логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот маченик Христов
Јустин Философ
1 јуни / 14 јуни

Како птица која го прелетува морето,
така ти Јустине свети ја надмина мудроста на овој свет,
дознавајќи дека вистинско спознание се добива само со молитва,
трагајќи по философијата по Бога,
научи дека крајната мудрост е да стигнеш до срцето,
круна на спознанието е дарот на расудувањето,
а мајка негова е љубовта со која се освојува сечија душа.
О богомудри философе,
моли се за секој кој е заплеткан во мрежите на многуговорливоста,
да ја спознае главата на мудроста,
а тоа е Христос – Патот, Вистината и Животот.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на Христовиот маченик
Теспесиј
1 јуни / 14 јуни

Те закити Спасителот со венец маченички Теспесие свети, откако од огнот и мачењата земни те сочува,
а во Него вера имајќи главата на лагата ја разруши.
Моли се за нас храбар војнику,
и ние да имаме дел во радоста твоја.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Јустин (Јуст) и неговата дружина
1 јуни / 14 јуни

Верата Христова ве припреми на подвиг благодатен
о, Јустине, Харитоне и Харито,
Евелписте, Јераксе, Пеоне и Ливеријане
и сведоштвото ваше маченичко нѐ умудрува катадневно:
без Христа ништо не можеме.
Радувајте се храбри војници чие
патешествие внесе светлина во нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите десет илјади
 Христови маченици во Антиохија
1 јуни / 14 јуни

Мачениците Твои Христе Боже наш,
поверуваа во Тебе Спасителот
и во крвта своја се крстија,
повикувајќи Го Името Твое свето.
По нивните молитви и заради верата исповедничка,
спаси ги Спасителу, душите наши.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Дионисиј Глушицки
1 јуни / 14 јуни

Ангелското твое земно живеење,
мноштво дарови ѝ донесе на душата,
а од срцето, мразот земен, нечистотијата во прав ја развеа,
о благодатен Дионисие,
за кого Христос света одаја на небесата припреми
и твоите молитви, и денес ги прима,
за наше спасение пред дверите на вечноста.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Фирм
1 јуни / 14 јуни

Великомачениче Фирме,
во страдањата Христос те закрепна,
во маките благодатта те сочува,
а радоста со ангелите и сите земни ја споделуваш
кои денес те чествуваат и Бога Го прославуваат.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Агапит Печерски
1 јуни / 14 јуни

Името Господово во молитва повикано
сила даде на љубовта во лековите
источена о, Агапие преподобен оче.
Приведувајќи ги кон Христа
благодатта и душа им излекува на
оние кои со покајание пристапија.
Моли се за нас оче свети да нѐ помилува
Лекарот на душите и телата наши.

 

Извор МПЦ - ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 Православен календар за 14/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 

Од Верскиот календар:

sv.Justin.Filosof.jpg

Светиот маченик Јустин Философ    

Роден од елински родители во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја барал мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосла кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволувала, сепак најдолго се задржал на неа, бидејќи не наоѓал нешто коешто повеќе би го привлекувало. Но по Божја Промисла му се јави еден чесен старец, кој ја поколеба во него сета Платонова философија и му напомена дека луѓето не можат да ја знаат вистината за Бога додека Бог не им го открие тоа, а Бог ја откри вистината за Себе во книгите на Светото Писмо. Јустин почна да го чита Светото Писмо и сиот стана убеден христијанин. Сепак не сакаше да се крсти ниту да се нарекува христијанин сѐ додека лично не се увери во лажноста на сите обвиненија коишто незнабошците ги истакнуваа против христијаните. Со оглед дека во Рим дојде во философска долама, тој набрзо стекна таму голем углед и многубројни приврзаници. Присуствуваше на маченичкото кончание на Светите маченици Птоломеј и Лукиј. Кога го виде мачењето на невините христијани, напиша апологија на христијаните и на христијанското учење и му ја предаде на царот Антонин и на сенатот. Царот со внимание ја прочита апологијата и нареди да престане гонењето на христијаните. Јустин зеде препис од царската наредба и со неа отиде во Азија, каде што со помош на наредбата спаси многумина гонети хтристијани. Потоа се врати повторно во Рим. Кога настана гонењето од царот Марко Аврелиј, тој напиша друга апологија и му ја упати на царот. Некој нечесен философ Крискент, циник, го обвини како христијанин, од завист затоа што Јустин го надвладуваше во сите препирки и така Јустин падна во затвор. Посакувајќи му смрт, а плашејќи се сепак да не се оправда на судот, Крискент најде прилика и некако го отру Јустин во затворот. Така го заврши својот земен живот овој голем заштитник на христијанската вера и се пресели во блажената вечност во 166 година.

 

 

Site.Svetii.jpg
Преподобен Агапит Печерски    

Исцелител бесребреник. Ученик на Св. Антониј Печерски. Ги лечеше луѓето со молитва и давајќи им од зелјето од кое самиот си правеше леб за себе. Така го излечи и кнезот Владимир Мономах, заради што се прочу насекаде. Му позавиде на тоа лекарот на овој кнез, некој Ерменин, и почна да го клевети. Кога Агапит се разболе, дојде кај него Ерменинот и му рече дека ќе умре за три дена, но ако не умре, дека и тој самиот, Ерменинот, ќе се замонаши. А Агапит му рече на Ерменинот дека нема да умре за три дена, туку за три месеци. Така и се случи. По смртта на Агапит, дојде Ерменинот кај печерскиот игумен и го замоли да го замонаши, зашто како што рече, му се јавил од оној свет Свети Агапит и го потсетил на ветувањето. И така некогашниот завидливец по Божја Промисла стана кроток монах, кој им посакува спасение на сите луѓе. Се упокои Свети Агапит во 1095 година.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1481
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 935
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1184
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

« »