логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Филип Зидаров

 

 

Ликовниот критичар од Софија селектираше 45 дела за Зимскиот салон на ДЛУМ

КАТЕРИНА БОГОЕВА

Во Скопје неделава за прв пат во функција на селектор на пристигнатите ликовни дела за презентација на годинешниот „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, престојуваше ликовниот критичар, кураторот од Софија Филип Зидаров. Тој одбра четириесет и пет, од вкупно 120-те дела работени во различни техники, од автори од различни генерации кои публиката ќе може да ги види на традиционалната биенална изложба што треба да биде отворена во средината на февруари во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

Во разговорот воден по селектирањето, Зидаров посочи на своето познавање на македонската ликовната сцена и за време на поранешна Југославија, на начинот на кој размислувал при селекцијата на делата создавани на тема „Шенген - непристоен предлог“, а ја искажа и својата разочараност од неповолната ситуација во која се наоѓа денес ликовната критика во Бугарија.

„Позната ми е македонската ликовна сцена, во земјава сум доаѓал и претходно во неколку наврати. Нашите земји се блиски територијално, јазикот ни е близок и ваквите контакти ги сметам за многу нормални.

Мојот интерес за македонската современа уметност датира уште од времето на поранешна Југославија. Јас своите специјализации на полето на ликовната уметност и критиката ги минав во Европа и Америка и имам богато искуство како куратор и ликовен критичар на локален, регионален и интернационален план, но не можам да речам дека примарно го следам регионот, бидејќи интересот е поврзан секогаш со одредена задача во одреден период “ - вели селекторот кој од пред извесно време работи и на реализација на балканско - американски проект, во рамките на кој за една до две години треба да селектира уметници од неколку балкански земји и Америка, со цел нивното творештво да го презентира на соодветни изложби на двете страни.

Вели дека работата на селекцијата на делата за Зимскиот салон за него претставувала предизвик кој го разбрал како понудена можност ДЛУМ да добие професионално безпристрасно мнение, но и да се огради од различните игри меѓу авторските кругови.

„Менувањето на селекторите на изложбата го сметам за многу добро решение, бидејќи на тој начин и се менува и погледот, аголот на гледање на понудените дела, што е од полза и за културата воопшто. Може да се каже дека дојдов сосема на „бела територија“, иако и претходно познавав некој од уметниците кои учествуваат со свои дела. Се обидов да се ослободам од предвремени очекувања за не бидам пристрасен. Им пријдов на делата со врзани очи, па потоа го тргнав превезот и видов што има пред мене. Според мене, тоа ќе биде една многу интересна изложба, бидејќи сметам дека предизвик за самите автори е самата тема која може да ограничува од една страна , но и да биде толкувана на најразлични начини. За мене беше многу интересен проблемот шенген со кој се занимава изложбата, сакав да видам дали има тука нешто типично македонско. Секој човек кој живее на Балканот го има чувството дека е жртва, на чие надминување мора да се работи. Но, тука има уште еден момент, секој проблем преведен на јазикот на уметноста или во сферата на естетиката добива друга смисла, духовна, филозофска и затоа нештата одат многу подалеку од конкретниот проблем. Утре или друг ден , Македонија или некоја друга балканска земја ќе биде член на шенген, но тоа луѓето нема да ги направи поразлични. Други нешта влијаат на разликите, а не тоа. Парадоксот на хомобалканикусот е синдромот на доцнењето, поради што и последните држави кои се примаат и ќе бидат примени во ЕУ се од Балканот “ вели кураторот Филип Зидаров, кој како што потенцира при селекцијата на делата, не размислувал за техниките во кои истите се работени, туку за присуството на ликовните содржини. Имал, вели, доволно неутрален поглед кон темата, која доколку се буквализира, почнува и да се оддалечува од својата метафоричност.

„Не ме интересираат буквализми и затоа сакам повеќе изложбата „Зимски салон“ да може да зборува и на својот филозофски јазик, на својот јазик на уметноста, а не само на јазикот на конкретната тема. Имињата на уметниците ги видов кога веќе беше направен 90 проценти од изборот на делата и не се изненадив од избраните имиња. Не сакав да им робувам на авторитетите, кои ги има и кај нас и кај вас, бидејќи уметноста е игра , прекрасно движење на некакви знаци. Затоа и сакав да ја запазам можноста за поливалентност, полифункционалност“.


Александар Нетковски „Вчерашен свет“, 2005 година

За него македонската ликовна сцена е некаков наследник на ликовната сцена од поранешна Југославија, која за разлика од другите источноевропски земји, ја опишува како многу послободна.

„За разлика од уметниците кај нас и на исток, македонските уметници можеа да патуваат по цел свет, а тоа создаваше контакти и можности за нивен подиректен естетски развој. Ми се чини дека работите донекаде се свртеле. И во Македонија има една нова завеса, (колку е железна или не, неможам да кажам), но претпоставуваме дека е дел од внатрешната дилема на авторите пред кои беше поставена темата за работа. Иако работите се вртат, најважна е верата во она што го правиш и затоа се надевам дека темата на оваа изложба „Шенген- непристоен предлог“ е многу поширока отколку што изгледа на прв поглед. Не станува тука за шенген, туку за синусоидата на човековиот живот. Моето присуство тука го гледам и како можност за воспоставување и развој на естетските контакти кои треба да ја движат ликовната сцена во поширокиот простор.“

Филип Зидаров предава на Ликовната академија каво Софија и е шеф на одделот за ликовна уметност во Националната уметничка галерија. За местото на ликовната критика во Бугарија говори со огорченост, нагласувајќи дека истата нема значење ниту за ликовната сцена, ниту пак за самата себеси.

„Тоа не проблем од вчера. Во изминатите десет години работите станаа многу потрагични, бидејќи специјализираните весници за уметност почнаа да исчезнуваат , а можам да кажам и дека сосема исчезнаа. Весниците кои излегуваат, вклучувајќи ги и дневните, наполно се профанизирани и се занимаваат само со исклучително непријатниот дел од популарната култура која е на најниското ниво. Во Бугарија е наречена - чалга и нема ништо заедничко со високата уметност, ниту пак со ликовната сцена. Немаме каде да објавуваме, бидејќи не постои интерес за вистинска ликовна критика. Нештата се сведени на најнизок тип новинарство, а има и уште еден негативен момент, се помалку луѓе пишуваат ликовна критика.

Во изминатите десет години, ликовните критичари од Бугарија со сериозен интерес се занимаваат со меѓународно кураторство. Тоа дава многу повеќе резултат и има повеќе професионална смисла за самиот автор на критиката. Сакам работите да се променат и да придонесат за поголемо раздвижување, вклучувајќи ја и ликовната критика бидејќи има за што да се говори, да се толкува, да се пишува за некакви настани кои ги предизвикуваат ликовните интереси кои излегуваат од рамките на локалното. Сметам дека тогаш ќе има повеќе смисла за постоење на ликовната критика како наука, како дејност“ - рече на крајот на разговорот ликовниот критичар, селекторот на годинешниот „Зимски салон“, кој и ќе ја постави изложбата, за како што вели, истата да биде куратоски поавторска.

Извор: Утрински весник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1306
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1638
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная