логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  02.jpg

„Простувањето е Божествена особина“

1/14 март 2016 лето Господово,
Почеток на Великиот и Чесен Пост

04.jpg

Бидејќи ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец Небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите (Матеј, 6, 14 - 15)

Еве ни се дава време да се разбудиме од гревот, немарот и заборавот на Бога и повторно да тргнеме во пресрет на Господа и Неговата родителска прегратка на помилување. Три недели ние молитвено воздивнувавме: „Отвори ми ги вратите на покајанието, Животодавче!“ И најпосле дојде тоа спасително време за покајание, и ние веќе стоиме на влезот од Светиот Пост – поприште на покајанието и израз на неискажлива милост Божја кон нас. Да пристапиме смело и да влеземе со ревност. Но пред да ја поминеме оваа ширум отворена порта треба да направиме уште нешто, за да можеме, олеснети од бремето и исполнети со љубов, да навлеземе во оваа нова димензија, во ова сосема поинакво време. За тоа ни сведочи и Евангелието од Сирната недела, упатувајќи нѐ сите од срце да им ги простиме навредите на своите ближни и со скрушеност и самите да побараме прошка од нив.

Прошката често се прима како добро дело, како знак на милосрдие и дар кон ближниот. Но, проштевањето е добро дело најпрвин кон самите себе. Човекот што проштева на самиот себе си дарува слобода и здравје на душата. Да се живее проштевајќи, тоа значи да се живее во прошка од Бога: без непријателство и злоба, со непомрачена совест, со благодарност кон Бога и луѓето. Затоа проштевањето е повторно востановување на синовството со Бога. Така измирени еден со друг, а преку тоа и со Бога, одиме во пресрет на Св. Четириесетница - времето на пролетта, тивкото пристаниште и обновување на душите наши. И одново Светата Црква, нашата најсвета Мајка, Го моли Господа да го прими постот на нејзините деца, да им подаде покајание и да им дарува духовен благослов за довршувањето на тој пат, до повторното стекнување на изгубениот рај.

Потоната во покајание е Бигорската Света Обител, покајание се чувствува и во воздухот, од покајание треперат и присутните во преполнетиот храм, додека стојат во потполн молк со приклонети колена и наведнати глави, а над нив смирено се слуша гласот на нашиот возљубен Старец и секој прочитан збор од прошталната молитва силно се врежува во срцето и умот. А потоа, после трпезата на љубовта, како што еден по еден пристапуваме кон него за прошка, чувствуваме како семилосрдниот Бог да ги прегрнува нашите души, измиени во бањата од солзи, и им дарува спокој. А тој, уште еднаш ни даде најслатка духовна храна, преточена во зборови, храна што ќе нè поткрепува во текот на посниот подвиг:

06.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, на Вечерната во Неделата на простувањето (13 март 2016 л. Г.)

„Би сакал вечерва, мили мои, да споделам со вас некои чувства што ме обземаа во текот на оваа прекрасна умилителна Вечерна на простувањето. Верувам дека ќе се согласите со мене оти особен впечаток оставаше великиот прокимен, кој гласеше: „Не одвраќај го лицето Свое од чедото Твое, бидејќи страдам; бргу услиши ме; пази ја душата моја и избави ја“. Каква чудесна молитва! Каков силен израз на внатрешната потреба на нашата душа! На сите нас насушно ни е потребна Божјата милост. Зашто, без милоста Божја нашата душа неизоставно многу страда, венее, се суши. Кога, пак, ќе ѝ капне роса од Божјата милост, таа веднаш освежува, расцветува, се радува. Мислам дека нема човек, кој кога ќе почувствува како над него се излева преслатката Божја милост, а да не се разнежни потполно во своето срце и душа и да не Му благодари на Бога за таа прекрасна состојба на умиление, која, можеби, е најубавата состојба за човекот во овој свет. Сите сакаме да бидеме љубени и да ни се простува. А во едно можеме секогаш да бидеме сигурни: дека Бог безмерно ни простува и нè љуби. Гледајте колку Господ го љуби светот! Сè што гледаме околу нас опстојува по Неговата неизмерна милост, и на некој начин е нејзин особен израз. Ете, и кога ќе го погледнеме човештвото и светот во глобала, ние најпрвин се згрозуваме од егоизмот во луѓето, од ужасните гревови, од стравотните војни едни кон други, но и крајно се изненадуваме од Божјата безмерна милост и долготрпение. И можеме лесно да сфатиме дека да се простува е Божествена, а не човечка особина.

Денес, кога разговарав за простувањето со еден брачен пар, мои духовни чеда, сопругата, крајно разочарана од својот маж, ми рече: „Отче, па тој веќе ги изгуби дури и човечките особини!“ Јас, пак, ѝ одговорив: „А какви се, чедо, човечките особини? Не се ли тоа: егоизмот, нечувствителноста, суровоста, алчноста, немилосрдието? За жал, токму тие се особините на падната човечка природа, особини што ги има во секој од нас“. Во човекот има премногу егоизам – тоа е неговото главно обележје. Но, ако мислиме за оние особини како сочувствителноста, милосрдието, простувањето, е тогаш веќе излегуваме од човечкото и навлегуваме во Божественото. Зашто сето тоа Му е својствено единствено на Бога. И доколку човекот се труди што повеќе да се уподобува на Бога, да живее обновен живот во Духот, тогаш станува вистински човек, човек кој се восовршува според мерата на растот Христов (Ефес. 4:13). Бидејќи нашиот Спасител Христос, со Своето неискажливо доаѓање на земјата, ни покажа што значи вистински човек, онаков каков што Бог го сака и го создаде на почетокот. Така, поучувајќи нè за простувањето, во Евангелието според Матеј Он ни вели: Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот (Мт. 5:23-24). Забележете добро, не вели: „Ако ти имаш нешто против братот твој...“ За тоа Господ не сака ни

ји да се наречете и совршени како вашиот Отец небесен да бидете, тогаш љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат (Мт. 5:44). Зашто Јас од Крстот им простив на оние што Ме распнуваа“.

Така, добро е постојано да размислуваме за тоа колку сме подготвени да простуваме на овој начин, како Христа. Да согледуваме колку ние, како Христијани, се украсуваме во нашиот живот со тие Божествени особини на љубов, простување, сочувствителност. Оти само тогаш, само ако сме украсени со тие особини, нашиот пост ќе биде вистински, богоугоден пост. Затоа, доколку оваа вечер не успееме да се простиме со оние кои навистина ни згрешиле, да го направиме тоа во текот на Светиот Пост. Но, пред сè, искрено да се помолиме на Господ да ни даде сили да простуваме. И да се молиме не само за нас, туку и за тоа сите луѓе да се обратат кон Христа и да ги стекнуваат Неговите Божествени особини, да не војуваат едни против други, да се помират помеѓу себе и со себе, зашто војните најнапред стануваат лично во нас, во срцата наши, а потоа излегуваат оттаму и заземаат големи размери во општеството, меѓу народите и државите, и целиот свет станува една голема глобална војна. Денес, од кога и да било повеќе, на светот му е потребна молитва... и многу покајание! Молитвата, покајанието и трудот на еден човек на духовен план, можат да направат многу. „Смири се ти“ – вели Св. Серафим Саровски – „и илјада околу тебе ќе се спасат“. Таков пример ни наведува и Св. Ап. Јаков, кој зборувајќи за Св. Илија, вели: Голема сила има усрдната молитва на праведникот. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод (Јк. 5, 16-18). Св. Пророк Илија успеал во тоа затоа што целото своето срце Му го предал на Бога, и вистински постел и се молел.

Да ни даде Господ сили и смиреномудрие овој пост да го поминеме со духовна будност, украсувајќи се со Божествени особини, и тогаш во полнота ќе заедничариме со Бога, ќе ја чувствуваме Неговата милост, која ќе ги гали нашите срца. И верувајте, од таа милост и од таа заедница нема ништо поубаво! Затоа Господ во Постот нè повикува постојано да се соединуваме со Него преку светата Причест, за на крај, како круна на тоа соединување, да дојде благодатта од најголемиот христијански празник - Христовото славно Воскресение, преку кое добиваме живот вечен.

На крај, отци свети и мили браќа и сестри, смирено барам да ми простите мене, грешниот, сѐ што згрешив во овој ден и во сите денови на животот мој, со слово, дело, помисла и со сите мои чувства“.

08.jpg

09.jpg

11.jpg

12.jpg

12.jpg

16.jpg

17.jpg

18.jpg

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная