логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светата
Христова великомаченица
Екатерина
24 ноември / 7 декември

7.Vselenski.sobor

гл 4
Со добродетели како со сончеви зраци
ги просвети неверните мудреци,
и како пресветла месечина која оди во ноќта,
ја изгони темнината на неверието.
Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи,
Богоповикана невесто, блажена Екатерино,
 со љубов стигна во небесните дворови,
 кај прекрасниот Женик Христос,
и од Него си венчана со царски венец:
и сега со ангелите пред Него стоејќи,
моли се за нас кои го почитуваме
твојот чесен спомен воскликнувајќи:
Алилуја!
 
Извор МПЦ - ОА

 7.Vselenski.sobor

Тропар на светиот
Христов великомаченик
Меркуриј
24 ноември / 7 декември

7.Vselenski.sobor

Од војвода на земните војски,
војник Христов постана, кој во својата крв сe крсти,
приведен да ја исповедаш вистинската вера која спасува,
Меркурие миленику на Мајката Божја,
моли се за нас подвигот спасоносен да го завршиме,
верата да ја запазиме,
по твоите свети молитви,
поради твоите пред Бога страдања принесени.


7.Vselenski.sobor
 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


 

Православен календар за 06/12/2018  

 

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

  vozdvizenie.jpg

Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко и  живееше со својата мајка во Александрија. Мајка и  беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса). Сите пострадаа за Христа. При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

vozdvizenie.jpg

Светиот великомаченик Меркуриј

Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода се викаше Меркуриј. Во борбата на Меркуриј му се јави ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите. И навистина, Меркуриј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева. По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата војска. Но некои завидливи луѓе го обвинија Меркуриј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри туку го објави. Беше мачен долго и тешко: од него со ножеви сечеа каиши, го гореа со оган. Но во затворот му се јави ангел Божји и го исцели. Најпосле царот изрече пресуда војводата Меркуриј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убија телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов војник пострада меѓу 251 и 259 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 831
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »