логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 02.jpg

20 јули/2 август 2016 лето Господово

03.jpg

Во духот на љубовта кон Татковината и кон оние што од љубов за неа ги положиле своите животи, во Бигорското светилиште, после Божествената Литургија беше отслужен чинот на Доксологија, којшто веќе неколку години наназад го збогатува денешното празнично торжество.

Тоа е една мала благодарност и молитва за душите на нашите славни предци, бидејќи ние, нивните недостојни потомци, не ја забораваме нивната огромна жртва и ја цениме слободата што ни ја дале на дар, а што тие толку скапо ја платиле. И токму тоа беше и пораката на прекрасното слово на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, која сите нас нѐ потсети колкаво е достоинството и вредноста на дарот на вистинската слобода што ја имаме во Христа:

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за празникот Илинден, изговорено во бигорскиот католикон по чинот на Доксологија

„Да се помолиме, особено денес, мили мои, Господ да ни ја сочува слободата што ни ја подарил, поради многубројните жртви за ова наше многу мало парче земја, и да не дозволи повторно да нè завладее некакво ропство на иноплеменици. А ропството, пак, секогаш е последица на човечката злоупотреба на слободата дарувана ни од Бога. Зашто Бог го создал човекот да биде слободен. Толку многу го испочитувал, толку многу го возљубил, што во едемската градина го украсил со Божествената особина на слободата. Му дал право да избира, да биде слободен во своето општење со Него. Човекот живеел во постојана хармонија со својот предобар Созадетел и со сè создадено. Но, сето тоа го изгубил и станал роб тогаш кога ја злоупотребил богодаруваната слобода, прекршувајќи ја Божјата заповед. Така, дознаваме од Светото Писмо, дека ропството првенствено е индивидуално нешто. Тоа настанува во секоја личност што ќе го злоупотреби дарот на слободата, и наместо слободна во Бога, ќе стане роб на гревот, страстите и ѓаволот. Не го прави ли тоа секој од нас постојано? Наместо Бога, ние претпочитаме многу суетни и пропадливи нешта, и нашето срце, од престол Божји го претвораме во разбојничка пештера. На тој начин, поединечно стануваме робови. А потоа, тоа индивидуално духовно ропството полека станува колективно, така што накрај цели народи паѓаат и во физичко ропство.

Но, ние, Христијаните, сме повикани да бидеме светлина на овој свет и одраз на Божествената слобода. Зашто ние сме тие, ослободените од гревот, ѓаволот и смртта; нас нè ослободи Спасителот Господ Исус Христос со Своите свети страдања, со победното оружје - Крстот и со Неговото славно Воскресение. Сега секој од нас може да ја живее слободата, секако само доколку ја посакува и се бори за неа, пред сè, духовно, внатре во себе, изгонувајќи ги сите страсти, и поставувајќи Го Бога и ближниот на прво место. Посветениот Христијанин својата слобода секогаш ја наоѓа во љубовта кон ближниот, зад кого знае дека се крие ликот Христов. Во неговото срце тој секогаш ги слуша Христовите зборови: ’доколку сте направиле добро на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле‘ (Сп. Матеј 25,40). Господ сака во секој човек да го гледаме Неговиот лик и да правиме добро. Тогаш ќе бидеме вистински слободни личности во Бога и ќе нема од што да се плашиме. Не оти како луѓе нема да паднеме во грев – нема човек што не греши -  но, доколку човек искрено Го љуби Бога, се кае и се бори за доброто, тој никогаш нема да падне во крајно ропство.

Дај Боже сите ние да ја избереме слободата со која нè ослободи Христос за да немаме ропство и жалости во овој свет, а ни вечно наказание во идниот. Така и ние ќе дадеме свој придонес за нашата мила Татковина. Да се помолиме сега и за оние што сакаат да раководат со нашата држава, како што слушнавме пред малку во молитвата: ’верните наши началници во мир и едномислие сочувај ги и кажи им добри зборови во срцата нивни за Црквата и за целиот Твој народ‘. Зашто Црквата, која е будна чуварка на верата во Вистината, има есенцијално значење за животот на општеството. Доколку не е верата на прво место, тогаш прашање е дали ќе имаме и татковина. Затоа, да се молиме што повеќе луѓе суштински да се вратат во верата во Бога, барајќи ја вистинската слобода и да се надеваме дека до крајот на овој свет нема веќе да имаме ропство, туку ќе живееме во слобода. Амин!“

01.jpg

05.jpg

 06.jpg

07.jpg

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная