логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во четврток, 28 мај 2009 година, со почеток во 20.30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект-мултимедијален центар Мала станица, ќе се отвори изложбата на  уметницата Моника Десоска. Десоска по втор пат се претставува во Националната галерија на Македонија. Нејзиното прво претставување беше во 2004 година, во објектот Чифте амам а насловот на проектот беше Трчање во круг - видео инсталација.

Последниов проектот е насловен Повеќедимензионални светови и претставува светлосна инсталација во затворен простор, составена од материјални објекти, светлосни ефекти кои даваат други димензии, исполнети со пулсирачкиот принцип на човекот и пулсирањето на вселената. Преку патувањата што човекот ќе ги направи во иднината, ќе ги види, чуе, почувствува, осознае новите непознати повеќедимензионални светови, како што е и самиот тој, повеќедимензионално битие со своите бескрајни можности. Инсталацијата се состои од објекти кои се поставени во еден од галериските простори на мултимедијалниот центар Мала станица, а се осветлени со спот светла од подот, притоа создавајќи еден интересен свет на “кохабитација”.

Моника Десоска е родена 1973 во Прилеп. Дипломирала 1997 на ФЛУ во Скопје. Во 2002 година е добитник на наградата „Љубомир Белогаски”, за успешна изложба за проектот „Простор” реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје, Скопје. Селектирани самостојни изложби: 2006, Минијатури „Работилница”, Белград, Србија; 2003 Видео инсталација, Културен центар, Анталија, Турција; 2002 Перформанс, Музеј на современата уметност, Скопје и многу други. Учествувала на голем број групни изложби во земјата и во странство.


Со почит,

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
НА МАКЕДОНИЈА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

11/05/2024 - сабота

Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира; Светите маченици Максим, Дада и Квинтилијан; Светиот маченик Тибал;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 29 април / 12 мај 2024

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 29 април / 12 мај 2024

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светите Христови апостоли Јасон, Сосипатар, маченицата Керкира девица и други 28 април / 11 мај 2024

Тропар на светите Христови апостоли Јасон, Сосипатар, маченицата Керкира девица и други 28 април / 11 мај 2024

Велик си Ти Господи во срцата на Твоите апостоли,Јасон и Сосипатар, кои Тебе Жив имајќи Те, чудеса твореа, ѕверови скротуваа,...

Тропар на светиот Христов странопримец Евлогиј 27 април / 10 мај 2024

Тропар на светиот Христов странопримец Евлогиј 27 април / 10 мај 2024

О отворени врати небесни,за тебе свети Евлогие, кој Авраам го поддржуваше и од Самарјанинот се поучуваше. Радувај се свети подвижнику,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная