логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 vtornik.svpetka2.jpg

Архимандрит Порфириј Кавсокаливит е наш современик. Живеел во Грција во XX век. Што всушност претставува благодатта Божја, старецот знаел, не од зборови, туку од своето животно искуство. Сиот свој живот, старецот ги учел луѓето на љубов и смирение, и тоа не само со зборови, туку и со пример. После неговата смрт, многубројните духовни чеда ги собрале старечките поуки и сведоштва за чудотворната помош, во една книга, која ја нарекле „ Цветослов од поуки “. На читателите денес им препорачуваме една беседа со отец Порфириј. Секако, ќе напоменеме дека ставовите на ова старче во поглед на Светата Причест не треба буквално да се применуваат, без благословот на духовникот. Но, неговите зборови всушност се тој „аголен камен“, на кој треба да се гради односот спрема богослужението и учеството во Светата Тајна Евхаристија.   Старецот беше натажен што верните по навика барале од свештеникот да се помоли за нив во олтарот, додека тие во храмот најчесто и не учествувале во заедничката молитва. Тој велеше вака:  „Јас ги изнесувам даровите, а тие дури ни главата не ја подигаат. Го изговарам возгласот: „Да стоиме мирно...“, а тие седат. Јас ги благословувам, а тие мрморат помеѓу себе. Но, најстрашно е кога се кажува возгласот: „ Пијте од неа сите...“, а до Светата Чаша од нив малкумина приоѓаат. За свештеникот - тоа е голема тага “.

3.angeli.so.truba


- Преподобен, дали е потребно сите да се причестуваат?
- „ Тоа не го велам јас. Тоа го вели Господ: „Сите!“ ( Матеј, 26, 27 ). Можеби тој збор има некое друго значење, кое мене ми е непознато...? Во свештеничката молитва постојат овие зборови: „ И удостој нé, Владико, од Твојата моќна рака да ни го дадеш Твоето Пречисто тело и Чесната Твоја Крв, а преку нас и на сите луѓе. “ Секако, ова се однесува на оние христијани, кои не се под епитимија. Тие, претходно, треба да добијат благослов од својот духовник за Света Причест. Како ќе се отстраниш од секојдневието, без божествената Причест, без Христа?

Си дошол во храмот, а си го изоставил најважното - Светите Дарови, а тие се сé. Тебе ти остана само нафората. Знаеш ли што е светиот олтар? Тоа е нешто најдрагоцено што постои на земјата. Царските престоли, претстедателските фотелји, академските катедри - имаат помала вредност. Светиот Престол е несогорлива капина. Тука слегува Христос, тука пребива Светиот Дух. Околу Престолот стојат свети Ангели. Колку величествена, страшна глетка!

Често се плашев дури и да го допрам Светиот Престол. Стоејќи пред ова чудо, ти слушаш како парохјаните, наместо да учествуваат во доживувањето на необичната Тајна, си шепотат и си зборуваат празни зборови. А, кој го врши богослужението? Дали самиот свештеник или ерејот заедно со народот? Зошто велиме „служба“? Онака како што свештеникот стои во олтарот, исто така и народот треба да стои во храмот. Сконцентрирано, прибрано, потполно да му се предаде на Бога. Ние веќе во тие мигови не се наоѓаме на земјата.

„ Вие кои сте херувими и кои тајно се молите...“, ние, значи, се наоѓаме на небесата, пред Света Троица. „ Отложим попечение...“ ( да ги отфрлиме земните грижи...)...“ Сите тогаш стануваме свештенослужители...О, голема милост Божја што нé удостојува тоа да го доживееме! Ако веруваме дека пред нас се врши голема Жртва, тогаш должни сме да стоиме со      „страв Божји“.

Ние треба да плачеме од среќа што Самиот Бог ни снисходи и од љубов спрема нас се принесува на жртва. Ако ние во тоа не веруваме, зошто тогаш доаѓаме во храмот? Кого тоа го лажеме? Оние кои не доаѓаат во храмот, поискрени се. Дали ти, брате, одиш во филхармонија?.
 - „ Да преподобен, јас сакам да слушнам добар симфониски оркестар. Така се опуштам “.- „ А, дали си чул некој таму да разговара? Сите молчат и се плашат да не пропуштат нешто. Што има поголема вредност? Музичките звуци, кои само опуштаат, или присуството на Светиот Дух, Кој спасува!

Ако кралот или претседателот на државата те повика по име за да примиш дар од него, дали би можел да му го свртиш грбот и да му речеш: „ Не сакам! “ Зошто тогаш не Му приоѓаш на Христа, Кој од Својата голема љубов, Себеси се принесува на жртва поради тебе, туку Му Го вртиш грбот и изговараш безначајни зборови.

Види какви дарови, Он нам ни дава? Самиот Себе.Во храмот треба да молчиме, да го собереме умот и да зборуваме само со Бога...Бог нека ни даде сили да го издржиме тоа чудо. Па, всушност, и свештеникот и парохјаните би требале да умрат, бидејќи се наоѓаат толку близу до Тајната, која се случува пред  нивните очи, така блиску до сонцето. Но, милостивиот Бог ни ја јавува Својата доброта и милост. Слушај и ужасни се! Он, дури и умира во нашето ништожно присуство...“.


При овие зборови, од очите на старецот, тој вистински служител на Светите Тајни, потекоа солзи.- „ После Светата Литургија ти излегуваш од храмот исполнет со мир, кој од тебе се излева, додека таа светлост се прелева на сé што те опкружува. Ти во себеси Го носиш Христа. Ти си постанал Богоносец. Сето ова се содржи во зборовите на едена свештеничка молитва: „ Дај ни нам, во понизност да Ти служиме Тебе...“.

 

 http://bigorski.mk/index.php?content_type=svetootechki_tekstovi&action=details&record_id=32

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2100
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная