логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 1sredavp2020 1

„Апостоли божествени, за светот најтопли молитвеници, и на православните - заштитници, кои имате смелост и моќ пред Христа нашиот Бог; ве молиме, сечесни, молете се за нас, доброто време на постот светло да го завршиме и благодатта на едносупна Троица да ја примиме. Великопроповедници славни, молете се за душите наши“ (стихира на Господи повикав на Вечерна во Прва среда од Великиот пост).

 1sredavp2020 4

1sredavp2020 7

1sredavp2020 9

На 04.03.2020 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Потоа беше изврчен и чинот на Покајание и исповед за свештенството од нашата Епархија, а беше одржано и редовното свештеничко собрание, на кое беа разгледани повеќе прашања и проблеми со кои се соочуваат свештениците од нашата Епархија. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 1sredavp2020 13

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,
1sredavp2020 14

Во црковните песни за време на Велигденскиот пост среќаваме прекрасни мисли и восхитувања, кои го изразуваат благочестието на древните христијани. Целокупниот свој живот, тие се стремеле да го претворат во живо општење со Господа. Вознесението Христово во царството на Отецот не означувало раскинување на светиот сојуз со Синот Божји и верниците, туку напротив – тоа значело уште потесно општење и проникнување во длабочината на човековата душа. При прекршувањето на лебот и подавањето на чашата на евхаристијата, Господ заповедал: „примете, јадете, ова е Моето тело...и пијте од неа сите, зашто ова е Мојата крв..." (Мт. 26, 26-28).


Со таква мисла кон светата чаша пристапувала целокупната христијанска заедница со цел да најде лично соединување со Господа Кој сите нѐ милува и спасува. Во првите векови на христијанството, христијаните се причестувале на секоја извршена света тајна. Со тоа тие се соединувале со Христа и ништо друго не можело да ја замени таа радост која ја доживувале со примањето на телото и крвта на Господа Исуса Христа. Но, за да се почувствува духовната радост на соединувањето со телото и крвта Господови, треба да му претходи покајание, преку кое душата на човекот се очистува од грев. Токму во деновите на Велигденскиот пост или деновите на плачење и покајание, Црквата дозволува два пати неделно да се извршува света евхаристија и тоа во сабота на свети Јован Златоуст, а во недела на свети Василиј Велики. Но древните христијани чувствувале потреба да се причестуваат повеќе пати, па како одговор на таквото барање е востановена и Литургијата на претходно осветените дарови, која се служи во среда и петок за време на светата Четириесетница.


Самиот чин на оваа литургија е сочинет од страна на свети Григориј Двоеслав папа Римски, кој живеел и делувал во втората половина на VI век и првата половина на VII век. Овој Божји угодник се одликувал со подвижништво и голема ученост, но исто така, поради неговиот свет живот од Бога бил обдарен и со чудотворство. Неговата литургија во минатото била прифатена и на Исток и на Запад, а денес се служи само во источната Црква.


Се вели дека во една прилика, додека служел литургија и зборувал дека лебот и виното се тело и крв Христови, во мислата на една жена која ги месела просфорите влегол демонот и ѝ ставил сомнеж, па таа почнала да се смее. Кога свети Григориј Двоеслав го забележал тоа, ја прашал зошто се смее. Таа одговорила дека слушајќи ги неговите зборови дека лебот кој таа го месела и печела е тело Христово, не можела да се начуди на тоа. Свети Григориј се сожалил на таа душа прелажана од демонот и се помолил сите верници да ги почувствуваат и видат телото и крвта Господови, со цел да ги отстрани сомнежите кај оваа жена и кај останатите. Откако тоа се случило, тој повторно се помолил телото и крвта Господови да бидат почувствувани од верните како леб и вино.


За време на божествената литургија со нас се молат сите небесни сили. Престојувајќи пред престолот Господов, ангелите се трудат да нѐ наведат кон добро, а истовремено да нѐ заштитат од секакво зло. Тие жалат за нашите гревови, се радуваат на нашето покајание, а ликуваат кога човек ќе се најде во вечен и блажен живот.


За време на големиот вход при литургијата која ја служевме, кога свештеникот го носи светиот дискос, всушност Го носи Господа Христа и сите небесни сили Му служат и не смеат ниту да го подигнат погледот кон Него. Благочестивиот и верен народ на Христа Му оддава достојна почит со приклонување на колената.


Периодот на Великиот пост за нас христијаните е време во кое треба да се оддалечиме од сите светски суети и да се насочиме кон внатрешно делување задлабочувајќи се во нашата душа. Така ќе ги искорениме сите сокриени страсти и пороци. Спомнувајќи си за четириесетдневниот пост на нашиот Спасител во пустината заради наше спасение, да ни се засилат молитвите и воздржанието не само во јадење и пиење, туку и во мислите и чувствата. Така ќе отстраниме од себе сѐ што може да нѐ оскверни. Тоа ќе го направиме преку исповедањето на нашите гревови примајќи прошка за нив. Амин.


1sredavp2020 15


 1sredavp2020 18

Среда од првата седмица од Великиот пост
Храм „Пресвета Богородица Каменско", Охрид
04.03.2020 год.

 1sredavp2020 19

Повеќе:

http://www.dke.org.mk/index.php/3247-2020-03-04-12-36-08

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Православен календар

 

17/05/2024 - петок

Св. маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная