логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Катица Ќулавкова, поет, книжевен теоретичар, херменевт, есеист, препејувач, антологичар. Работи како професор по теорија на книжевноста, по книжевна херменевтика и по креативно пишување при Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески"во Скопје. Редовен член на МАНУ е од 2003 година и потпретседател на Меѓународниот ПЕН од 2008 година. Основач е на повеќејазичната електронска едиција Разноликост/Diversitу. Избори од нејзината поезија и поетски книги се преведени на повеќе јазици.

POST FETUS

Речник - соновник:

Пометнување: етимолошки, оваа глаголска придавка потекнува од глаголот пометне, кој значи да се отфрли нешто, нешто да се исчисти (тоа е македонски синоним за пометнување/абортус), со што доаѓа до прекин на бременоста. Пометнувањето подразбира свесно (намерно) или спонтано (несвесно, неволно) го усмртува плодот, зародишот на човек во жената, обично во раната фаза од бременоста. На српски и хрватски гласи побачај/pobačaј, на латински abortus, а на англиски abortion.

Во македонскиот јазик, за овој поим не постои „чиста“ именка со завршено дејство, туку само оваа глаголска именка која дејствува, која не престанува да трае, да ровари, да гризе, да потсетува, да враќа назад, а животот тече хармонично и слободно само кога се одвива во сегашноста. Не се работи за носталгија, се работи за немоќ да се исчистиш од вишокот, да се прочистиш, да доживееш катарза, да се ослободиш. Се работи за еден невидлив затвор, оној што самите себеси си го подигаме, пометнувајќи го зачнатиот живот. Има мигови кога туѓиот живот е наш, ама доцна дознаваме.етла. Како би се опишало, со други зборови, пометнувањето за време на бременоста? На почетокот е словото, речта, па од неа би започнала и во овој случај, оти таа во себе ги има сочувано сите значења што ги прегрнала во мигот кога е создадена да го означува чинот на Метежот, кога го чисти и го фрла сметот.     Метла. Колку проста, а колку сложена реч! Реч која го означува и субјектот-лицето кое го врши дејството на метењето/чистењето, и лицето во коешто се случува метењето, и предмет за метење, а згора на тоа претставува и симбол зад којшто е притаен архетипскиот праобразец на метлата. Рака, див предмет, алатка, хируршка ножица, а сепак жена, сепак човек, сепак рожба.

    Да се пометне нешто значи да се пометне некого. Некој се ослободува од нешто непожелно или од нешто кое доаѓа во несоодветно време, од некое живо суштество кое се зачнало во сомнителни околности, без љубов или во забранета љубов. Некој го чисти со време она кое би можело, подоцна, по раѓањето, да го извалка. Фикции произведени (најчесто) од моралните клишеа или од егзистенцијалните стеги.
    Словото, и кога изгледа бесмислено, таи некоја смисла, некој логос, некој Божји клуч. Така, и во глаголот пометна е закатанчена/впишана некоја колективна памет, некое сеќавање на драматичното толкување на архетипот на пометнувањето.
    Метеж, смут, безредие, хаос. Хаосот предизвикан од чинот на пометнувањето, тоа неразумно мешање на сметките, човечките и божјите, разумните и неразумните, тој потиснат судир меѓу посакуваното и непосакуваното, меѓу она кое треба и она кое не би требало да се збидне, меѓу она кое не мора да биде, а се оди во прилог на тоа да мора да биде. Хаос, смут од спротивставени пориви и мисли меѓу моралното, потребното и саканото, непомирени сили, немоќ да се соочиме со вртлогот на тој проклет триаголник на трите глагола: сака, треба, мора, сакам, треба(м), морам.Мало е растојанието меѓу метежот/безредието и сметот. Да изгубиш за миг рамнотежа и ќе го пречекориш растојанието. И после нема враќање. Спознаваш на дело што е неповратно. Тоа е не обичен збор. Зборот станува судбина. Зборот се преобразува во траума. Зборот бива (бидува) казна, ти биваш (бидуваш) казнет. Ние сме казнети. Ние сме лишени. Всушност, и за жал, самолишени.

    Игра. И гледаш пред себе, како што мине времето, еден потег го сменил текот на Играта. И сфаќаш, Играта не е подиум на слободата, напротив, Играта има строги правила, свој внатрешен закон, свој Космос во којшто некој погрешен, некој злодобар потег го пореметува текот на Играта, ги растура фигурите, го предодредува исходот на играта. Некој брза за да загуби. Во оваа игра нема нерешен резултат. Нема реми. Освен тоа, и не се работи само за Игра, за некоја рамнодушна од нас оддалечена случка, за некое отуѓено собитие, туку се работи за нас, играчите, за тоа како и што по прекинатата и изгубената игра? Како назад во животот? Како назад со бремето на споменот, како со раната која не зараснува, како со гризодушјето? Како без бременост, ама со бреме за коешто нема Чистач? Како со сметот дојден од нигде никаде, специјално за нас, специјален гостин на неопределено време...
    Пометник: тоа е она лице кое ја прекинува бременоста, со или без помош на овластено медицинско лице. Потсетува на одметник, на револтиран човек, востаник и бунтовник, кој се спротивставува на востановениот ред и состојба. Бунтовник против животот, му застанува на пат на живиот плод, на новото суштество, му го зема сонцето, заправо му го одзема правото на сонце, на светлост и на живот. А сте помислиле ли колку многу луѓе се молат, мечтаат и се борат да дојдат до дете, да имаат свое чедо, своја рожба? Добро е да помислите на тоа дека само родената рожба може да биде споделена!
    Право и криво. Некогаш луѓето си придаваат право кое природно не им припаѓа, ама го стекнале во општеството, со закон, со идеолошки теории, со морална традиција. Тоа „имање лично неотуѓиво право“ или „земање право“' да се осуети, во самиот зачеток, едно раѓање, едно носење на свет, еден живот, едно суштество, некогаш се одвива несвесно, во очај, при вишок чувства, кога жената ја совладува страв, кога ја фаќа паника, кога не знае што би правела со себе ако остане заедно со плодот, кога нема никаква поддршка од околностите, од семејството, од мажот и „авторот“/„творецот“ на тој ненадеен животворен запис во нејзината матка.
    Матка. Матката е пергамент врз којшто се испишани бројни писма, писанија, записи, мисли, мириси, желби, жедби, крикови, соништа, љубови... Матката пулсира, трпи и впива, го впива мастилото на секој влез во неа, на сите артикулирани и неартикулирани чкртки и цртички во неа, на сликовните писма, блажените и отровните допири... Матката е најстариот жив палимпсест на жената и на мажот. Матката е палимпсест на човештвото.

    Криво право. Тоа користење на стекнатото право да одлучува сама за своето тело, за својата матка и за животот во неа кој, вистина говорејќи, не е по ниедна основа само „нејзин“ (на жената), некогаш се одвива и свесно, грубо свесно, намерно, со предумисла, со предрасуда за тоа што се човекови права и слободи. Некритичкото поимање на слободата вклучува неограничена слобода, ширум отворена врата за поривите и затворена за разумот, мудроста, па и моралот. Оној минимум морал кој го преобразува човечкото суштество во човечно. Онаа свест која се спротивставува на примордијалниот порив да се владее непречено и неограничено, па и по цена да се „проголтаат" своите деца, оној сатурнијански порив да се сотре рожбата за себични цели.

    Телото, тоа сум јас. На почетокот на 21 век, во ерата на постфеминизмот и на други пост-теории и пост-движења, се засилува јавното и манифестно искажување на бунтот против строгите и исклучиви забрани на пометнувањето/абортусот (пост-фетусни дискурси).
    Вулгрна реторика: Паѓа во очи вулгаризацијата на реториката на бунтот, на геслата, лозинките и паролите („Мое тело - мое право“). Жената сама себеси се сведува на „тело“, а не е само тело. И не се работи само за тело, не се работи само за живот, се работи за нешто помеѓу, за смислата на постоењето во телото - во животот- во себеси - со другите...

    Виша човечна свест. Се работи за кругот кој нема почеток и крај, а ние постојано впишуваме нови почетоци и нови краеви не допуштајќи го ширењето на кругот, слободата во кругот... Се работи за нужноста од ширењето на Свеста, на онаа повисока свест која ги прави живите човечки суштества да го достигнат своето битие, да се соединат со себеси и да живеат во склад (хармонија) со себеси. Свеста нека биде емпатична и човечна и кога одлучува што со своето тело кога во него е зачнат нов живот, уште несамосвоен, уште немоќен.

    Закон: Не треба жената да се лишува од правото да одлучи за тоа дали ќе створи нов живот и во какви услови тоа ќе го направи. Секако постојат екстремни ситуации и за нив треба да постои отстапка. Законот не ги решава проблемите. Законот некогаш создава проблеми. Затоа законот не е решение, во секој случај не е единственото решение. Постојат други решенија, не треба тоа да го забораваме. Дури и да падне одлука за „чистење“, тоа треба да се направи на начин доволно одговорен и свесен, за да може подоцна Жената да се соочи со последиците од својата одлука/чинот. Оти, последиците од секое пометнување претежно паѓаат на грбот на жената. На грбот на нејзината душа.
    Сон кој се повторува: некои нешта постојат и кога мислиш дека не постојат, и кога си ги изумил, и кога си ги потиснал, и кога си ги свел на неподнослив минимум, на една малечка нула, едно обезвреднето нешто. Таквите нешта кои навидум не постојат не се ништожни. Ти си заборавила, ама телото памти. Ти си мислела дека си господар на своето тело, ама телото те загосподарило. Телото станува поинтимно со душата (и потсвеста, и несвесното) и со несвесниот дел од нашето паметење/сеќавање, кога сонуваме. Тогаш душата му се доверува на телото и му праќа пораки. Ми праќа абери. Не на другиот, мене ми праќа. Има разлика, нели? Ми праќа слики. Не безлични, напротив, необично лични, потресно лични, чудни слики, чувствено силни и разнобојни слики кои не ми излегуваат од памет. Сликите од сонот ме враќаат Назад. Сонот те враќа назад, не во време и простор, во друг живот, во друг свет. Твојот свет не е само твој. Те враќа не толку кон мигот кога си направил големо чистење во своето тело, туку повеќе кон мигот во едно мртво време, едно време - свет што ти си го осуетил. И ти можеби си го заборавил тоа, си го стуткал во сметот на заборавените собитија, си го ставил во некоја дебела сенка на потиснатата свест, ама твојата пометната рожба си го сочувала своето право да тлее и да постои како Сенка, чекајќи го времето кога ќе се врати кај тебе за да те потсети на себе. За да те потсетува повеќе пати. За да гребе на клучалката на твојата свест. И реве. Одмаздољубиво? Не, напросто желно живот. Макар на сон да живее, ама да живее!
    Прошка: И се смее таа неродена рожба, и ти приоѓа во прегратка, и те гушка, а ти се срамиш од себеси небаре си валкана, нешто не си исчистила добро, метлата нема таква моќ, нешто заборавила, нешто останало во тебе, некоја тревожна трага, па ти треба прошка, ти треба сомилост, ти треба спокој, легнуваш и повторно сонуваш, сонот се повторува. Штом се повторува, тоа не е обичен сон.

    Мајчинска љубов: Како што сонуваш, така се надеваш дека еден ден ќе порасне твоето недоносено, неродено, отфрлено дете и ќе ти прости, ако не со збор, тогаш со поглед, но треба да се подготвиш за тоа, да го научиш јазикот на сонот. Јазикот на љубовта. Јазикот на насушната љубов. Мајчинската.

Скопје, декември 2016

Извор: ПРЕМИН бр. 115/116



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 395
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 472
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 430
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »