логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

четврток, 30 април 2020
НОВО ИЗДАНИЕ НА СКОПСКАТА ЕПАРХИЈА

Скопската православна епархија со пасхална радост ја претставува книгата „Изреки и поуки“ од ава Доротеј која денес излезе од печат, а е дел од едицијата Библиотека Свети Отци.

Кој е ава Доротеј? Ава Доротеј од Газа живеел кон крајот на шестиот и почетокот на седмиот век. Уште од рана младост започнал со изучување на светските науки, особено ја сакал реториката. Откако го оставил земното благо, се замонашил во манастир помеѓу Аскалон и Газа, во Палестина, и останал некое време кај познатите старци Варсануфиј и Јован. Од почетокот бил задолжен за прием на странците и гостите во манастирот, а потоа се грижел за манастирската болница. По смртта на своите учители заминал од општожитие и станал игумен на друг манастир. Можеби од тоа време потекнуваат неговите поученија, кои ги изговарал пред своите ученици. Од него се сочувани, до денес, дваесет и едно поучение и неколку посланија запишани во оваа книга. Таа набрзо постанала основен прирачник за општожитие, особено ценета од преподобниот Теодор Студит. Авторот се послужил со постари литературни извори, стремејќи се да ги доведе во совршен облик предавањата кои веќе постоеле и аскетското искуство кое веќе се собирало. Како што забележува отец Георгиј Флоровски, тој помалку се задржува на теолошките теми одошто на неговите поуки кои имаат особено практичен карактер. Тие го прикажуваат начинот на борбата со страстите и воспоставувањето норми за монашкиот етос. Првосоздадениот човек во рајот пребивал „во размислување и молитва, во секаква слава и чест“. Гревот бил отпаѓање од размислувањето во „неприродна“ состојба, чија крајна последица била смртта. Од тоа стојалиште ава Доротеј започнува со своите совети. Од гревот и смртта нѐ избавил Богочовекот, Новиот Адам. Во крштението е начелото на новиот живот, изворот на слобода за добродетели. Но сепак, слободата се остварува само во подвиг, во кој најважно од сѐ е –одрекување на својата волја и желби, или поинаку речено, совршено потчинување кон избраниот духовен раководител.    

Иако постојат 200 негови манускрипти кои се појавиле низ вековите, најраните датираат од десеттиот век. Бил преведуван на грчки, арапски, латински, грузиски, француски, шпански, холански, германски и арапски јазик. Постојат преводи и на различни јазици од словенско говорно подрачје кои потекнуваат од 1676 година па наваму. Преводот направен на македонски јазик е од англиското издание DISCOURSES AND SAYINGS –  Dorotheos of Gaza.

Неговиот спомен се слави на 5 јуни.

Извор:

http://mpc-spe.mk/vesti-i-nastani/od-eparhijata/novo-izdanie-na-skopskata-eparhija/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »