, пред и после Литургијата. Љубов.Сѐ преку Литургијата постана и без...

« »

Православен календар

 

30/04/2026 - четврток


Св. свештеномаченик Симеон епископ Персиски; Св. Акакиј епископ Мелитински; Св. Агапит папа Римски; Преп. Саватиј и Зосим; +Св. свештеномаченик Кипријан Слепченски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит  1 мај/ 18 април 2026

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 1 мај/ 18 април 2026

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2026

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2026

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2026

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2026

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная