логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на Покров на
Пресвета Богородица
1 октомври / 14 октомври

Денес, ние благоверните светло празнуваме,
осенети со Твоето Богомајко Пришествие,
и гледајќи кон Твојот Пречист образ,
со умиление глаголаме:
покриј нѐ нас со чесниот Покров Твој,
и избави нѐ од секое зло,
молејќи го Синот Твој Христа нашиот Бог,
да ги спаси нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА


Тропар на светиот
Христов маченик
Домнин Солунски
1 октомври / 14 октомври

Верата твоја во Распнатиот те приведе во купелот на благодатта,
од каде сила се подари за маченичко исповедување на вистината,
и зборови со кои се посрами лагата на минливоста,
о, Домнине свети мачениче.
Спомни си сега за нас од дворовите на милоста,
при Небесното Царство Христово.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Григориј Доместик
1 октомври / 14 октомври

Подвигот твој ревносен во градината на Пресветата,
дарови ти донесе по Божјо благоволение,
и уста недремлива која славословие
кон Небесата вознесува, о, Григорие оче преподобен,
ти кој видливо награда во рака прими, а со неа и живот вечен,
моли се и ние да влеземе во радоста на Господа.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец Јован Кукузел
1 октомври / 14 октомври

О, Јоване Божји угодниче,
слово на струни разгласено потече
од срце твое за Господа припремено,
ангели милозвучност прифатија,
Богомајка со милост душа твоја прегрна,
а Вечнопостоечкиот по твоите молитви ги милува оние,
кои чест подаваат на ликот твој свет,
и струната на твоето слатко пеење,
при Пресветото Тројство ја принесуваат.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови преподобномаченици
Михаил игумен и со него
триесет и шест монаси
1 октомври / 14 октомври

Верна војско на Царот Небесен,
ревносни исповедници на верата вистинска,
кои ја разобличивте лагата агарјанска,
предводени од Михаил – Мојсеј на вашата света обител,
денес ве чествуваме и на Бога благодариме, бидејќи во вас имаме
триесет и седум кандила запалени во вечноста.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


                   
Тропар на чудотворната
Икона на Божјата Мајка
наречена Кукузељиса
1 октомври / 14 октомври

Мајко Пресвета, сечесна Владичице,
прозорец отвори преку Иконата Твоја Кукузељиса,
до душите наши обременети,
а и до раката на Јован гласот милозвучен,
кој слава воздаде, а и нас нѐ научи,
со ум и срце подигнати кон Небесата –
радувај се  - да Ти повикуваме – Невесто Неневестна.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов апостол
Ананиј
1 октомври / 14 октомври

Брзопослушниче Господов, Ананио свети апостоле,
ти кој преисполнет со Христовата благодат
го послуша гласот кој е над водите,
Савла го приведе во познание на Светлината
и до крај остана верен на вистината.
Моли се за нас свети кој во мачеништвото втор Стефан постана
и со венец на Небесата пред Бога пристигна.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот
отец Роман
 Мелод слаткопевец
1 октомври / 14 октомври

Блажен си ти Романе Божји угодниче
бидејќи Онаа Која Предвечниот Го роди,
утробата твоја ја направи дом на Духот Свети,
земјата денес чест ти воздава,
а ангелите Небесни славословат
 за службата твоја кон Господа.
Радувај се ти од кого Духот многу пофалби изнедри,
радувај се и за нас моли се ти кој
 величанија кон Небесата воскликна.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец Сава Вишерски
1 октомври / 14 октомври

Од младоста твоја целиот на Бога си се предал блажен,
и заради љубовта кон Него,
 татковината и роднините си ги оставил,
и во пустината си се вселил.
Во неа строг живот поминувајќи,
дар за чудеса од Бога прими Саво преподобен,
моли Го Христа Бога да се спасат нашите души.


 
Извор МПЦ – ОА


Тропар на чудотворната икона
на Божјата Мајка наречена
Брзопослушничка
1 октомври / 14 октомври

Радост наша Си Ти Богомајко, и неискажлива
е грижата Твоја за нашето спасение.
Ти Која бдееш над секое Божјо створение, брзо пристапуваш
во заштита на оние кои го призиваат светото Име Твое,
и затоа знамение свето, Икона Преблагословена подари на ликот Твој,
наречена Брзопослушничка, за да бидеме по молитвите твои брзи на покајание,
милостиви кон прегрешенијата на братот наш обременет.

 

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 14/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 1. Пoкрoв на Прeсвeта Бoгoрoдица. Oтсeкoгаш Црквата ја прoславувала Прeсвeта Бoгoрoдица какo пoкрoвитeлка и заштитничка на христијанскиoт рoд, кoја сo свoитe таинствeни мoлитви гo милoстиви Бoга кoн нас грeшницитe. Бeзбрoј пати сe пoкажала пoмoшта oд Прeсвeта Бoгoрoдица, какo на пoeдинци, така и на цeли нарoди; какo вo мир, така и вo вoјна, какo вo мoнашкитe пустини, така и вo градoвитe. Случајoт кoј црквата дeнeс гo спoмeнува и гo празнува, гo дoкажува тoа пoстoјанo пoкрoвитeлствo на Прeсвeта Бoгoрoдица над рoдoт христијански. На 1 oктoмври 911 гoдина, вo врeмeтo на царoт Лав Мудриoт (или Филoзoф) ималo сeнoќнo бдeниe вo Бoгoрoдичната црква вo Влахeрна, вo Цариград. Црквата била прeпoлна сo нарoд. Вo задниoт дeл на црквата стoeл св. Андрeј Јурoдив сo свoјoт учeник Eпифаниј. Вo чeтвртиoт час oд нoќта сe пoјавила Прeсвeта Бoгoрoдица над нарoдoт сo распрoстранeт oмoфoр вo рацeтe, какo сo таа oдeжда да гo пoкрива нарoдoт. Била oблeчeна вo пoрфира украсeна сo златo и цeлата блeскала вo нeискажана свeтлина, oкружeна сo апoстoлитe, свeтитeлитe, мачeницитe и дeвицитe. Св. Андрeј кoга гo видeл тoа јавувањe, сo раката му пoкажал на блажeниoт Eпифаниј и гo прашал: “Ја глeдаш ли, брату, Царицата и гoспoѓата над ситe, какo сe мoли за цeлиoт свeт?” Eпифаниј oдгoвoрил: “Ја глeдам, oчe, и мнoгу сум изнeнадeн!” Заради тoа сe вoстанoвилo тoа празнувањe за да нè пoтсeти, какo на тoј случај, така и на пoстoјанoтo пoкрoвитeлствo на Прeсвeта Бoгoрoдица, кoга и да гo барамe тoа пoкрoвитeлствo, тoј нeјзин пoкрoв, мoлитвeнo вo нашитe нeвoлји.

покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

vozdvizenie.jpg

Преподобен Роман Слаткопоец    

Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490 г. – 504 г.). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи Ѝ се молеше на Пресвета Богородица и Таа му се јави во сон, му пружи некој голем свиок хартија и му рече да го проголта. Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дјева днес...“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.

Преподобен Јован Кукузел    

Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 737
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »