логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

9 јуни 2011

Индекс.хр-Загреб


И додека во Европа поради епидемијата на ешерихија коли се одвива играта „обвини го другиот“, супер отровниот вирулентен вид на бактеријата ешерихија коли се уште ги полни болниците и на докторите им задава маки, а никој не го поставува прашањето како е можно ешерихија коли волшебно преку ноќ да стане отпорна на осум различни состави на антибиотици и уште да заврши во храната.

Мајк Адамс, уредник на порталот за здрав живот naturalnews.com, во својот текст даде одговор токму на тоа прашање. Иако на прв поглед звучи како уште една теорија на заговор, аргументите на Адамс истовремено се логични и застрашувачки.

Овој вид на ешерихија коли има неверојатна убиствена комбинација на карактеристики.

Бактеријата која предизвика епидемија во Европа, германските научници ја идентификуваа како EХЕЦ која припаѓа на вирулентниот вид 0104:H4, а Адамс тврди дека бактерии од видот 0104 речиси никогаш не се отпорни на антибиотици, барем не во нормални околности.

За да можат бактериите да ја постигнат оваа отпорност потребно е повеќекратно да се изложуваат на антибиотици за да се поттикне мутација која конечно ќе ги направи отпорни на лек.

Со реверзибилен инжинеринг на генетскиот код на овој вид ешерихија коли германските научници открија дека е отпорна на осум видови антибиотици кои се користат во болниците. Освен тоа, овој вид 0104 има способност да произведе посебни ензими кои и даваат одредени својства кои можат да се наречат „бактериски супер моќни“.

И како тоа да не е доволно, овој вид на ешерихија коли содржи два гена, TEM-1 и CTX-M-15, кои веќе долго време ги загрижуваат докторите, бидејќи толку се опасни што кај многу луѓе заразени со бактеријата која носи такви гени доаѓа до прекин на работа на органите, а со самото тоа и смрт.

Дали овој вид на ешерихија коли настанал по пат на биоинжинеринг?

Во овој момент, Адамс се прашува како настанува бактериски вид кој е отпорен на десетина антибиотици, има развиен „суперензим“ и содржи две смртоносни генски мутации?

Тој тврди дека постои само еден начин до тоа да дојде, а тоа е зачестено и контролирано изложување на бактеријата на тие антибиотици. Тоа е долг и комплициран процес на создавање на генски најиздржливи слоеви на бактеријата. Сличен процес на генетска селекција се користи во развој на биолошко оружје во американските лаборатории.

Адамс смета дека практично е невозможно таков процес да се одвива сам од себе во природни услови. Со оглед на тоа дека зеленчукот не содржи антибиотици, малку е веројатно дека бактеријата отпорноста ја стекнала на тој начин. Единствено логично решение е во лабораторија, тврди Адамс.

Проблем – реакција - солуција.

Адамсовата теорија сугерира дека овој опасен вид на ешерихија коли вештачки е создаден по пат на биоинжинеринг, а потоа е „пуштен“ во резервите на храна со многу специфична цел, а тоа е контрола на светскиот пазар на храната. Класичниот проблем - реакција - решение, апсолутно е применлив на оваа ситуација.

Проблемот е што свежата храна е затруена со ешерихија коли. Реакцијата е паника поради тешките болести кои се предизвикани од консумацијата на таков зеленчук. Решението е забрана и стигматизација на свежа храна и контрола над светското снабдување на храна.

Шпанија беше против воведување на GMO во својот земјоделски систем.

Адамс смета дека не е занемарливо што ова се случува во момент кога ЕУ забрани употреба на лековити растенија и природни суплементи во медицината. Според него, консумацијата на свежи и природни производи го развива имунолошкиот систем и го штити од болести, за разлика од GMO храната која предизвикува одредени мутации кои бараат постојана медицинска помош и зависност од лекови.

Адамс смета дека не е случајно што шпанскиот зеленчук прв се обвини, бидејќи податоците кои претходно ги објави Викиликс покажаа дека Шпанија не сакаше да воведе GMO во својот аграрен систем.

Фармацевстките компании имаат и средства и мотив.

Дури и ако држи теоријата дека овој вид на ешерихија коли е произведен со бионжинеринг, останува прашањето кој тоа го направил. Адамс со прст прво ќе покаже на големите фармацевстки компании. Тој смета дека најреална можност е дека тие стојат зад овој заговор, бидејќи имаат и средства да изведат такво нешто, како огромен мотив.

Дури и ако за момент помислиме дека не се работи за теорија на заговор и дека такво нешто би можело да се случи случајно, Адамс тврди дека тоа би било уште полошо од намерното создавање на супер бактеријата. Тоа би значело дека е можно вирусите и бактериите со екстремни својства да настанат во природни услови, а нема да знаеме ништо за нивните карактеристики.

Почнува ера на био-војна.

Адамс на крајот заклучува дека смртните случаи кои ги предизвика ешерихија коли можат да се избегнат, но тие се последица на негрижа и незнаење. Тоа што според него, треба да предизвика страв е дека оваа епидемија може да биде показател дека сме влегле во ера на био-војна.

Војна во која контролата над светската популација ќе се спроведува низ понуда и побарувачка на храна и лекови. вз/сд/12.00-МИА



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 505
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 287
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 267
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

« »