Одговара: отец Горан Тасески
Прашање:
Од Сашо- Би сакал да ги дознаам православните начини за лекување на болестите на човечкиот организам. Што е дозволено од црквата?
Одговор:
Господ да ве благослови
--Прашањето според мене е доста интересно и сите нас не предизвикува на едно посеопфатно расудување околу начинот на лекување на нашите болести . Јасно е дека Библијата ја благословува професијата лекар, Лекарот пред се треба да е високостручно образована личност која исто така ќе се одликува и со големо човеколубуе и неизмерна грижа за здравјето на својот ближен.
Но исто така треба да се обврне внимание на една многу битна работа при образованитето на лекарите фармацевската наука често пати личностите на лекарите ги инструментализира ги обезличува ги става во служба на своите достигнувања иако истите не се потврдија како ефикасни ами најчесто предизвикуваат осиромашување на човековиот имунитет и го доведуваат човекот во постојанен конзумент на нивните
,,еликсери,, за здравје кои не само што не се тоа, туку се често пати поттикнувачи на развојот на болестите . Така ако не боли глава пиеме аналгин . кафетин дијазапам и што уште не од нивните ,,еликсири,,, а со тоа наместо да се лекуваме вистински стануваме зависници од овие лекови а нашиот имунитет е уште послаб.. Ова е еден најблаг пример од штетните влијанија на ,,еликсерите ,, за здравје. За да се подобри имунитетот на децата се воведуваат се нови и нови вакцини кои во себе содржат многу штетни состојки и вируси кои само посебе се штетни и како такви тие не можат да лечат а да не зборуваме за генетскиот материал кој се содржи во некои вакцини од поновите генерации, појавата на некои нови тешки психосоматски заболувања кај децата за кои медицината нема ниту одговор како настанале ниту лек како да се излекуваат од многу аспекти покажуваат дека се плод на многубројните вакцинации и користејње прекумерно антибиотици./ за ова видете во текст со наслов ,,Се е суета..,, .објавен на оваа интернет страница/.
Денес медицината веќе ја гледа својата заблуда со лекувањето на болестите со таканаречните антибиотици / во превод против животот/па се свртува кон така наречната алтернативна биомедизина . Но и таа почнува да се индустријализира и иструментализира па сега на пример имаме спирулина во фармацијата можеби повеќе отколку на цела планета земја ...
Таканаречената хомеопатија пак е принцип на лекување кој можеби има некои резултати но истиот треба да биде подлабоко изанализиран па потоа да се прифати како терапија .
Но што да се прави , моето расудување оди во насока да се вратме на еден здрав светотаински живот во црквата- редовно учество на богослужбите , молитва ,пост ,покајание, ,исповед, причест . Да ги возобновиме оние стари народни начини на лекување кога лекот дирекно од природата бил избиран за конкретна болест, бил приготвуван на најприроден начин преку сушење ,варење, ферментирање или слично и како таков бил употребуван во лекувањето на болестите.
Основната и најбитната работа е да се пристапи во сите овие процеси со усрдна молитва кон Бога кон светите бесребреници лекари. Слава му на Бога ние сеуште имаме рецепти на таканаречени народни лекарства кои се потврдени во лекувањето на некои болести со голем успех, па моја препорака е да направиме заедничка инцијатива истите да ги пронајдеме да ги запишеме и да ги истакнеме нивните дејства при лекувањето . За оваа инцијатива да биде успешна треба да се вклучат што повеќе верници а воедно и стручњаци како лекари, ботаничари и слично, па со тек на време да се издаде една заедничка збирка која ќе биде плод на верата во Бога Кој е Лекар на сите и на се и на заеднички нелицемерен труд за доброто на ситеВо Слава Божја и за Спасение за Сите,амин!