логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Чудотворната Литијска икона од манастирот Света Богородица Пречиста - Кичевска


Подемот на манастирот Света Богородица - Пречиста продолжува и во XVII век, кога, откако била претходно запалена (1558 година) за новоподигнатата црква се нарачуваат икони и други уметнички и богослужбено - литургиски предмети. Една од тие икони е и литиската, двострано сликана икона од 1642 година со претстави на Христос, од едната, и Богородица, од другата страна. Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф, како што запишал „за негов вечен спомен“.

Ова е накратко нејзината историја:


1642 год. - иконата е иконописана од засега непознат иконописец. Таа е двострана - на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја.


1868 год, - Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа.
Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир „Св. Ѓорѓи“ и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот „Пречиста Кичевска“.


По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор.


Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки.


- Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до „другата“ и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е. опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица. Со нив некои оставале и пари а текстовите се пишани со најразличен стил писма - има од стари арапски до најнови со телефонски броеви. Ова особено се открило дури при конзервацијата на оваа икона од страна на националниот конзерваторски центар во Скопје во октомври - ноември 2005 год„ од каде и се вратени пак каде што си стоеле, а по конзервацијата.

 

Kicevo.mk



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 425
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 914
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1147
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…