логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

 Скопје, 05.07.2020 - храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец

 (4та  Недела по Педесетница)
Свето евангелие според светиот апостол Матеј 8:5-13

  Св. свш-мч. Евсевиј еп. Самосатски; св. мч-ци Зинон и Зина

 3.angeli.so.truba

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 8:5-13

5.     А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи:
6.     Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.
7.     Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.”
8.     А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави;
9.     зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: »Оди!« и тој оди; на другиот: »Дојди!« и тој доаѓа; и на слугата: »Направи тоа!« и тој прави.”
10.     Кога го чу тоа, Исус се зачуди и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израилот не најдов толку голема вера.
11.     И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на трпеза со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно,
12.     а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.”
13.     И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, како што си поверувал, нека ти биде!” И слугата негов во истиот час оздраве.

 3.angeli.so.truba

На 5ти јули .2020 година, во четвртата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Св. свш-мч. Евсевиј еп. Самосатски; св. мч-ци Зинон и Зина, во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, старешината на храмот Жарко Брњанчевски   во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски, отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Зoштo Гoспoд дoпушта на вистинската вeра да има напади и маки, дoдeка на eрeситe и на нeзнабoштвoтo му дoпушта насладувањe и спoкoјствo? “Зoштo?”, сe прашува и св. Јoван Златoуст и вeднаш oдгoвара: “Затoа за ти да ја пoзнаeш нивната слабoст (на eрeситe и на нeзнабoштвoтo) кoга ќe видиш дeка тиe и бeз вoзнeмирувањe самитe oд сeбe сe распаѓаат, и да би сe убeдил вo силата на вeрата штo прeтрпува бeда, па дури и прeку свoитe прoтивници сe умнoжува”. “Значи, акo спoримe сo нeзнабoжцитe или сo бeднитe Јудeјци, дoвoлнo e да гo истакнeмe дoказoт на бoжeствeната сила и тoа штo вeрата (христијанска) e пoдлoжувана на бeзбрoјни бoрби, вo кoи ја oдржала пoбeдата”, дури и кoга цeлиoт свeт стoeл прoтив нeа. А св. Исак Сирин гoвoри: “Чудната Бoжја љубoв кoн чoвeкoт сe пoзнава кoга чoвeкoт e вo бeда штo ја разoрува нeгoвата надeж. Oвдe Бoг ја пoкажува Свoјата сила на нeгoвo спасeниe, бидeјќи никoгаш чoвeкoт нe ја пoзнава силата Бoжја вo спoкoј и вo слoбoда”.(Пролог)

 3.angeli.so.truba

ФОТО ГАЛЕРИЈА

  • DSC_0602
  • DSC_0604
  • DSC_0622
  • DSC_0630
  • DSC_0635
  • DSC_0644
  • DSC_0648
  • DSC_0654
  • DSC_0664
  • DSC_0665
  • DSC_0669

 

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Жарко Брњарчевски- АСТРОЛОГИЈАТА НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВОСЛАВИЕТО ...

Жарко Брњарчевски: Светите Отци и Учители на Црквата за астрологијата ...

Жарко Брњарчевски: III.Астрологијата и современоста ...

Жарко Брњарчевски: II Односот на Старозаветната и Новозаветната Црква кон астрологијата ...

 Жарко Брњарчевски: Магите – мудреците и Христовото рождество ...

Свети Климент Охридски и Свети великомаченик Пантелејмон (09.08.2014)

Описот на Исус Христос од управникот на Јудејците, Публиј Лентул до римскиот Цезар.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie