логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Уште од мал сакав да живеам во заедница, ме импресионира начинот на делење. Кога првпат отидов во манастир и кога ја видов пожртвуваноста на монасите и начинот на кој тие живеат, знаев дека ова е вистинскиот пат за мене. Сега сум навистина среќен поради ова што ми се случи, немам зборови ни да ја објаснам радоста што моментално ја чувствувам во моето срце, вели отец Аверкиј, кој деновиве стана монах во Бигорскиот манастир    
   
  
Од чинот на замонашувањето

СЕМЕЈСТВОТО НА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“ ДОБИ ТРИ НОВИ ЧЛЕНА

Секој од нас го носи својот крст. Некој преку науката, некој преку бракот, некој преку свештенството, некој преку монаштвото, некој носи бездомнички крст, некој преку богатството, а некој преку сиромаштијата. Носењето на крстот ги подразбира сите маки, искушенија и животни задоволства. Радоста и тагата што ги носи овој живот.

Маријан, Игор и Михаил до вчера искушеници во манастирот „Свети Јован Бигорски“, рака под рака и во еден глас избраа до крајот на својот живот да го носат крстот на монаштвото. Во пресрет на големиот христијански празник и патрон на манастирот „Свети Јован Бигорски“, отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, искушениците се заветија на скромност, сиромаштија и испоснички живот.

ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ ВЛЕГОА ДРЖЕЈЌИ СЕ ЗА РАКА

Тројцата искушеници заедно со нивниот духовен татко, отец Партениј, речиси десет минути чекаа на прагот од црквата за да почне чинот на нивното второ крштавање, почетокот на нивниот духовен живот. Со пуштени коси и облечени само во бели кошули, со наведнати глави и сериозни лица, искушениците стоеја боси на каменот во манастирот и чекаа нивните духовни браќа и сестри да завршат со пеење на молитвите. На тесната црвена патека, која не беше широка ниту цел метар, искушениците заедно со отец Партениј полека се движеа кон еден од најубавите иконостаси на Балканот, а можеби и пошироко. Додека се движеа, искушениците гледаа во подот, а нивниот духовен татко пееше: „Побрзај да ми ги отвориш татковските прегратки, развратно го истрошив својот живот“. Од влезот на црквата до пред олтарот искушениците двапати се поклонија до земја. Третиот поклон беше пред олтарот, каде што ги чекаше владиката Тимотеј. На последното поклонување Маријан, Игор и Михаил останаа да лежат на подот. Тројцата беа прегрнати со рацете еден врз друг, за да формираат крст. Владиката Тимотеј еден по еден ги допре до рацете, давајќи им знак дека можат да станат. Тие набрзина се исправија и застанаа пред него. До нив застана и нивниот духовен татко, отец Партениј, кој својата мантија ја префрли преку неговите тројца синови и ги зеде во закрила за да ги заштити. Потоа следуваше прашањето „зошто сте дојдени овде, браќа“, на што тие во еден глас одговорија „сакаме испоснички живот, високопреосвештен владико“.

Следуваа и прашањата „дали со слободна волја и разум пристапувате кон господа“, „да не го правите тоа од некоја друга побуда или принудно“, „се откажувате ли од световниот живот и сѐ што е во него“, „ќе бидете ли доброволно сиромашни заради Христа“. На сите овие прашања, поставени како последен тест пред замонашувањето, искушениците како во хор одговараа потврдно. Кога ги одговорија сите прашања, свештениците пред нив го извадија Светото евангелие. На него имаше поставено ножици. Архијерејот, посочувајќи кон Евангелието, им кажа: „Гледајте овде, Христос невидливо присуствува; внимавајте, никој не ве принудува да го примите овој лик. Внимавајте, вие по своја слободна волја сакате да го примите големиот ангелски лик!“ Искушениците потврдно одговорија и на последново прашање, а архијерејот трипати едноподруго им кажуваше „земи ги ножиците и дај ми ги!“ Откако тројцата по трипати му ги подадоа ножиците бакнувајќи му ја раката, тој им кажа: „Ете, од рацете Христови ги примаш, внимавај кон кого приоѓаш, кому се заветуваш и од кого се одрекуваш“. Архијерејот со ножиците им потстрижа перчиња од косата во вид на крст. Во моментот кога дозволија архијерејот да им ја потстриже косата, тие се откажаа од светот и од сѐ што е во него, својата волја и сите телесни желби, а добија и нови имиња. Маријан стана отец Кирил, Игор - отец Евнувиј, а Михаил - отец Аверкиј.

ИМИЊАТА ПО СВЕТЦИ

Новозамонашените монаси и монахињи имињата ги добиваат по светци. Најчесто нивниот духовен татко имињата ги избира според некои карактеристики на светците што се слични со монасите. Овој пат отец Евнувиј и отец Аверкиј имињата ги добија по „Пречистанските преподобномаченици“, кои на празникот Свети Илија МПЦ ги прогласи за светци. Тоа се првите светци што се прогласени од МПЦ. Третиот монах името го доби по Кирил, таткото на словенската писменост. Преостанатите монаси, како и монахињите од манастирот „Свети Ѓорѓи Победоносец-Рајчица“, велат дека Кирил сосема заслужно си го добил името. Дури и голем дел од гостите што беа дојдени во манастирот велеа дека Кирил навистина потсетувал на таткото на глаголицата. На заедничките трпези во манастирот Кирил секогаш чита извадоци од Библијата, но и преведува книги. Знае неколку јазици, па затоа важи и како преведувач во монашките редови. За да биде целосно замонашувањето, монасите мора да добијат и нова облека. Прво им се дава парче ткаенина (параман) на кое е извезено распетието Христово, а кое монасите треба секогаш да го носат на себе како знак на ангелскиот лик, секојдневен потсетник на страдањето на Исус и заковување на телесните желби.
Мантијата е симбол на веселба и духовна радост и газење на сите таги и метежи што наидуваат од ѓаволот. Потоа им се дава ремен со кој треба да ги заврзат своите слабини и да го умртват телото, расо или горна мантија, која е облека на спасение и оклоп на правдата, шлем што го носат на главата за да може да им се спротивстават на сите ѓаволски лукавства. Добиваат и обувки со кои секогаш треба да одат по добриот пат. Бројаница, која е духовен меч и непрестајна молитва, крст, кој е штитот на верата, и запалена свеќа, како симбол дека таа треба да биде светлост за другите.

Овие парчиња света облека го симболизираат она што отсега ќе го исполнува животот на браќата Кирил, Аверкиј и Евнувиј, новите членови на семејството браќа во манастирот „Свети Јован Бигорски“.

ГНЕЗДО НА МРАВКИ

Совршен хаос, тоа ни беше првата помисла кога утрото влеговме низ портите на манастирот. Паркингот беше полн со возила, а во надворешниот двор пазарџии поставуваа тезги на кои се продаваа разни дреболии.

Во самиот двор во комплексот на манастирот владееше вистинска работна атмосфера. На сите страни трчаат монаси, искушеници и сестри. Секој нешто работи, но никој не му се меша во работата на другиот. Две сестри од манастирот „Рајчица“ плетеа венци од бршлен и некакви бели цветови. Ги виткаа околу една жица, па ги лепеа за да не им се одврзуваат. Откога направија четири огромни венци, друга сестра почна да ги закачува на фијалата (објект во кој се осветува вода). Слично украсена беше и самата црква.
Денот беше голем, сѐ мораше да биде елегантно и свечено. Па затоа не смееше да се дозволи да има какви било пропусти. За да помогнат денот да помине во најдобар ред, сите работеа, некој го метеше дворот, некој поставуваше други украси. Едно од децата во манастирот со правосмукалка го чистеше целиот тепих во објектот, а другите, пак, помагаа во кујната каде што се приготвуваше вечерната трпеза, супа од сирење, риба, ориз, салата и пинџур. Кога се качивме на повисоките скали за да сликаме и да видиме како одозгора изгледа дворот на манастирот, личеше како никој да не знае што прави, а всушност во комплексот владееше вистински ред.

СОН ОД МЛАДИ ГОДИНИ

Во текот на целата служба на тројцата сега веќе поранешни искушеници им се забележуваше напнатост на лицата. На прашањата поставувани од монахот одговараа отсечно и во еден глас, немаше емоции, насмевка, па дури ниту онаа со едното крајче на усните. Дури и при крај кога требаше да се наредат владиката и свештениците да им честитаат за новите имиња, тројцата млади монаси беа видно возбудени и пребледени од трема. Но со помош на владиката Тимотеј застанаа на вистинските места и се насмеаја, првата насмевка на нивните лица што се појави дури по неколкучасовната служба. Тогаш владиката почна да ги прашува сите тројца „како ти е името, брате“. Откога тие ги кажаа новите имиња, тој им рече „името нека ти служи за спасение на душата, за слава на ангелите и за пораз на демоните“. На истиот начин и преостанатите верници требаше да им го честитаат пристапувањето во монашките редови.

Новите монаси дури и откога заврши службата беа навистина возбудени, што дури не можеа ни чувствата да си ги искажат. Кажаа дека се среќни и дека поубаво нешто за нив од монаштвото немало во животот.
- Уште од мал сакав да живеам во заедница, ме импресионира начинот на делење. Кога првпат отидов во манастир и кога ја видов пожртвуваноста на монасите и начинот на кој тие живеат, знаев дека ова е вистинскиот пат за мене. Сега сум навистина среќен поради ова што ми се случи, немам зборови ни да ја објаснам радоста што моментално ја чувствувам во моето срце - ни рече отец Аверкиј.

Слични чувства имаше и отец Евнувиј, кои исто така како мал сакал да биде монах.

- Од 16 години сакав да бидам монах, па затоа на 21 година станав искушеник во манастирот „Свети Јован Бигорски“, за сега да станам монах. Моментално во мене има изобилство на надеж, радост, возбуда и трема, но знам дека овие чувства се најубавите што некогаш сум ги имал - вели отец Евнувиј.
Отец Кирил, пак, кажа дека по замонашувањето се чувствувал како конечно да си дошол дома.
Чувството што го имал тој го спореди со моментот кога дете се враќа во прегратка на татка си.

- Чувствував свештена радост, нешто што можеби за луѓето и нема некоја голема логика. Најсвештен момент од целата вечер за мене беше моментот кога нашиот духовен татко, отец Партениј, нѐ прегрна со мандијата за да нѐ заштити и да ни ја покаже љубовта што Исус Христос ја чувствува за нас - објасни отец Кирил.


Уредување на манастирот за пречек на новите монаси


--------------------------------------------------------------------------------

Двајца монаси добија повисоки чинови

Отец Еразмо и отец Ефросини на патронот на манастирот „Свети Јован Бигорски“ добија повисоки чинови. Отецот Еразмо, кој досега беше јероѓакон, на празникот на свети Јован стана јеромонах, додека, пак, отецот Ефросини од ѓакон стана јероѓакон. 

--------------------------------------------------------------------------------
  
   
Автор: Александра Денковска 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 243
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 201
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 176
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo,...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој...

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Додека Филип проникнуваше со таква љубов кон Месијата, славниот Месија, Христос, дојде во Галилеја и го најде Филипа и му рече: "Дојди по Мене" (Јован 1: 43). - Оваа покана...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас  (04.11.2018)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)

Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото...

« »