логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

Послание на Митрополитот Агатангел по повод новонастанатата состојба со пандемијата
Повардарска епархија·Вторник, 24 март 2020

    †

    А Г А Т А Н Г Е Л

    ПО МИЛОСТА БОЖЈА

    МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ,

    НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА

    НА ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА,

    ПО ПОВОД НОВОНАСТАНАТАТА СОСТОЈБА СО ПАНДЕМИЈАТА,

    ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА

Возљубени мои духовни чеда, од богомдаруваната ми Повардарска епархија, поради здравствени причини телесно сум отсутен од храмовите, но со срцето и мислите сум постојано со сите вас, и моите секојдневни молитви се за сите вас, Бог да ве укрепи во верата со Неговата благодат.


Со голема тага и немир секојдневно слушам за големата неволја која го зафати речиси целиот свет. Секојдневно умираат многумина насекаде, ниту еден народ, ниту една вера, буквално никој не е поштеден од оваа напаст. Ако се вратиме назад во историските читанки, во манастирските летописи, во житијата на светите, ќе видиме дека во секој век имало заразни болести, од кои многумина биле покосувани. По извесно време, самата болест се намалувала или на чудесен начин, по молитвите на светителите и на народот Божји, сосема прекинувале најтешките заразни болести.


 Во Македонија сѐ уште нема ниту еден починат, Го молам Бог да не допушти повеќе страдања и маки врз овој и онака напатен народ. Но во сите информирања и предупредувања, во сите тие заштитни мерки, ме загрижи тоа што во нив се препознава еден многу пострашен вирус од актуелниов, а тоа е вирусот на неверието и маловерието. Првите кои излегоа или предложија да се затворат храмовите, да не се служи Света Литургија, се токму оние лажни верници, кои никогаш не се причестиле со Христос, никогаш не дозволиле да ги допре и преобрази благодатта Божја. Ѓаволот не мирува и не спие, и негова најголема желба и триумф е да ги оддалечи луѓето од Светото Крштение и Светата Причест, и токму во овој период сведоци сме на такви дејства насочени токму против крштевките и против причестувањето во храмовите. Во време на пандемија, кога насекаде се труби само за тоа, а во меѓувреме фабриките со своите стотици вработени работат под полна пареа, некој нам ни се заканува и нѐ заплашува дека токму во храмовите ќе се проширела заразата, и од Светата Причест ќе се разболеле верниците. Што друго да подразбереме, освен тоа, дека ѓаволот ги користи некои луѓе, за да му наштети на верниот народ, да ѝ напакости на Светата Црква?


За време на владеењето на диктаторот Енвер Хоџа во Албанија, се раширила страшна епидемија, од која умреле многу млади и деца. Диктаторот, иако ја гонел Црквата, сепак покажал човечност, и заедно со архиепископот Пајсиј Водица отишол на Литургија каде што сите присутни се причестиле. Дури и диктаторот знаел дека кога медицината е немоќна, тогаш ни останува само Бог и Црквата како единствена надеж и утеха.
Светата Причест, односно Светата Литургија на која се причестувме, се соединуваме со Самиот Бог, со Телото и Крвта Христови, е суштина и смисла и идентитет на Црквата. Ако ја укинеме Светата Литургија, Светата Црква ќе се претвори во музеј, споменик на културата, историска архива, фолклорно друштво - но нема да биде Црква. Нека има и најубави икони и фрески, нека има и златни куполи и крстови, ако нема Литургија и верници кои ќе се причестуваат на таа Литургија - тогаш нема ни Црква. Лебот и Виното што ги примаме на Светата Литургија се Тело и Крв Христови, вистински и свети, а не некакви симболи, и причестувањето е реално соединување со Христа, а не некаков симболичен адет за здравје. Безброј чудеса се забележани во житијата на светите, кога луѓе болни од тешки и неизлечиви и заразни болести биле причестувани, па болестите за кои немало лек, после причестувањето изчезнувале како со рака однесени. Колку лепрозни се причестувале, колку болни од туберкулоза, од разни болести и зарази - и повторно свештениците останувале живи и здрави, а како што гледаме и самите, долговечни и со добро здравје. А кој е изворот на долговечност и крепко здравје? Се разбира, Светата Причест. Светата Причест е лек за бесмртност, а никако и никогаш извор на зарази и болести. И со таква вера треба да живееме и да се причестуваме. Црквата со своето дваесетвековно постоење ни покажува и докажува дека, ниту една болест, ниту една војна, ниту прогони, ниту забрани - ништо не може да ја спречи и уништи, бидејќи таа е Тело Христово, и „вратите на пеколот нема да ја надвладеат“. И за време на најголемите епидемии Црквата со литии, со икони и свети мошти, со молитви и темјан, се борела и изборила со болестите, како што било во Охрид со моштите на свети Климент Охридски во 1910 година.


Иста така би ги охрабрил немоќните браќа и сестри, кои се плашат да ги целиваат иконите или крстот, или се плашат да примат свештеник за водосвет во нивниот дом - да имаат повеќе вера и доверба. Ако така лесно се ширеа болести од црквите, иконите и крстовите, Светата Православна Црква одамна ќе беше исчезната од лицето на светот, и за неа ќе се спомнуваше само во учебниците по историја. Ве уверувам и ве поттикнувам, да доаѓате без страв и сомнеж во црквите, да ги целивате иконите, крстот, да се причестувате со претходна подготовка и да се подготвувате за дочек на Славното Христово Воскресение. Смртта и страдањето се најголеми непријатели на човекот, секој се стресува од помислата на нив, и затоа има таква хистерија во светот - сите се плашат од смртта и страдањето, а токму Воскресението на Господ е лек и противотров за тој страв. Господ воскресна, ни даде можност за вечен живот, а и ние со вера во Него и во Неговото преславно Воскресение ќе воскреснеме и ќе живееме вечен живот, живот кој нема крај, во заедница со Бога, заедно со Пресвета Богородица, ангелите и светителите, во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух. Со таква вера да живееме, со храброст, со силна вера и доверба во Божјата Промисла, и без страв од смртта. Подобро е дури и да умреме причестени со Христос, отколку да останеме живи, но без Христос. Таквиот живот е веќе духовна смрт, и од таквиот вирус на безбожноста и рамнодушноста Господ да нѐ чува и сочува.


Возљубени мои, во овој период на Великиот пост, кога се подготвуваме за Христовото Воскресение, да ги умножиме молитвите, да го засилиме подвигот, но да се помолиме и за неуморните и пожртвувани лекари, медицински сестри и сиот болнички персонал, кои се жртвуваат за да спасуваат човечки животи. Бог да ги благослови и укрепи во нивната дејност, и со Негова помош успешно да се избориме сите со оваа неволја. Исто така, им упатувам искрена благодарност на институциите на Владата, на политичките партии и на сите значајни личности и институции, кои покажаа голема воздржаност, способност и зрелост при соочувањето со пандемијата. Бог да ги благослови и да им даде сила и просветление, за да донесуваат правилни одлуки.


На крај, ве молам сериозно да ги почитуваме препораките од лекарите, но и да бидеме свесни дека раѓањето, животот и смртта се во Божји раце, и сѐ што допуштил Бог е за наше поправање, за наше спасение. Благословот Божји и омофорот на Пресветата Владичица наша Богородица да бидат постојано врз нашата Света Македонија. Амин!

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Православен календар

 

17/05/2024 - петок

Св. маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная