логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светите
Христови маченици
Кипријан и Јустина
2 октомври / 15 октомври



Бог кој срцата ги испитува ве најде достојни,
за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино,
Кипријан свети го приведе во познание на вистинското спасение, извлекувајќи го од лагата демонска за животот земен,
Јустина девственица ја наоружа со благодат на Крстот чесен,
покажувајќи дека Името Христово е Име Божествено.
Молете се за нас вие кои луди бевте за овој свет,
за да нас не умудрите пред Бога да припаднеме,
и на вашите молитви се надеваме.

 
Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светата
Христова маченичка
Ј У С Т И Н А
2 октомври / 15 октомври

Живот ти стана Христос,
и Животот ти принесе венци
о ти пречисто јагне Божјо Јустино,
едниот – венец на вистината,
кој ја уништи лагата демонска,
другиот – венец на мачеништвото,
кој за сведоштво го остави на стадото Христово.
Спомни си за нас убавино на Љубовта
пред престолот на Оној Кого го прославуваш.


 Тропар на светата
Дамара
2 октомври / 15 октомври

Сејачот во тебе благодатно го запали
пламенот на верата, од великиот Павле посведочен,
но и од тебе расеан помеѓу оние кои седеа во смртна сенка,
о, Дамаро верна Христова ученичке.
А ти ревносна проповедничка Атинска постана,
трудејќи се на секому да бидеш сѐ,
само кон Христа Господа да го приближиш.
Затоа нека сега молитвите твои за нас бидат
патеводители, кон спасението при Бога.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобната
Ана Кашинска
2 октомври / 15 октомври

Денес те восфалуваме, преподобна мајко, Ано монахињо:
зашто како лоза плодовита насреде трња,
си процутила во градот Кашин, со твоите добродетели,
восхитувајќи ги сите со необично живеење.
Затоа на Христа Бога Му угоди
и сега радувајќи се и веселејќи се,
претстојуваш во хорот на преподобните жени,
и се насладуваш со рајските убавини и радости.
Затоа те молиме, моли Го за нас Човекољубецот Христос,
нашиот Бог, да ни подари мир и голема милост.



 
Извор МПЦ – ОА

Тропар на светиот
новомаченик Христов
Хаџи – Георги
2 октомври / 15 октомври

Благословен си од Господа ти Георгие
свети мачениче, Кој рака ти подари и со душа твоја те помири,
која на исповедување уста ти приклони, за да во срце повторно се всели
благодатта која падови измива. Ревносен во исповедувањето,
трпелив во мачењето, глава во раце Божји предаде
и Царство Нетлено достигна,
од каде сега моли се за наше спасение.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
Јован, Стефан, Петар, Борис,
Јаков, Теодор, Силван, Теодор,
Василиј, Теодор, Димитриј,
Михаил, Јован и Василиј Казански
2 октомври / 15 октомври

По молитвите на Твоите маченици, Господи,
се насади благочестивост во земјата Казанска
и како со огнен пламен со Православна вера истокот се просветли,
и сега по нивното застапништво, Човекољупче,
не ги спомнувај нашите безаконија,
но утврди нѐ нас во вистинската вера,
и мир подај ни, те молиме.


 
Извор МПЦ – ОА



Тропар на светиот
Христов исповедник
преподобен Теофил
2 октомври / 15 октомври

Велик си ти свети исповедниче на Иконите,
кои за време не знаат, а вистина вечно сведочат,
благодатта Христова која сила ти долеваше
до крај во подвигот маченички те крепеше.
Затоа за нас моли се да истраеме во
нашето на вистината исповедување.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Теоктист
2 октомври / 15 октомври

Теоктисте свети мачениче,
ти кој ја позна вистината на верата,
во исповедништвото на Јустина и Кипријан свети,
до крај ја испи чашата на оние кои во Христа се радуваат
и не жалат за минливоста на овој свет.
Венец маченички добивајќи,
моли се за нас сведоку на благодатта Господова.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
великомаченик Христов
Теодор Гаврас
2 октомври / 15 октомври

Заштитниче на угнетените,
исповедниче на верата која спасува,
великомачениче Теодоре Христов,
во земниот живот ја исповедаше Господовата благодат,
при мачеништвото ја проповедаше силата Божја,
и го посрами безумникот кој исчезнува во времето.
Радувај се сега венцоносен Христов војнику
и за нас моли се пред Оној на Кого послужи.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 15/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

 vozdvizenie.jpg

Свети Андреј Јуродив    

По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше прекрасно момче, телесно и душевно. Теогност го засака и го даде да се описмени. Андреј усрдно Го молеше Бога и со љубов ги посетуваше црковните богослужби. Послушен на едно небесно видение, тој се посвети на подвиг на јуродство заради Христа. И еднаш, кога отиде на бунарот по вода, ја искина облеката на себе, ја исече со нож и се направи луд. Нажален од ова, господарот Теогност го врза во синџири и го одведе во црквата на Св. Анастасија Одврзителка, за да му се прочитаат молитви. Но бидејќи Андреј не се поправи во очите на својот господар, овој го пушти да живее слободно како умоболен. Свети Андреј дење се правеше луд, а ноќе Му се молеше на Бога. Живееше без покрив и засолниште. Ноќеваше во полето, одеше полугол, во една парталава наметка, јадеше малку леб, кога ќе му дадеа добрите луѓе. Од она што го примаше им делелше на просјаците, и тоа кога ќе им дадеше ќе ги изнавредеше за да не му благодарат. Бидејќи целата награда Свети Андреј ја очекуваше единствено од Бога. Затоа во него и се всели голема Божја благодат, па можеше да проѕира во човечките тајни, ги гледаше ангелите и демоните, ги изгонуваше демоните од луѓето, ги исправаше луѓето од гревот. Имаше прекрасни виденија на Рајот и највисоките небесни Сили; Го виде Господ Христос на престолот на славата; со својкот ученик Епифаниј Ја виде Пресвета Богородица во Влахернската црква како го покрива христијанскиот род со Својата одежда; слушна неискажливи зборови на небото, коишто не смееше на луѓето да им ги повтори. После нечуено тешките подвизи се упокои во 911 година и се пресели во вечната слава на својот Господ.

 vozdvizenie.jpg

Светиот свештеномаченик Кипријан
и девицата Јустина
    

Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја спозна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе Света Јустина, бидејќи се занесе од нејзината убавина, па кога девицата одлучно го одби, тој побара помош кај Кипријан. Кипријан ги наведуваше злите духови еден по друг на Јустина за да ѝ распалат страст по нечистиот Аглаид, но никако не успеа во тоа, бидејќи Света Јустина со знакот на крстот и со молитвата кон Бога ги одгонуваше од себе духовите на злобата. Тогаш Кипријан ја позна силата на крстот, па и самиот се крсти и со време стана презвитер и епископ. Озлобени незнабожците ги обвинија него и Јустина и обајцата ги предадоа на судот во Дамаск, по што беа мачени и убиени со меч во Никомидија, на крајот од 3 век.

Светите маченици Давид и Константин

Христијански кнезови од Аргвент. Беа осудени на смрт за Христа во Имеретија од калифот Емил-ел-Муменим и потопени во река во 730 година. Пред смртта Му се молеа на Бога да им ги прости гревовите на сите коишто ќе го призиваат нивното име во молитва на помош. Откако ја завршија својата молитва пукна гром и се чу глас од небото дека молитвата им е услишена. Моштите им почиваат во Грузија, во манастирот Моцамети.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 724
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »