логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

 Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 Прашање од: С.Н

 

Нашиот мозок го сочинуваат две хемисфери: лева и десна. Левата се центрите за анализа, калкулација, проценка, размислување, ги контролира способностите за зборување, читање.... А десната хемисфера е задолжена за креативност, уметност (музика, сликарство), емоции, релија.
Се прашувам дали може од овде да се воспостави врска дека не случајно десната хемисфера е одговорна за овие креативни способнисти и пројавувањето на интерес за духовност со оглед на тоа што знаеме дека Бог ни го дава дарот за креативност, а и десната страна е претставена како чест и вистина, па оттаму и и Христос седи од десната страна на Отецот, а и праведниците ќе бидат од десната страна на Христа.

 

Одговор:

Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста. И разумот како секундарна функција кога  умот не се храни со Бога туку со световните страсти за кои се прврзуваме и се храниме. Молитвата нѐ држи да ја реализираме неговата примарна функција, преку покајанието, а демонот се бори да ја оствариме само секундарната функција, како разум. Целта е човекот да го очисти срцето од страстите, да го просветли умот преку молитвениот литургиски живот, умот да слезе и зацари во срцето преку благодатта Божја и сиот човек да ја оствари својата цел, единство со Бога и растење во љубовта.

 

 Друго:

 +++

Послушанието е активирање на примарната функција на умот – соединување на нашата создадена енергија со несоздадената Божја енергија преку молитвата, како и пренасочување на неговата секундарна функција кон исполнување на Божјите заповеди. Послушанието е прием на вистинското Предание на Светите Отци. Послушанието е останување во рамките на соборноста на Православната Црква – без оглед на тоа кој што си мисли. Послушанието е процес на Божествено преобразување, растење и созревање до достоинството на дете Божјо. Послушанието е сѐ во Црквата Божја. Послушанието е возможно само во Црквата Божја.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, дај ни што повистинско послушание и помилуј!

Митрополит Струмички Наум

(Извадок од беседата:  „Послушанието е премин од противприроден во природен начин на живот’ (04.11.2017 )

 

 Чувај се од она што мислиш дека си
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

 +++

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

+++

 И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (13.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.08.2020)

  Тропар на светиот праведен Евдоким31 јули / 13 августОној Кој те повика од земјата кон Небесните населби,Тој и по смртта го сочува неповредено телото твое,о свети Евдокимети во целомудреност...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.08.2020)

    Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник Сите се од Седумдесеттемина апостоли. Свети Сила беше испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава за таму да...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.08.2020)

       ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  Тропар на светиотмаченик Христов Калиник29 јули / 11 августДушата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.08.2020)

   Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесеттемина апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.08.2020)

   Акатист кон Св. Пантелејмон  Од Православниот календар - Св.вмч. Пантелејмон и св. Климент, Архиепископ Охридски   Манастирска црква на св.великомаченик  Пантелејмон- Скопје Глас трети: Страдалниче светии лекаре Пантелејмоне.моли Го...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.08.2020)

Светиот свештеномаченик Ермолај Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.08.2020)

Им вeтуваат слoбoда кoга тиe самитe сe рoбoви на развратoт, заштo кoга нeкoј нeкoгo пoбeдува тoј и гo пoрoбува (II Пeтр. 2:19). Сè уштe апoстoлoт збoрува за нeчиститe, бeзoбразнитe и самoвoлнитe,...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.08.2020)

Светата маченичка Христина Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ѝ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше...

Од Верскиот календар на МПЦ (05.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (05.08.2020)

 Тропар на чудотворната икона на Мајката БожјаПочаевска23 јули / 5 августМилостива Мајко на Милостивиот Господ,Која сочувствуваш со паднатоста човекова,Војвотко храбра наша, Која за душата на секого кој со вера ти...

« »

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 435
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 932
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1160
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…