логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во која спомнуваме за Православието
ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА
Во сабота вечер, по обичното стихословиеː Господи, повикав, според гласот од Осмогласникот на 10, и пееме 3 стихири воскресни, 3 анатолиеви, и 4 од Триод подобни. Глас 6.
Тебе недостижниот, Господи, Кој пред Деницата беспочетно засветли од нематеријалната бесплотна утроба на Отецот, пророците претскажаа, вдахновени од Твојот Дух, дека ќе бидеш дете, воплотено од Неискусобрачната (Дева), соединет со луѓето и гледан од оние на земјата. Со нив, како штедар, удостој ги соТвоето просвештение и оние што го воспеваат Твоето неискажливо и чесно Воскресение.
Боговдахновените пророци, кои со збор Те проповедаа, и со дела Ти послужија, бесконечен живот заслужија. Не сакајќи да ѝ служат на тварта, освен на Тебе, Владико, Создателот, од целиот свет евангелски се одвратија, и на Твоето страдање сообразни станаа, кое тие однапред го навестија. По нивните молитви, удостој нè без пороци да го минеме подвигот на воздржанието, единствен Многумилостиве.
Бидејќи неопислив по Твојата божествена природа, во последно време, кога се воплоти, си благоизволил да бидеш насликан, зашто со примањето на плотта, си ги примил и сите нејзини својства. Затоа, сликајќи го изгледот на Твојот образ, љубезно го целиваме, кон твојата љубов издигнувани, и од него црпеме благодат за исцеление, следејќи ги божествените апостолски преданија.
Црквата Христова доби најубав украс во светите икони на Спасителот Христос и Божјата Мајка и на сите светии, најсветло издигнувајќи ги, со кои таа се просветлува и со благодат се украсува, ересите изгонувајќи ги и, радувајќи се, Го слави Бога Човекољубецот, Кој заради неа претрпе доброволни страдања.
Славаː глас 2ː Засветли благодатта на вистината, која некогаш имаше образ на сенка, а сега се откри јавно. Зашто, ете, со воплотениот Христов лик, Црквата се облекува како со прекрасен украс, на која Скинијата на сведоштвото ѝ беше предобраз, а сега ја содржи православната вера, за да имаме правилна претстава за Оној кого што ние Го почитуваме. Затоа нека се посрамат неверниците, зашто и ние се прославуваме почитувајќи го ликот на Воплотениот, но не го обожуваме. Него целивајќи го, верни, да извикамеː Боже, спаси ги луѓето твои и благослови го твоето наследство.
И сегаː прв богородичен од редовниот глас (догматик).
На литија, како и обично, стихира на храмот.Славаː глас 2ː Радувајте се, пророци чесни, кои законот Господов добро го уредивте и се покажавте неразрушливи и цврсти столбови на верата. Вие се покажавте и посредници на Новиот завет Христов и, бидејќи сте сега на небесата, Него молете Го да го смири светот и да ги спаси душите наши.
И сегаː богородичен, глас истиː Сета моја надеж ја полагам на тебе, Мајко Божја, под твојот покрив запази ме.
На стиховни, од Осмогласник.
Славаː глас 2ː Ние, кои од безбожноста во набожност минавме, и со светлината на Богопознанието се просветливме, псаломски со рацете да заплескаме, благодарствена похвала на Бога принесувајќи Му, и на свештените ликови на Христа, на Пречистата (Богородица), и на сите светии, насликани на ѕидови, штици и на свети сосуди, чесно да им се поклониме, отфрлајќи ја верата на злобните еретици, (бидејќи, како што вели свети Василиј, честа на иконата минува на праобразот) барајќи, по молитвите на Твојата пречиста Мајка и на сите светии, да ни даруваш милост голема.
И сегаː богородиченː О, ново чудоː Тропарː Богородице Дево, радуј сеː (2-пати), и на празникотː На Твојот пречист образː еднаш. И остатокот од бдението.


УТРЕНА


На Бог Господː тропар воскресен (2-пати).
Славаː глас 2ː
На Твојот пречист образ се поклонуваме, Благи, барајќи прошка на гревовите наши, Христе Боже, оти доброволно си благоволил со тело да се искачиш на крст, за да ги избавиш оние што си ги создал, од ропството на ѓаволот. Затоа благодарствено Ти викамеː Со радост си ги исполнил сите, Спасителу наш, Кој си дошол да го спасиш светот.
И сегаː Сите твои тајни, Богородице, се надумни и преславни. Иако со чистота запечатена и со девство запазено, си станала вистинска Мајка, кога Го роди вистинскиот Бог. Него моли Го да ги спаси душите наши.
Седални како и обично (од Осмогласник). По Евангелието, како во Недела на митарот и фарисејот. Канониː воскресен, на Богородица, и од Триод на 6. Творение на господин Теофан. Глас 4.
Ирмосː Кога древниот Израил пеш го мина дното на Црвеното Море, како по суво, со прекрстените раце на Мојсеја, силата на Амалик ја победи во пустината.
Скокајќи од радост денес, верни да извикамеː Колку се чудни делата твои и колку е голема силата твоја, Христе, Кој ни го врати нашето едномислие и хармонија.
Дојдете да го прославиме овој радосен и богомудар ден. Сега небото и земјата се веселат, и чиновите ангелски и соборите на луѓето со празнично торжество.
Гледајќи го ова преголемо добро дело, со рацете да заплескамеː распрсканите членови Христови се собрани во единство; и Бога, Кој ни даде мир, да Го похвалиме.
Денес на Црквата ѝ е дадена награда за победата, по вдахновената наредба и согласност на благочестивите и верни цареви наши Михаил и Теодора.
Богородиченː Оружјето на злочестивите ереси јавно исчезна, а ние сега, гледајќи го храмот твој чудесно украсен со икони, свештено се радуваме.
Катавасијаː Кога древниот Израил пеш го мина дното на Црвеното Море, како по суво, со прекрстените раце на Мојсеја, силата на Амалик ја победи во пустината.
Песна 3
Ирмосː Во Тебе се весели Црквата Твоја, Христе, викајќиː Ти си моја крепост, Господи, и прибежиште и утврдување.
Бежбожните еретици повеќе не го креваат челото високо, зашто Божјата сила го крепи православието.
Пророчките облаци денес нека ни ја пуштаат од небото животворната роса, заради воскресение на верата.
Тајните труби на апостолите, богогласно и радосно нека затрубат, заради подигањето на чесните икони.
Да Го воспееме Христа, Кој ни ја покажа благочестивата царица, со нејзиниот боговенчан Син.
Богородиченː Дојдени во твојот свет храм, Пречиста, ние верните се молиме сега, да бидеме озарени со твојата благодат светлообразна.
Катавасијаː Во Тебе се весели Црквата Твоја, Христе, викајќиː Ти си моја крепост, Господи, и прибежиште и утврдување.
Седален, глас 1.
 Претставувајќи го на иконата Твојот божествен лик, Христе, јасно ги воспеваме Твоето раѓање, неискажливите чудеса и доброволното распнување. Од тоа и демоните во страв бегаат и безбожните во срам редат, како нивни соучесници.
Славаː Иконите на пророците, апостолите и мачениците, и на сите светии, го красат небесниот Ерусалим, кој блеска со духовната убавина на Младоженецот и на Невестата.
И сегаː богородиченː На оние што со љубов ја почитуваат твојата света икона, Пречиста, и те слават како вистинска Мајка Божја, и кои ти се поклонуваат верно, си се покажала како нивна заштитничка, и моќна застапница, одвраќајќи од нив секое зло, како семоќна.
Песна 4
Ирмосː Кога Те виде на крст издигнат, Сонце Праведно, Црквата застана на своето место (се збуни), достојно викајќиː Слава ѝ на силата Твоја, Господи.
Со слегувањето на Божествениот Дух, храмот Твој освети го, и со Неговото пришествие, еретичката измама изгони ја, Слове Божји многумилостиви.
Ти, Кој ги избави Своите луѓе од опасноста еретичка, направи сега со разгорена ревност кон благочестието и со вера да Ти пеатː Слава ѝ на Твојата сила, Господи.
Гледајќи ги небесните населби како светлат со божествените ликови на Христа и на Богородица, свето се радуваме.
Крунисаната царица, откако вистински го засака Царството Христово, нареди повторно да бидат насликани иконите на Христа и на светите.
Богородиченː Откако Го роди Словото Божјо воплотено, Благодатна, ти се покажа како светилиште, достојно за Него; затоа го обновуваме твојот храм во светол изглед.
Катавасијаː Кога Те виде на крст издигнат, Сонце Праведно, Црквата застана на своето место (се збуни), достојно викајќиː Слава ѝ на силата Твоја, Господи.
Песна 5
Ирмосː Ти си Господи, моја Светлина, Кој си дошол во светот, Светлина света, Кој ги обраќаш од мракот на незнаењето оние што Ти пеат со вера.
Господи дај ѝ сила на Црквата Твоја, за да остане непоколеблива довека од нападите на ересите.
Во сета земја изгреа светлина, како радост, дадена на верните одозгора, и како божествено застапништво.
Единствен добар и извор на добрина, издигни го достоинството на православните цареви кои ја почитуваат Твојата икона.
Светлина незаодна на благочестието ни засветли, со боговдахновената заповед на верните цареви, и со богомудрата наредба.
Богородиченː Обнови ни го древното благолепие, Пречиста Богомајко, и овој твој дом со твојата благодат освети го.
Катавасијаː Ти си Господи, моја Светлина, Кој си дошол во светот, Светлина света, Кој ги обраќаш од мракот на незнаењето оние што Ти пеат со вера.
Песна 6
Ирмосː Гласно ќе Ти принесам похвала, Господи, Ти вика Црквата, очистена од крвта демонска, заради милоста на крвта, од Твоите ребра истечена.
Ја сликаме, ја почитуваме и верно ѝ се поклонуваме на иконата на Господа, а Црквата пак добива смелост Спасителот набожно да Го прославува.
Црквата Христова се ослободува од жалоста и од мракот на ересите, и ја облекува ризата на радоста, и со божествената и светлоносна благодат се покрива.
Православниот народ си ја врати древната слава и сјај, со заповедта на царицата Теодора и на благочестивиот нејзин син Михаил самовласник.
Богородиченː Оној што некогаш заповеда да се направи Скинијата на сведоштвото, во тебе, како во словесна Скинија, живее Најпрославениот, кој го прославува храмот твој, Дево, со чудеса.
Катавасијаː ː Гласно ќе Ти принесам похвала, Господи, Ти вика Црквата, очистена од крвта демонска, заради милоста на крвта, од Твоите ребра истечена.
Кондак, глас 2. Самогласен.
Словото неописливо на Отецот, стана описливо со воплотувањето од тебе, Богородице. И, кога го обнови осквернетиот образ во неговото поранешно достоинство, го соедини со божествената убавина. А ние, исповедајќи го спасението, го изразуваме тоа со збор и дело.
Икосː Оваа тајна на Божјата промисла беше некогаш навестена од боговдахновените пророци. Заради нас, кои достигнавме до крајот на вековите, тие го претскажаа ова просветлување. Преку него ние стекнуваме познание на Бога – еден Бог и Господ, славен во три ипостаси. Нему единствениот служејќи Му, една вера и едно крштение имајќи, во Христа се облековме. Ние, пак, исповедајќи го спасението, го изразуваме тоа со збор и дело.


Синаксар


Стиховиː
Иконите беа непристојно исфрлени;
Се радувам гледајќи го (враќањето на) нивното пристојно почитување.
Во овој ден, Прва недела од светиот Пост – Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх Константинополски Методиј. А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде. Ако тие се вистински ликови на светители, нека ги кренат повисоко, за да не би, валајќи се во гревови, да ги осквернуваме секогаш кога ги целиваме”. Патријархот, пак, го одвраќаше царот од таквата зла помисла, велејќи му: „Зар ти, цару, не си слушнал како побесне некој си по име Конон, кој бил против иконите”? А царот му вели дека тогаш тој бил се уште млад. Но бидејќи патријархот не сакаше да се покори и да го послуша, царот го прогони, а на негово место го постави својот едномисленик Анастасиј. И така тогаш почна гонење против иконите. Се зборува дека тој порано негувал таква омраза против Евреите, кога тој се уште бил сиромав, кога ги пасел магарињата и кога му било претскажано од некој маѓепсник дека ќе биде издигнат на царско достоинство. По него царската власт ја зеде (неговиот син) Константин Копроним кој продолжи уште пожестоко да ги гони иконите. И што треба да се каже! Колку и кави беззаконија изврши овој (цар)?! Но и тој заврши мошне срамно. По него за цар беше постaвен неговиот син Лав (IV), но и тој водеше лош живот (продолжи да ги гони иконите). По неговата смрт (780), власта ја презеде (неговата сопруга) Ирина со нејзиниот (помал) син Константин. Тие, поучени од светиот патријарх Тарасиј, го свикаа Седмиот (вселенски) собор и светата Црква повторно ги доби своите икони. По нив, власта ја зеде Никифор (I). Икона на празникот Потоа Ставрикиј, а по него Михаил Рангаве кој ги почитуваше божествените икони. Михаила го наследи ѕверообразниот Лав (V) Ерменин кој, измамен од некој злочестив монах, почна ново гонење против иконите. И пак Црквата Божја беше нагрдена. Него го наследи Михаил (II), а Михаила го наследи неговиот син Теофил кој продолжи со гонењето на иконите. Овој Теофил предаде на различни мачења мнозина од Светите Отци. Против чесните икони тој издаде указ во кој бараше: секој оној што во градот крева бунт, нема да дочека многу денови. По дванаесетгодишно такво владеење, тој се разболе. А царицата Теодора (неговата сопруга), кога заспала, на сон ја видела Пречистата Богородица, како го прегрнала Предвечниот Младенец, окружена од пресветли анели, кои го биеја и понижуваа нејзиниот маж Теофил. Кога неа ја напушти сонот, и кога Теофил си дојде малку на себе, тој повика: „Тешко мене, бедниот: јас сум биен поради светите икони”. Веднаш потоа царицата ја положи врз него иконата на Богородица, молејќи и се со солзи. По ова, Теофил, кога виде некого од оние што стоеја наоколу, како носи надбедреник, побара од него и го целиваше (надбедреникот). И веднаш потоа, устата која зборуваше против иконите, и грлото кое бесрамно зеваше, се врати на поранешната состојба, и се ослободи од бедата и неволјата што го држеше и заспа, откако исповеда дека добро ќе ги почитува светите икони. Потоа царицата ги извади од своите ковчези светите и чесни икони за да ги целива, и го учеше и Теофила да ги почитува со сета душа. По малку време Теофил си замина од овој живот, а Теодора ги повика оние што беа во прогонство и во затворите и им заповеди да живеат слободно. Јован беше симнат од патријаршискиот престол, како и Анис кој поскоро беше поглавар на вражалците и началник на бесовите отколку патријарх. А на престолот дојде Христовиот исповедник Методиј кој порано пострада многу и жив беше ставен во гроб. Во врска со ова, се случи некаква божествена посета на Јоаникиј Велики кој се подвизуваше на гората Олимп: великиот испосник Арсакиј дојде при него и му рече: „Бог ме испрати при тебе, да одиш при преподобниот маж Исакиј Затворник во Никомидија и од него да научиме која е волјата Божја и што е прикладно за Неговата Црква”. И, кога дојдоа кај препододбниот Исакиј, од него слушнаа: Така вели Господ – ете, се приближи крајот на непријателите на моето (ликовно) изобрзување. Затоа отидете кај царицата Теодора и при патријархот Методиј и речете им вака: остави сè што не е свето и така ќе ми принесеш жртва со ангелите, почитувајќи го мојот образ (лик-икона) и крстот. Кога го слушнаа ова, тие веднаш дојдоа во Константиновиот град и кажаното му го пренесоа на патријархот Методиј и на сите Божји избраници. Собрани заедно, тие отидоа при царицата и најдоа дека таа е покорна на сè ова, бидејќи таа беше благочестива и богољубива. Веднаш потоа царицата ја извади иконата на Богородица што ја носеше обесена на вратот и, пред сите присутни, ја целива велејќи: ако некој не ѝ се поклонува на оваа (икона) и со љубов не ја целива, не како служење, не како на богови, туку како на икони (образи), поради љубовта кон првообразите (архетиповите), да биде проколнат (анатема). А тие се зарадуваа со голема радост. За возврат, таа побара од нив да се молат за нејзиниот маж Теофил. Тие, пак, кога ја видоа нејзината вера, иако се откажуваа, сепак се покорија, бидејќи светиот патријарх Методиј, откако ги собра сите луѓе, клир и архијереи, отидоа во големата Божја црква. Меѓу избраните од нив беа овие: Великиот Јоаникиј од Олимп, Арсакиј и Навкратиј, и учениците на Теодор Студит, и великиот Теофан и Теодор написан, и исповедниците: Михаил Староградец и сингел, и многу други направија сеноќен молебен на Бога за Теофил, при што сите се молеа со солзи со продолжено молење. Ова го направија во првата седмица од постот, собрани заедно со царицата Теодора и со други жени и со други луѓе. Додека се случуваше сево ова, во петокот наутро на сон ѝ се стори дека се наоѓа кај некој крсен столб и како некои минуваат по патот шумно и виде како тие носат разни орудија за измачување; меѓу нив беше воден врзан и царот Теофил, со рацете врзани назад; бидејќи го позна, и таа тргна со оние што го водеа. Кога стигнаа до бакарната врата, имаше натприродно видение, некој маж како седи пред иконата Христова, кого го поставија спроти Теофила. Тој одвај ја отвори устата и рече: „Жено, голема е твојата вера; разбери дека, заради твоите солзи и вера, како и заради прозбите и молењата на моите слуги, и на моите свештеници, му давам прошка на твојот маж Теофил”. Потоа им рече на оние што го водеа: „Одврзете го и предадете го на неговата жена”. А таа, кога го зеде, замина веселејќи се и радувајќи се. Веднаш потоа и сонот ја остави. Ова го виде царицата Теодора. Патријархот, пак, Методиј, по молитвите и молењата што ги направи за него, зеде нова хартија, ги напиша на неа имињата на сите цареви еретици, вбројувајќи го меѓу нив и Теофила, и сите ги положи под чесната трпеза. Во петокот и тој виде некој голем и страшен ангел како влегува во храмот и, кога дојде при него, му рече: „Услишано е молењето твое, епископе, и царот Теофил доби прошка, немој повеќе за ова да Му здодеваш на Бога”. А тој, за да провери дали видението е вистинско, се симна од своето место, ја зеде хартијата, ја развитка и, за големо чудо, најде дека името на Теофила е избришано од Бога. Кога дозна за ова царицата, таа многу се зарадува и му прати порака на патријархот да ги собере во црквата сите луѓе со чесни крстови и со свети икони, за да им се оддаде почит на светите икони и да бидат известени сите за новото чудо. Наскоро сите се собраа во црквата со свеќи. Дојде и царицата со синот. Таму направија литија со светите икони, со божествените и чесни крстови и со свештеното и божествено Евангелие, па излегоа дури и до големото игралиште, викајќи: „Господи помилуј”. И така, откако пак се вратија во црквата, отслужија Божествена Литургија. На овој начин беа повторно востановени светите и чесни икони од гореспоменатите свети мажи, кои за нив проповедаа благочестиво и правилно ги славеа. А противниците и нечестивите и оние што не ги почитуваа светите икони, беа отфрлени и на проклетство предадени. Оттогаш овие свети исповедници определија ова свештено торжество да се извршува секоја година, за да не се случи некогаш пак да паднеме во истото злочестие. Неизменлив образу (иконо) на Отецот, по молитвите на Твоите свети исповедници, помилуј нè. Амин.
Песна 7
Ирмосː Децата Аврамови во печката персиска, горени повеќе од љубов кон благочестието, отколку со пламенот, викааː Благословен си, Господи, во храмот на Твојата слава.
Со Црквата, која со љубов празнува, нека се весели и божественото ангелско воиство, богомудро пеејќиː Благословен си, Господи, во храмот на Твојата слава.
Црквата  на првородените се радува, гледајќи го сега торжеството на божествените луѓе, како со едно срце пеатː Благословен си, Господи, во храмот на Твојата слава.
Избавени од мрачната ерес, по заповед на достојната за почит царица Теодора, пеемеː Благословен си, Господи, во храмот на Твојата слава.
Богородиченː Повисоко од небеските хорови, си се вознесла, Сечиста, единствена Мајко на Создателот. Затоа, радувајќи се, викамеː Благословена си ти меѓу жените, сенепорочна Владичице.
Катавасијаː Децата Аврамови во печката персиска, горени повеќе од љубов кон благочестието, отколку со пламенот, викааː Благословен си, Господи, во храмот на Твојата слава.
Песна 8
Ирмосː Даниил, кога ги рашири рацете, ги затвори челустите на лавовите во јамата; и младите момчиња, љубители на благочестието и препашани со добродетели, ја угасија огнената сила, викајќиː Сите дела на Господа, Благословувајте Го Господа.
Пазејќи ги законите на Светоотечката Црква, сликаме икони и ги почитуваме со уста, со срце и дух иконите на Христа и на Неговите светии, викајќиː Сите дела на Господа, благословете Го Господа.
Оддавајќи му јасно почит и поклонување на првообразот на иконата, го следиме учењето на светите отци и на Христа со вера Му пеемеː Сите дела на Господа, благословувајте Го Господа.
Откако си го озари умот со просвештение на Божествениот Дух, чесната царица, имајќи богомудри плодови, ги возљуби благолепието и убавината на Црквата Христова, благословувајќи Го, заедно со верните, Богочовекот Исуса.
Богородиченː Твојот божествен дом, Богородице, осветлен со зраците на духовната светлина, сега ги осенува сите со облакот на Духот, и ги осветува верните кои пеат согласноː Сите дела на Господа, благословувајте Го Господа.
Катавасијаː Даниил, кога ги рашири рацете, ги затвори челустите на лавовите во јамата; и младите момчиња, љубители на благочестието и препашани со добродетели, ја угасија огнената сила, викајќиː Сите дела на Господа, Благословувајте Го Господа.
Песна 9
Ирмосː Христос, аголниот неотсечен камен, кој од тебе, Дево, несечената гора се отсече, ги соедини разделените природи. Затоа веселејќи се, тебе – Богородице, те величаме.
Гледајќи ја чесната Црква, повторно украсена со свети икони, со набожност сите приоѓаме и на Бога Му пеемеː Трисвети, Тебе Те величаме.
Црквата, имајќи ги како знаци на чест и слава крстот Твој и чесните икони, Владико, весело и со радост Те велича.
Осветли ги со Твојата божествена слава царевите наши, Штедри, и со ангелска заштита и со бедеми огради ги, покорувајќи им ја дрскоста на паганите, Владико.
Богородиченː Се симна осудата на прамајката Ева, Богородице, зашто ти, Чиста, си Го родила Господарот на сите, Чиј лик и сега на иконите го целиваме.
Катавасијаː Христос, аголниот неотсечен камен, кој од тебе, Дево, несечената гора се отсече, ги соедини разделените природи. Затоа веселејќи се, тебе – Богородице, те величаме.
Егзапостилар утрински воскресен, еднаш.
И следниовː Подобенː Со учениците да се искачимеː
Заиграјте, заплескајте, со радост запејтеː Колку се чудни и необични делата Твои, Христе! И кој би можел да ја изрази Твојата моќ, Спасителе, Кој ја собра Црквата твоја во едногласност и едномислие.
Богородиченː Оружјето го загуби сега непријателската ерес и нејзиниот спомен шумно исчезна. А, Сечиста, гледајќи го храмот твој, велелепно украсен со благодатта на чесните икони, сите ние со радост се исполнуваме.
Хвалитни стихири 4 воскресни, 1 анатолиева, и 3 од Триод подобни, глас 4.
  Во Тебе се радува сега Црквата, Човекољупче – Својот Младоженец и Создател, кој по Својата божествена волја ја избави од идолската измама, и ја сврши за Себе со чесната крв, светло примајќи го свештеното враќање на иконите и, радувајќи се, верно Те слави и Те воспева.
Стихː Ти се исповедам, Господи Боже мој, од сето срце свое.
Изложувајќи го Твојот телесен изглед за почитување, Господи, набожно го целиваме, изразувајќи ја со тоа големата тајна на Твојата промисла; зашто Ти, Човекољупче, не ни се јави привидно, како што зборуваат богоборните манихејци, туку вистински и во телесна природа, кои нè водат кон љубов и желба за Тебе.
Стихː Ќе се развеселам и зарадувам во Тебе.
Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие.
Стих, глас 6ː Воскресни, господи Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните твои до крај.
И пееме самогласен на денот, глас 6ː
Мојсеј го прими законот за време на воздржување и луѓето ги привлечеː Илија, откако постеше, ги затвори небесата; трите Авраамови момчиња, безбожниот мачител со пост го победија. Со него удостој нè и нас, Спасителе, да земеме удел во воскресението, пеејќи вакаː Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртен, помилуј нè.
Славаː исто. И сегаː Преблагословена си, Богородице, девоː
Славословие големо. И отпуст.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5859
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6663
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6469
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5654
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная