логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Sample ImageСо благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Велики руски старци“. Станува збор за едно капитално дело во кое се содржани житијата, чудесата и духовните поуки на сите руски светители и подвижници. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на м-р. Александар Ѓорѓиевски.

Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

 

Предговор

Книгата која ја имаме пред нас ги содржи житијата и поуките на најзначајните руски свети духовници и старци, кои одиграле голема улога во проповедањето и одржувањето на православната вера во Русија. Книгата започнува со преподобниот Нил Сорски кој живеел во XV век, великиот Пајсиј Величковски, и понатаму останатите богоносни старци во период од двестотини години кои биле силна сол за Руската црква.


Сите живееле во различни временски периоди и области, се бореле со различни искушенија, се подвизувале на разни начини, претрпеле многу прогони, страдања, болести, напади од своите истородни и истоверни браќа, и поминувајќи низ огнот на овие искушенија, ги изгореле трњата на страстите и гревовите, и така ослободени станале жители на рајот, собеседници на ангелите, светила на верниот народ, блиски на Бога. Не постои време кога светоста е невозможна, не постои време кога православието е лесно и привлечно, туку секое време си носи свои предизвици, тешкотии, но колку поголеми искушенија ни допушта Бог, толку поголема благодат добиваме, доколку се избориме.
Не постои строго определен модел за светител, а доказ за тоа се многубројните житија на светителите, како и овие житија и поуки на великите руски старци. Секој од нив е почитуван во областа во која живееле и се подвизувале, а некои од нив имаат почит од светски размери, како што се преподобниот Серафим Саровски и Пајсиј Величковски. Не можеме да ги степенуваме, кои се мали, а кои големи, бидејќи сите имале од Бога дадена мисија, која со голема усрдност ја исполниле во својот живот, без да се штедат себеси. Повикот Божји, за откажување од семејство, деца, куќи и имоти, и ветувањето дека оние кои се откажале, ќе добијат многу повеќе во Царството Божјо, тие го прифатиле со целото свое срце и тргнале по Господ. На Бога не Му принеле ништо свое, туку Му го принеле најдрагоценото - себеси! Се посветиле во служба на Бога и на својот народ, со својата себепожртвуваност направиле многу големи дела, за кои се пишува и ќе се пишува до крајот на вековите. Нивните имиња се запишани во вечноста и Црквата богослужејќи на нивните празници, ќе ги спомнува до крајот на вековите.


Од длабочината на моето срце ви ја препорачувам оваа книга, да ја читате и да се поучувате од нивните поуки, и да го следите нивниот пример. На денешниот православен Македонец му недостасува пожртвуваност, вера и посветеност. Оваа книга нека ни биде поттик за задлабочување во духовниот живот, нека ни биде призив за следење на нивниот живот во монаштво, да го прегрнеме ангелскиот живот, угледувајќи се на нив. Само со вера, љубов и искрена пожртвуваност ќе направиме големи дела за својата Црква, за својата држава, за својот народ. А награда за ова нема да добиеме од народот, туку од Бога, Кој не ги заборава своите светители, и на Негов начин ги открива, дури и оние кои биле скриени од очите на јавноста. Господов благослов до сите оние кои ги читаат и следат примерите на овие свети отци. Амин!

† Агатангел,
Митрополит Повардарски

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 29ти март 2019 лето Господово

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная