логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 94

 

09/05/2016 

Во 2015 г., неделникот „Аргументи и факти“ објави уникатен зборник „Детска книга за војната. Дневници 1941-1945 г“, во кого се собрани дневници од децата, кои се нашле во гетата и логорите на Ленинградската блокада, во окупацијата и на фронтот.

9 Мај – Ден на Победата, и по тој повод, избравме неколку извадоци од дневниците од таа книга. Прочитајте ги.

 tild3134-3164-4834-b135-363864643266__book_of_war149

БЛОКАДА. ДНЕВНИК НА МАРУСЈА ЈЕРЕМИНА

Тетратка од 48 страници, без корица – така, дневникот на 14 годишната блокадница Марусја Јеремина, ученичка во ленинградскиот градежен техникум, во средината на минатиот век, бил предаден во рацете на жител на Архангелск, Валентин Верховцев. Тој го зачувал до денеска и одговарајќи на повикот, ја предаде тетратката во редакцијата. Верховцев, сиот живот работел на градење на патишта, и во пензија, се фатил за перото, користејќи го дневникот на непознатото девојче во една од своите книги… „За мене, тоа што го прочитав во тетратката беше вистински потрес: сè, што знаев за блокадата дотогаш, исчезна пред редовите на Марусја“.

„Ќе го видам ли домот, ќе се вратам ли во родното село?“ – за Марусја во Ленинград под блокада постоел свој образ на рајот – селото Сосновка, од каде таа дошла во Северната престолнина да учи: прибежиште, каде што се насочуваат мислите, предмет на носталгија. Благодарение на Тамара Кнутова, школска ученичка на Верховцев, која му го предала дневникот, го наоѓаме одговорот на тоа прашање. Тамара ја нашла тетратката во собата на Марусја, во која седела под кирија во домот на Кнутови. Самата Марусја раскажува, дека во јануари, 1942 г., после еден месец од уписот, нејзиниот техникум го евакуирале во Томск, но таа не заминала таму, туку се вратила дома во саканата Сосновка. Завршила педагошки факултет, работела како наставничка во школо. Каде е сега Марусја Јеремина, не знае ни Кнутов, ни Верховцев, а уште помалку ние…
 

Ленинград, 20 Октомври 1941 г. Сабота

Лежејќи во кревет, во 6 часот наутро слушнавме очајнички продорен крик. Хистерично плачеше тета Шура Фрулова, таа живее преку една соба од нас – утрото и ги украле сите картички за прехрана, а таа имаше 3 или 4 деца, баба и маж. Едно дете цицалче, и сега сите останаа без ништо. И без тоа, тие беа потечени и веќе не знаеја што ќе прават. Картичките – сега се сè. Иако со нив ништо не може да се купи, зашто во продавниците ништо нема. Но сепак, барем 125 грама леб, и тоа секој ден. Ноќе спиеме лошо, ќе се разбудиш и го чекаш утрото, да купиш леб и побргу да каснеш. По леб денеска беше Тања Д, а јас и Тања за тоа време сваривме шчи, Тања Д. Кафе, и утрото доручавме – толку сол изедов со тие 125 гр.леб, што на училиште, се подув од вода од кранот, иако знам дека тоа сега е најштетно. Техникумот сега не се загрева, рацете не ги чувствувам, но седам и чкртам во дневникот. (…)

tass

Умирале илјадници луѓе, повеќето од нив веќе немало кој да ги погребе, затоа нивните тела ги предавале во братските гробници. Повеќето ленинградци се закопани на Пискарјовските гробишта (повеќе од 500 000 луѓе), но речиси на сите гробишта во градот има погребани од блокадата (и тука – на гробиштата Волково, 1942 год). Дел од починатите биле изгорени во крематориуми.

Вода, исто како и храна и затоплување, за блокадниот град било раскош. По неа, луѓето ослабени од глад оделе до водоводните цевки или до Нева.

voda

22 Ноември, 1941 г., Сабота.

Точно пред 5 месеци трае војната со германските завојувачи. Ленинград е за конец до пропаста. Ти се чини, уште малку и ќе се оствари планот на Хитлер: заземањето на Ленинград со прегладнување. Нормата во војска е намалена, од 600 гр, красноармејците почнаа да добиваат по 300 на ден, а со 300 гр нема да се изнавојуваш. Ох! Не можам ни да замислам, колку не сакам да им се паднеме во раце на германците, зашто тоа не е живот, туку смрт. Наскоро, нашата судбина треба да се реши. Добро не чекам, сега веќе воопшто немам надеж, дека некогаш ќе се отворат патиштата: од весниците и расказите на ранетите, кои лежат во болниците, познати ни се сите невозможни тешкотии во борбите за патот. Тешко дека нашите војници ќе успеат да го скршат прстенот на блокадата, и изгледа, ќе нè заземат со премалување. Ефективноста на трудот се намалува на сите обиди, а победата за патот уште не се гледа. За дома веќе не ни размислувам, секако е бесполезно, само ќе се разочарам. Да! За сите свои капризи, достојно сум казнета од бога. (…)

 masha rolnikayte

Дневникот на Маша Рољникајте

masha rolnikayteТаа не го пишувала овој страшен дневник – на 14 години, таа го учела напамет. Во келијата од гетото, во салите на концентрационите логори, лице во лице со смртта. „Што ќе се случи со мене – тоа ќе се случи и со овие записи“, – ѝ велела на Маша мајка ѝ. И Маша повторувала, збор по збор. Смртта ја одминала, но ги однела мајка ѝ и помалите брат и сестра, кои изгореле – под претпоставка, дури и местото на нивната смрт не е познато ! – во Освенцките печки. Однела уште многу херои од нејзините забелешки, кои морала да ги крие од фашистите во најбезбедното место – сопствената меморија.

За вчерашниот ужас ми е страв и да си спомнувам, а не можам да го заборавам. Вечерта, кога работниците од градилиштето се враќаа од работа, на влезот детално ги претресоа: конвоерот соопшти дека видел, како некој случаен минувач му дал некому леб. Лебот го нашле кај двајца мажи – кај секого по едно парче. За време на вечерната проверка, за тоа му соопштија на унтершарфјурерот.

И проверката заврши. Наместо да се разотидат, унтершарфјурерот им нареди на двајцата „престапници“ да излезат напред, да застанат пред стројот и да се соблечат. Тие забавуваат – снег, ладно. Но ударите од камшикот ги принудуваат да се потчинат. Нам не ни дозволуваат да се свртиме. Мораме да гледаме, за да извлечеме лекција за во иднина.

Од кујната донесоа две ведра со топла вода и им истурија врз главата. Бедните луѓе се тресат, чкртаат со заби, ја тријат облеката од која излегува пареа, но залудно – војниците носат уште две ведра топла вода. И повторно ги истураат на главите на несреќните. Тие почнуваат да скокаат, а војниците и унтершарфјурерот само се смеат од тоа.

Екзекуцијата се повторува секои две минути. Тие едвај се држеа на нозе. Веќе не личеа на луѓе – ќелавата глава на постариот се покри со тенка кора мраз, а од косата на помладиот,  која тој страдајќи, ја корне и влече, стрчат мразулци. Вешот сосема замрзнал, а нозете им беа смртно бели. Чуварите се тркалаат од смеа. Се радуваат на таа божиќна „забава“. Секој советува, како да се истура водата. „Во пантолоните!“ – вика еден. „Главата потопи им ја!“ – вреска друг.

 

Измачуваните се обидуваат да се завртат, да отскокнат, но ги ловат, како затруени ѕверови и ги враќаат на место. А ако малку вода протече настрана, наместо „залудно“ истурените неколку капки, носат цело ведро. Несреќните само ги креваат нозете, да не им замрзнат на снегот.

Не можам да издржам! Ќе полудам! Што прават!

Конечно, им здосади на хитлеровците. Наредија да се разотидеме. На Ханс му наредија, другиот ден, тие двајца да не ги ослободува од работа, дури и ако температурата биде – 40 степени.

Постариот умре денес. Падна покрај вагонот и повеќе не стана. Вториот работеше, едвај држејќи се на нозе, и бладаше од треска. Кога конвоерите не гледаа, другарите се обидуваа да му помогнат некако да се додржи до крајот на работата. Инаку, стрелањето не му бегаше. (…)

 

(Во војната нема победници… заб.прев.)

Извор: http://www.pravmir.ru/creative/malenkie-svideteli-bolshogo-uzhasa-ili-voyna-v-dnevnikah-detey/

Превел: Златко Дивјаковски
9 Мај, војна, Ден на Победата, дневници



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная