логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар  на светата
Христова подвижничка
Теодора Александриска
11 септември / 24 септември

Блажена света мајко Теодоро,
о света подвижничке Христова,
благодатта покајание ти подари,
мудро пустината ја искористи,
непријателот на душите го посрами,
прибери нé и нас ти подражателу на небесните ликови,
при Бога каде ни машко, ни женско не постои,
по твоите свети молитви да бидеме прибрани.

Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 SV.SILUAN.ATONSKI.jpg

 

Тропар на светите
Христови маченици
Диодор, Диомид и Дидим
од Лаодикија Сириска
11 септември / 24 септември

Со молитва на усните го завршивте
светиот подвиг ваш, о, маченици свети Христови,
изобличувајќи го безбожието и верата
утврдувајќи ја помеѓу луѓето, кои име не ви заборавија:
Диодор, Диомид и Дадим, ги молиме пред Господа
за нас да се застапат, милост за душите наши да добиеме.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Ефросиниј Кувар
11 септември / 24 септември

О Ефросиние Божји угодниче,
кој умре пред да умреш, за вечно во
рајските населби да живееш, не престанувај
да нѐ спомнуваш во градината на мирот,
ти кој молитвено храна земна припремајќи
на Бога се молеше, храна небесна да подари
на оние кои Го љубат, непокајаните
да се покајат, болните да се излекуваат
и сите вечност да видат во Христа Живиот.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светата
Христова маченица
Ија
11 септември / 24 септември

За тебе која Бога Го славеше
преку сите дни на животот твој,
и песнопеење ширеше кога мноштво години
во затвори пребиваше, Великиот устрои
видливи знаци на благодатта која ти се подари.
О Ијо, сонцето се засрами и ги скри
своите лаци, гледајќи го неразумието човечко,
но ние чествувајќи го споменот твој,
света маченице, те молиме Господа да Го
умилостивиш да не Го оттргне погледот свој од нас.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов исповедник
Пафнутиј
11 септември / 24 септември

Девствениче Христов, Пафнутие свети,
мачениче кој вистината ја исповедаше
спротивставувајќи се на лагата ариевска,
борба поведе во вселената и со благодатта
Господова ја одбрани брачната света тајна.
Затоа законодавецот на бракот телесен,
венец на слава ти подари и по твоите молитви
милост дарува на оние,
кои го чествуваат споменот твој свет. 

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 24/09/2018  

sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Прeп. Тeoдoра. Oд Алeксандрија, жeна на млад чoвeк. Нагoвoрeна oд нeкoја гатачка направила прeљуба сo нeкoј друг чoвeк. И вeднаш пoчнала oстрo да ја гризe сoвeста. Сe пoтстрижила и сe oблeкла вo машка oблeка, па стапила вo машкиoт манастир “Oктoдeкат” пoд машкoтo имe – Тeoдoр. Нeјзиниoт труд, пoст, бдeниe, пoнизнoст и плачнoтo пoкајаниe ги вoсхитилo ситe браќа. Наклeвeтeна oд нeкoја блудна дeвица какo сo нeа да забрeмeнила, Тeoдoра нe сакала да сe oправдува, смeтајќи ја таа клeвeта какo казна Бoжја за свoјoт пoранeшeн грeв. Изгoнeта oд манастирoт, таа oкoлу сeдум гoдини пoминала прeбивајќи пo шумата и пустината, и пoкрај тoа, нeгувајќи гo дeтeтo на таа блудница. Ги пoбeдила ситe ѓавoлски искушeнија: нe сакала да сe пoклoни на сатаната, нe сакала да гo прими јадeњeтo oд рацeтe на eдeн вoјник, нe сакала да ги слуша сoвeтитe на свoјoт маж да сe врати кај нeгo – oти сeтo тoа билo привидeниe oд ѓавoлoт и штoм Тeoдoра ќe сe прeкрстeла, сè исчeзнувалo какo чад. Пoслe сeдум гoдини, игумeнoт ја примил вo манастирoт, кадe прoживeала уштe двe гoдини, па сe упoкoила вo Гoспoда. Дури тoгаш мoнаситe пoзналe дeка таа била жeна; а на игумeнoт му сe јавил ангeл и му oбјаснил сè. Нeјзиниoт маж тoгаш дoшoл на пoгрeбoт и oстанал дo смртта вo кeлијата на свoјата пoранeшна жeна. Св. Тeoдoра имала прeгoлeма благoдат Бoжја: ѕвeрoви скрoтувала, бoлeсти исцeлувала, вoда вo сув бунар извeла. Така Бoг ја прoславил вистинската пoкајничка, кoја сo мажeствeнo трпeниe дeвeт гoдини сe каeла самo за eдeн свoј грeв. Сe упoкoила вo 490 гoдина.

Свети Пафнутиј Исповедник

Епископ Таиски во Тиваида Мисирска. За православната вера страдаше многу; еретиците му го избија едното око и му ја скршија левата нога. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, со голема сила побивајќи ја Ариевата ерес. Царот Константин многу го ценеше и често го целиваше во она избодено око. На Соборот стана одлучно против западните претставници коишто предлагаа на мирските свештеници наполно да им се забрани брак. Целиот свој живот беше девствен.

Преподобен Ефросин готвач

Прост човек, но Божји човек. Служеше како готвач во еден Аморејски манастир во 9 век. Духовникот на тој манастир една ноќ се виде себеси во Рајот и таму го здогледа Ефросин. Ефросин му избра три рајски јаболка и му ги подари. Кога се разбуди, духовникот покрај својата перница ги најде оние три прекрасни миризливи јаболка. Брзо појде кај Ефросин и го праша: „Кај беше ноќеска, брате?“ „Таму каде што беше и ти, оче,“ му одговори блажениот угодник Божји. Тогаш духовникот им го објави целиот случај на монасите и сите ја познаа светоста и богоугодноста на Ефросин. А Ефросин, плашејќи се од славата меѓу луѓето, веднаш побегна од манастирот и се скри во пустината, каде што го помина остатокот од својот живот.

Светата маченичка Ија

Обвинета од идолските жреци пострада за Господа во Персија, во времето на Сапор II, во 363 година. Според преданието, при нејзината смрт се помрачило сонцето и сиот воздух се исполнил со прекрасно благоухание. Засекогаш се прослави во Господ.

Светите маченици Диодор, Дидим и Диомид

Биени за Христа во Лаодикија Му ги предадоа своите души на Бога, Кого Го љубеа.

 Свети Силуан Атонски

Старец Силуан е роден во 1866 година, со световно име Семјон Иванович Антонов, во набожно руско семејство во Тамбовската губернија. Уште кога беше малечок, на четиригодишна возраст еден настан го поттикна да помисли во себе: Кога ќе пораснам, ќе го обиколам целиот свет да Го барам Бог. Многу време помина од тогаш, Семјон порасна. Еднаш, кога имаше деветнаесет години, слушајќи разговор за некој светител по име Јован на чијшто гроб се случуваа многу чуда, Семјон помисли: Ако тој е свет, значи дека е Бог со нас и тогаш нема потреба да Го барам. При оваа мисла во неговото младо срце се разгоре оган на љубовта кон Бог. Неговиот ум постојано беше свртен кон сеќавањето на Бог и тој многу Му се молеше плачејќи. Тогаш имаше почувствувано внатрешна промена и стремеж кон монаштвото. Го молеше татко му да го пушти во Киево-Печерска Лавра. Но, тој му велеше: Најпрво отслужи војска, па потоа си слободен да одиш. Ваква внатрешна состојба кај него траеше неколку месеци, а потоа престана. Тој повторно почна да се дружи со своите врсници, да оди со девојки и воопшто, да живее како и сите останати момчиња. Неговото семејство беше големо: татко, мајка, тој со четворица браќа и две сестри. Сите живееја во слога. Семјон и неговите браќа со години работеа на имотот на кнезот Трубецкој. Семјон беше човек со исклучителна физичка сила. Можеше да подига голем товар и со ретка издржливост да ги поднесува жегата и студот. Таа сила, што подоцна му служеше за исполнување на исклучителни подвизи, во тоа време беше и причина за неговиот најголем грев, за кој силно се каеше. Имено, еднаш кога тој со неговиот другар одеа низ селото, во пресрет им доаѓаа двајца селски кондураџии. Едниот, кој бил познат како кавгаџија беше поднапиен. Тој почна да го задева Семјон, кој најпрво се обиде да остане настрана. Еве што тој самиот подоцна кажуваше за ова: (Повеќе)

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »