логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT468

Моштите на светителите

                 Според учењето на Православната Црква, телото е неопходно за нашето спасение. За нас, верниците, процесот на обожение на душата е и процес на обожение на телото, бидејќи ние се спасуваме со телото. Нашето тело зема се од што живее душата ,го зема и гревот и доброто, грдотијата и светоста. Црквата востановила почит кон светите мошти, прво, затоа што тие се садови полни со благодат, а второ, затоа што се залог дека светиите пребиваат со нас не само со душата, туку и со телото.

TVIT471

             Еден од најтешките и најсоблазнителни настани во последните години за нас, православните, е поврзан со отворањето на моштите на Божјите угодници. Многумина веруваат дека моштите мора да бидат нераспадливи ( нетлени ), т.е. да го чуваат изгледот на телото; а ако изостане такво нешто, тогаш зборуваат за измама и со сите сили се обидуваат да ни го наметнат своето лажно мислење.
Зборот „мошти “ потекнува од коренот (дел од зборот, кој е носител на значењето на поголема група зборови ) „моќ“, т.е. мошти - тоа се коските, скелетот, внатрешната потпора на која се држи телото. Во Требникот, книга која го следи животот на христијанинот од раѓањето па се до смртта, во делот „Опело над лаикот - христијанин“ зборот „мошти“ се употребува во однос на „остатоците“: Кога ќе умре православен, неговите роднини повикуваат свештеник кој, доаѓајќи во куќата каде што лежат моштите на починатиот, става епитрахил и откако ќе запали темјан во кадилницата, го кади телото на покојникот, сите кои се присутни таму и започнува како и обично: „Благословен е нашиот Бог... На крајот од опелото кога го носат покојникот со пеење на Свети Боже: и така земајќи ги моштите, одиме кон гробот... И понатаму: и моштите се спуштаат во гробот, а архиерејот или свештеникот, земајќи го правот со лопата, преминува со крстниот знак над моштите велејќи: Господова е земјата и сè што е во неа и што живее на неа. И потоа истура елеј од кандилото врз моштите.
               Во првите векови на христијанството, моштите на светите маченици биле почитувани исто како и денес, но тие воопшто не се сметале за „нераспадливо тело“ во наша смисла. Ова е особено разбирливо ако се земе предвид дека многу од нив биле фрлани на ѕверови, па дури и палени.
              Свети Јован Златоуст, говорејќи за блажениот свештеномаченик Вавила истакнува: „Од погребувањето на свети Вавила помина многу време, па во гробот останаа само коските“, очигледно не мислел дека телото на светителот нужно мора да биде нераспадливо. Слични мислења наоѓаме и во неговото „Писмо за Макавејците“: „Не ми зборувај за правот, не замислувај ја пепелта и нивните коски изгниени од времето, туку отвори ги очите на верата и погледни ја силата Божја која им е својствена, по благодатта на Духот што ги облече, во слава на Небесната светлина што ги опкружува“. Слично зборува и свети Амвросиј Милански: „Прекрасно е да се види како распадливото тело на светиите прави чудеса“.

TVIT470


             Може да се наведат сведоштвата на многу свети отци кои покажуваат дека во Грчката Црква моштите никогаш не биле сфатени како нераспадливо тело. Ако ја погледнеме светогорската пракса ќе видиме нешто многу невообичаено за нас. Таму е распространето мислењето кое се однесува на секој човек: „Ти си земја и во земја ќе се вратиш“. Откако ќе го погребаат починатиот монах, по извесно време светогорците го откопуваат од земјата за да видат дали неговото тело изгнило. Ако телото е неоштетено, тие веруваат дека човекот бил толку грешен што и земјата не го прима. Започнуваат повеќе и поусрдно да се молат за него, за Господ да му прости и земјата да го прими. Значи, тука не станува збор за нераспадливост на телото. А моштите на грчките светители, на пример Јован Златоуст, се само делови од скелетот.
           Така било во грчката црква. Во Руската пак црква тоа поинаку се подразбирало и учело. Да се потсетиме повторно на значењето на рускиот збор „мошти“, кој потекнува од коренот „моќ“ (моќен, силен). Еве што вели Е. Голубински врз основа на проучувањето на древните руски летописи: „Исправно е да сметаме дека моштите на светителите се понекогаш повеќе или помалку цели тела, а понекогаш само коски. Самото означување на посмртните останки на светителите со зборот „мошти“ покажува дека нашите предци под нив подразбирале воглавно коски, бидејќи зборот „мошти“ означува - коски.
             Во 1478 година, работејќи на Успенскиот храм во Москва, биле отварани гробовите на митрополитите за да се прегледаат нивните тела, а како резултат на испитувањето во аналите е запишано следново: „ Јона беше пронајден цел, Фотиј не беше целосен, само една нога, а Кипријан беше целиот трулежен, останале само моштите“. Сосема е јасно дека „мошти“ значи коски. Во 1667 година биле отворени моштите на преподобниот Нил Столобенски, а за тоа бил известен митрополитот Новгородски Питирим: „Сандакот и неговото свето тело беа изгниени, но светите мошти се целосни“. Е. Голубински ги наведува зборовите на преподобниот Јосиф Волоцки, кој за моштите пишува во својот „Просветител“: „Овие коски се прав и земја; но бидејќи тие се страшни за демоните, а слепите од нив прогледуваат, сакати и болни се исцелуваат од секакви болести... ако видиме некој од светителите, или коска од неговото тело, или прашина од неговиот сандак, со чест и светост треба да го чуваме и со страв да се поклониме и целиваме со љубов“.
               Се разбира, сето тоа не значи дека нема нетлени тела на светители. Телата на многу свети угодници се зачувани или целосно или делумно. Еден од примерите што ги забележа советската влада се моштите на Јарославските чудотворци. При отварањето е составен акт во кој се вели дека кнезовите од Јарослав - Теодор, Давид и Константин „имаат зачувано тело, коски, 'рскавица и кожа на исушеното тело“. И ова не е единствениот случај, се разбира. Нетрулежното тело на Свети Јоасаф Белгородски се наоѓа во музеј. Во Черниговски се наоѓаат моштите на свети Теодосиј, кому само дел од петата му изгнила. Моштите на Тоболскиот митрополит Павле, кои се чуваат во Киевско-Печерската Лавра, се исто така цели, но тие не се сметаат за мошти на свет угодник.
               Ако се земе предвид сето ова, станува јасно дека Црквата никогаш не поучувала за моштите како за нераспадливи тела. Прославувањето на посмртните останки на покојникот се прави без разлика дали неговото тело изгнило или не. Светителот се прославува заради неговиот живот и за благодатната помош што им ја пружал на луѓето за време на неговиот живот но и по неговата смрт. А моштите се остатоци од свет човек, сочувани тела и коски, па дури и остатоци во форма на прашина и пепел. Црквата отсекогаш учела така. Но, во исто време, постоеле тенденции моштите да се перципираат токму како нетрулежни тела.
               Ајде да видиме, можеби во последно време се појави ова ново учење за „нераспадливост“ на моштите? Сите се сеќаваат на отворањето на моштите на преподобен Серафим Саровски. За многумина во тоа време беше соблазнително што беа пронајдени само коски. Во Петроград се раширија гласини дека старец Серафим воопшто не е свет, дека моштите се отвораат само поради желбите на Синодот и на Господарот; се зборуваше дека оригиналните документи од отворањето на моштите се кријат од луѓето. Овие гласини ја вознемирија јавноста, а покојниот петроградски митрополит Антониј (Ватковски, почина во 1912 г.) беше принуден да објави послание во кое вели дека прославувањето на моштите на светите угодници воопшто не се прави бидејќи тие имаат нераспадливи тела, туку поради нивниот свет живот. Овој говор беше важен затоа што, прво, беше упатен до целата јавност и, второ, се однесуваше на еден многу голем светител, за чија светост оставиле сведоштва нашите предци, чиј спомен живее и затоа немаше сомнеж за неговата светост,неговите подвизи, моќта на неговата молитва, неговата помош на напатените.
               Треба да се каже дека поимот за „нераспадливи мошти“ постоел уште во старо време. Ова изгледа несфатливо кога ќе се спореди со штотуку наведените расудувања. Очигледно, терминот „нераспадлив“ се користел во поинаква смисла, како што покажува следниот пример. Војводата од Суздал во својот извештај до архиепископот на Суздал за увидот на гробот на Борис Јурјевиќ вели дека „коските се цели“, а потоа веќе ги нарекува „нетлени коски“. Изгледа дека зборот „нераспадлив“ се применувал не само за телото, туку и за коските, т.е. за какви било остатоци кои се нарекуваат мошти.
                Кога Бог го создавал човекот, тој зел прав од земјата и му вдахнал дух животен. Човекот се нарекува круна на создавањето, тој е „гласник на Божествените Тајни“, вели Григориј Богослов. Прво се создал невидливиот свет – сводот небесен, потоа видливиот свет и дури тогаш Господ создал човек во кој ги соединил двата света. Човекот е предодреден да биде ангел по тело, како што се пее во тропарот на пророкот Илија, а Црквата, пеејќи за светите угодници, зборува за нив: „Ангели земни и луѓе небесни“. „Она што е Бог за душата, тоа е душата за телото“, вели Григориј Богослов, а ако задачата на човекот е обожување, тогаш тоа е обожување не само на душата, туку и на телото. „Човек мора да го стави своето тело, како помошно средство (во однос на душата), - продолжува светителот, - во служба на Бога. Кај луѓето душата не може да биде одвоена од телото (се одвојува само по Божја наредба, кога се упокојуваме, и тоа само привремено), и ако душата на човекот е света, тогаш свето е и неговото тело.

TVIT469


              Постои и друг поглед на телото што е впечатливо изразен во тестаментот на Л. Н. Толстој, кој своето тело го нарекува „одвратна и непотребна работа“ што треба што поскоро да се отстрани за да не смета во животот на другите: „Навистина се откажав од Црквата, престанав да ги извршувам нејзините обреди и напишав во тестаментот на моите ближни, кога ќе бидам на смртна постела, да не пуштаат кај мене црковни служители и што поскоро да го тргнат моето мртво тело, без никакви зборови или молитви над него, како што се отстранува секоја одвратна и непотребна работа, за да не би сметала на живите“.
              Според учењето на Православната Црква, телото не само што не е „одвратна и непотребна работа“, туку е неопходно за нашето спасение. За нас, верниците, процесот на обожување на душата е и процес на обожување на телото, бидејќи ние се спасуваме со телото, а Св. Григориј Богослов вели дека душата ќе стапи во горните одаи „заедно со телото , стопувајќи се со неа во еден дух, ум и бог“, бог - во смисла на обожување. Христос ни го откри патот до обожувањето, само треба да го следите, зависи од вас.
               А што е тоа плот или тело? Во христијанското учење постојат три поими за плотта: 1) плот безгрешна, света, Божјо создание, онаа плот за која е речено: Словото (Логосот) стана тело (Јован, 1, 14) и која во Христа толку се освети, што Спасителот вели: Кој го јаде моето тело... има вечен живот (Јован, 6, 54); 2) „плот“, - „плотски“ - односно гревовна, спротивно на „духот“, - „духовното“; 3) нашето тело во кое се соединува и едното и другото. Иако нашата плот е огревовена, не треба да заборавиме дека е создадено од Бога.
              Кој внимателно ги слушал парастосите, се присеќава на овие зборови: „Плачам и ридам, размислувам за смртта на адот и ја гледам убавината наша, создадена според ликот Божји, унакажана, посрамена, изобличена како лежи во гробот“. Овде не се зборува за душата, туку за телото што лежи во гробот - дека е создадено според Божјиот лик. Ако целта на христијанскиот живот е да се придобие Светиот Дух, тогаш не само за душата, туку и за телото, за што сведочат со своето искуство и живот, светите Божји угодници. Господ, пребивајќи во Тело, творел чудеса, ги воскреснувал и мртвите (синот на вдовицата од Наин, ќерката на Јаир), преку Телото дури и облеката Христова се осветувала и станувала чудотворна – допирајќи се до неа, се исцелила крвоточивата жена. Дури и сенката на апостолите правела чуда - оние на кои паднала се излекувале од своите болести. Не можеме да живееме надвор од телото. Само по Божја волја привремено се прекинува соединувањето на душата и телото. Секогаш треба да се сеќаваме што вели апостолот: „ Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при¬па¬ѓа¬те само на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји. “ (1. Кор., 6, 19-20).
Според учењето на отците на Црквата, нашето тело зема се од што живее душата,го зема и гревот и доброто, грдотијата и светоста. Светите отци нè советуваат да не го обвинуваме телото за нашите грди постапки, туку духот и душата, гревовните помисли кои се јавуваат во душата. Злото не започнува од телото, туку од душата, и обратно - ако душата го примила Светиот Дух, се пренесува на телото и се предава на тој начин што секој негов дел, секоја коска , секој екстремитет се осветува. Сетете се на благодарствените молитви по Светата Причест: „... туку продри во мојата утроба, во секој мој состав и секој зглоб, во внатрешноста и во моето срце “.Спали го гревовното трње на беззаконијата мои, душата моја очисти ја, мислите освети ги, зајакни ги составите со коските, просвети ги петте мои прости сетила и оковај ме сиот во стравот Тво ''.
               Ако така го разбереме значењето на нашето тело - како сад на Светиот Дух, тогаш разбирливо е што значат гробовите на светите Божји угодници за верниците - воопшто не е исто што и гробот на некоја значајна личност. Во гробовите на светите угодници е скриена благодатта. Бидејќи постои само ова прашање: или воопшто не веруваме во Бога и можноста за духовно осветување и осветување на нашето битие, или пак веруваме во стекнување на Светиот Дух со целото наше битие - тогаш телата на светите угодници ќе бидат свети за нас. Ако веруваме дека можеме да ја примиме Божјата благодат не само со душата, туку и со телото, тогаш ќе ни станат јасни зборовите на свети Јован Златоуст: „Отвори ги очите на верата и погледај на нивната својствена Божја сила, на благодатта на Духот во кој се облечени“. И тогаш тие коски, тој прав, ќе ни бидат драгоцени не само како остатоци на драги луѓе, туку како садови полни со благодат: „Вашите чесни мошти се како сад полн со благодат што се излева врз сите што им приоѓаат. ...“ (Од акатистот до преподобниот Сергиј). Макариј Египетски зборува многу за тоа дека светителите го примиле Светиот Дух не само со душата, туку и со телото.
                Од ова произлегува дека богослужбата не е само собрание на двајца или тројца во името на Бога. Тоа не е така едноставно: јас и ти се собравме и веќе можеме да служиме богослужба. Центарот на богослужба е Евхаристијата, а често ја вршат лоши, гадни, грешни луѓе. Но, ние сепак веруваме дека Тајната навистина се случува, дека навистина има претварање (преобразување) на лебот и виното во Тело и Крв Христови со кои се причестуваме во Тајната на Евхаристијата. Па, ние често сме само тело во храмот, можеби и воопшто не се молиме, свештеникот што ја извршува Светата Тајна можеби не се ни моли, сепак, веруваме дека Светата Тајна сепак се случува.
            Што ни ја дава таа сигурност? Треба да се знае дека Црквата е пред се Црква Небесна и дека, со извршување на Евхаристијата, ја извршуваме во името на целата Црква - Небесна и земна, во името на светиите кои извршиле добри дела на земјата , а пред се во името на Богородица. А свештеникот кој го врши преобразувањето на Светите Дарови верува дека тоа се врши не поради неговите заслуги и молитви, туку во името на целата Небесна Црква. „Ти ја принесуваме оваа словесна служба (во името) за упокоените во вера праотци, отци, патријарси, пророци, апостоли, евангелисти, маченици, исповедници, учители, и секој праведен дух во вера што починал, а особено за Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија'' - вака се моли свештеникот во име на оние на кои постојано прибегнува во молитвите.
Во суштина, не може да постојат Тајни во богослужението за оние кои не веруваат во општењето со светителите. Ако немаме врска со нив, ако ги отфрламе живите членови на Телото Христово, тогаш го немаме ни самото Тело Христово, ниту Црквата, ниту Тајните. Се разбира,и сега постојат Божји избраници, тие можеби се меѓу нас, но ние не ги познаваме: сепак, преку нивните молитви ја имаме полнотата на црковниот живот. Ако сето ова не се само зборови за нас, тогаш разбирливо е зошто литургијата се врши и се вршела над мошти уште во катакомбите и зошто 5. Вселенски собор го потврдил овој обичај. Христијаните верувале дека не се свети само душите, туку и телата на угодниците, а 7 Вселенски собор утврдил дека без антиминс со честичка од свети мошти, не смее да се осветува Црква. Моштите на светите угодници се залог дека тие со нас го извршуваат богослужението.

TVIT467


                Нашето тело не е бескорисна работа, туку е создадено според Божјиот лик и може да биде исто толку свето и нераспадливо како душата. Во канонот за Света Причест читаме: „О, страшни тајни! О, милоста Божја! Како јас ништожниот, се причестувам со Божественото Тело и Крв и станувам непропадлив“ (нетлен во црковен израз). Овде зборуваме за бесмртноста не само на душата, туку и на телото. На ист начин, крштевањето ја прави нераспадлива не само душата, туку и телото.
              Сега можеби ќе ни стане јасно што се подразбира под поимот „нетрулежни мошти“, „нетлени коски“. А за човек кој е далеку од Црквата, тоа може да биде соблазна исто како што за многумина може да биде соблазна молитвата за целомудрие при извршувањето на Светата Тајна Брак, - целомудрието не мора да претпоставува девственост. За црковниот човек, очигледно е дека ние што имаме тело мора да го ставиме во служба на Бога и дека целта на Христовото доаѓање е осветување не само на душата, туку и на телото, т.е. воспоставување на образот Божји во човекот.
            Кога ќе воскреснат сите што се во гробовите (од Чинот за погребение), како што воскреснува душата, така ќе воскресне и телото. Ако душата станала почиста и подобра, такво ќе стане и телото. Обично не ја разбираме вака нераспадливоста на телото, сместувајќи го пред воскресението на мртвите.
           На опелото, свештеникот се моли: „Ти што еднаш ме создаде од небитие и ме удостои со Твојот Божествен лик а поради прекршување на заповедта ме врати во земјата од која бев земен, врати ме во божественото подобие , за да се облечам во првобитната убавина“.
          Затоа, Црквата востановила почит кон светите мошти, прво, затоа што тие се садови полни со благодат, а второ, затоа што се залог дека светиите ќе пребиваат со нас не само со душата, туку и со телото.

 

Свештеномаченик Сергиј (Мечов) / prijateljboziji.com
Превод и обработка Симеон Стефковскзц

 Извор:

Premin.166.167

ПРЕМИН бр.167/168

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5861
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6665
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6473
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5656
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная