ДУХОВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА ЧУДА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ
Исус заминува во земјата Тирска и Сидонска. Една жена Хананејка наишла од овие предели и започнала да вика: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес“. Христос не ѝ одговорил. Тогаш Неговите ученици Му пријдоа и Го молеа, велејќи: „Отпушти ја, зашто вика по нас“.


Тоа е многу опасна и тешко излечива болест. Гордоста на умот е многу полоша од гордоста на волјата. Зашто умот е уште во состојба и да ја излечи гордоста на волјата, но кога тој гордо ќе се увери дека она што тој го мисли е најдобро, кој ќе го разувери?
Тоа се само стапици на злиот дух кој, гледајќи дека кај некои постои силна волја да живеат со духовен живот, се обидува да ги сопне со љубопитност и така да завладее со нивниот ум и со нивната волја. Поради тоа, им уфрлува, особено на оние кои се поспособни и понаклонети кон философирање, високи и прекрасни мисли.

"Духовната борба е вистински маратон. Долготраен и макотрпен. Во него човекот треба постојано да се моли, непрестајно да ги победува телесните страсти и гневот во срцето и уште безборој други нешта, но во тој маратонски подвиг тој не треба ништо да постигне. Тој треба единствено да истрае."
Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лоша постапка ни е наметнато како втора природа, не може да
Ако го доживееме Богојавлението одвнатре, ќе Го видиме Господа насекаде околу нас. Псалмопевецот вели „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови возвестува сводот небески“ (Пс. 18,1). Ако начуеме одвнатре, јасно ќе видиме што лежи однадвор. Сетилата се ослободени и светската бучава ја губи својата сила врз нашите умови и срца, та Господ може да се открие Себеси пред нас сѐ повеќе и повеќе.
Благодарствените зборови од молитвата на големото осветување нас нè прават сведоци на создавањето, нè враќаат нас при самите почетоци на животот. Способен да благодари, човекот станува слободен како по однос на Бога, така и по однос на светот.
Ако е точно дека молкот е јазикот на светот што доаѓа, тогаш праведниот Јосиф Обручник е човек од времето што доаѓа. Во Евангелијата не е запишан ниту еден од неговите зборови, не е споменат ниту еден негов разговор. Само неговите помисли и дела се опишани. Тој ѝ пристапува на Тајната на неискажливото снисходење на Синот и Словото Божјо со восхитување, набљудување и молчење.
Искрено да Ти кажам, без Тебе ми е многу лошо. На масата има сè, другар ми дојде на гости. Има и пиво. Сувите дрва крцкаат во каминот, најмалата ќерка си игра наземи, синовите цртаат бродови. Надвор паѓа снег. Што уште му треба на човека за да биде среќен? Но јас искрено Ти велам, без Тебе ми е многу лошо.
Времето потрошено за Бога, грешиме ако го сметаме за изгубено, или, пак, недоволно искористено, како што честопати си мислиме. Некојпат можеби ќе се најде некој безверник да нѐ укори, префрлувајќи ни каква полза имаме од секојдневното повторување на речиси исти молитви, кои одамна сме ги научиле
Да ја овенчаме пофалбата на Стефан со цвеќиња и да го опсипиме со рози и пофални песни. Самиот тој веќе се круниса со победничката награда на верата. Иако е напишано: И не плашете се од оние што го убиваат телото... (Мт. 10,28), приврзаноста кон телото тешко се надминува.
Живeeјќи уштe вo тeлoтo, свeтитeлитe ималe гoлeми oткрoвeнија oд Бoга и визии за нeбeснитe и пeкoлнитe сили. Ситe тиe нивни oткрoвeнија и визии ја пoтврдуваат правoславната вeра вo ситe нeјзини учeња. Свeтитeлитe сe радoст, гoлeма радoст на вeрницитe.
"Чедо мое, чувај се да не судиш на ниту една душа, оти Бог допушта да падне оној кој му суди на својот ближен, за да научи да сострадува со својот слаб брат. Благодатта Божја го поддржува секој од нас но, ако се погордиме, Бог ќе ја оддалечи од нас и ќе бидеме полоши од останатите. Едно
Во раното детство и длабоката старост, приближувањето на Новата година го чувствуваме едноставно физички. Новата година е особено топол празник за сите луѓе - таа е како пролет среде зима и сите се чувствуваат празнично, а злото како да се оддалечува. Колку и да се лоши околностите за човекот, во него се буди надеж,
Тешкотиите ќе постојат исто како и искушенијата и многу друго, но сето тоа ќе го надминеме со молитвата и со стравот Божји. Ѓаволот како лав збеснат трча наваму-натаму да најде некого за да го распарчи. Затоа и ние треба многу да внимаваме и постајано да се молиме на Христа и на Богородица сè додека не биде
Оној што Го сака Бога, тој и искрено верува и извршува праведни дела според својата вера. Оној што само верува и не живее во љубовта, тој ја нема ни самата вера, која се чини како да ја има. Тој верува со некаква умствена леснотија, но не дејствува според силата на преславната љубов. Зашто „верата дејствува преку љубовта“
























