Поука на денот (13.04.2024)
Кoлку старитe билe скрoмни и вниматeлни вo тoј пoглeд пoкажува и oвoј запишан примeр: на нeкoј брат му сe јавил ѓавoлoт oблeчeн вo ангeлска свeтлина и му рeкoл: “Јас сум архангeл Гаврил и сум испратeн кај тeбe”. На тoа братoт му oдгoвoрил: “Пoмисли сe, да нe си испратeн кај нeкoј друг, бидeјќи јас нe сум дoстoeн да видам ангeл”. И ѓавoлoт вeднаш пoстанал нeвидлив и исчeзнал.


Човекот е создаден за радост и блаженство на царството Божјо (Мт. 25:21). Првенствено Божјиот план за создавање на човекот не содржел болка, страдање и смрт, туку екстатичност и полнота на животот. Бог слободно и со љубов избира да му даде на човекот и на целото создание учество по благодат во
– Зошто забрани да се читаат во црквите Божјите слова? Не знаеш ли дека Господ те постави за цар и пак тој може за миг да те симне од престолот? Виде ли како брзо може човек да биде понижен, ако се лиши од Божјата помош?
Егоизмот е најголемото зло; тоа ни ги причинува сите наши падови, преку несмирени мисли. Плашете се од ова и трудете се да се ослободите од него, зашто колку повеќе се задржува во вас, повеќе ќе ве рани со својата пронижувачка болка. Ве молам не судете се еден со друг, тоа е чист егоизам. Простете му ја грешката на братот, нека прошката биде сведоштво за вашето смирение и љубов.
Една од причините што светоста е непостојана, и што светоста на отците и на великаните на Духот во раното христијанство често ни изгледа толку многу далечно, е што сме ја изгубиле смислата за борба. Меѓу христијаните ретко се среќава сфаќањето на Црквата како Претстража на Царството, на маж и жена коишто својата последна слабост ја предале во Божји раце,
Но, постои огромна разлика помеѓу страдањето и тажните очи. И тоа не е најлошото. Бидејќи може да се каже, и со право, дека и болката е дел од животот. Да точно. Сепак, едно е да ја доживеам мојата тага како резултат на искушенијата и неволјите во мојот живот, а друго е да го идентификувам христијанскиот живот со тажно и мрачно лице.
Еднаш ми рече: „Ме рани љубовта. Засакав и бев ранет“. Не знам, се сеќаваш што ти одговорив? Не во свое име, туку врз основа на своето животно искуство и на она што сум го прочитал и видел: љубовта сама по себе никогаш не ранува. Љубовта е живот. Љубовта е светлина и дишење на нашето срце.
Мојот ум ми вели дека дури и животните се подобри од мене, така што јас се смирувам себеси и им се покорувам. Многу рано, ова утро, бидејќи бев уморен од сеноќна молитва и истоштен поради мојата болест, легнав да се одморам. По кратко време, слушнав маче како мјаука надвор од мојата ќелија, .
Наспроти христијанството, т.е. Црквата како христијанска институција, стоело општеството на овој свет, кое, со текот на времето, сè повеќе се отуѓувало од секоја христијанска институција. Со други зборови, започнувајќи некаде од XVIII век, постојат два меѓусебно спротивставени табори: христијанскиот и секуларниот. Секуларниот табор – кој не секогаш бил задолжително и антихристијански – се
Да се пости значи да се смири телото и да се отвори душата. За да ја елиминирате тешката храна, јадете малку и преобразете ги страстите.
Основната структура на психичкиот конфликт е фарисејска. Главните карактеристики на фарисејската структура се првенствено две: надворешно однесување и внатрешно психодинамично дејство.
Многупати со олеснување гледаме на Крстот, мислејќи дека Христос се распна и се радуваме, затоа што нема да доживееме нешто слично, бидејќи ќе се насладуваме во еден живот каде што „се ќе врви добро“. Друг пат сме рамнодушни и Го повикуваме само кога доживуваме болка и тогаш велиме дека носиме крст.
Исус заминува во земјата Тирска и Сидонска. Една жена Хананејка наишла од овие предели и започнала да вика: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес“. Христос не ѝ одговорил. Тогаш Неговите ученици Му пријдоа и Го молеа, велејќи: „Отпушти ја, зашто вика по нас“.
Тоа е многу опасна и тешко излечива болест. Гордоста на умот е многу полоша од гордоста на волјата. Зашто умот е уште во состојба и да ја излечи гордоста на волјата, но кога тој гордо ќе се увери дека она што тој го мисли е најдобро, кој ќе го разувери?
Тоа се само стапици на злиот дух кој, гледајќи дека кај некои постои силна волја да живеат со духовен живот, се обидува да ги сопне со љубопитност и така да завладее со нивниот ум и со нивната волја. Поради тоа, им уфрлува, особено на оние кои се поспособни и понаклонети кон философирање, високи и прекрасни мисли.

"Духовната борба е вистински маратон. Долготраен и макотрпен. Во него човекот треба постојано да се моли, непрестајно да ги победува телесните страсти и гневот во срцето и уште безборој други нешта, но во тој маратонски подвиг тој не треба ништо да постигне. Тој треба единствено да истрае."























