логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„ПОМНЕТЕ ГИ ОКОВИТЕ МОИ!“*
Затворот во Филипи

Павле и Сила биле затворени во Филипи, град во тогашна источна Македонија, основан од Филип II Македонски. Кралот го основал градот во 356 година п.н.е., во истата година кога се родил и неговиот син и наследник на престолот, Александар III Македонски. Целта на подигнувањето на градот била да се преземе контролата врз соседните рудници со злато и да се постави гарнизон на тоа стратешко место.


Апостол Павле престојувал во тој затвор во текот на неговото второ апостолско патување. Во Троада имал видение на еден човек од Македонија, кој барал помош . Тој, Сила и останатите веднаш отпловиле за Неапол. Од Неапол отпатувале во Филипи.
Додека бил во градот, Павле сретнал една слугинка. Гледајќи дека е демоноопседната, тој го истерал злиот дух од жената. Господарите на слугинката се налутиле кога сфатиле дека исплатливите „пророчки“ дарови ги нема повеќе кај нивната слугинка, и започнале да го наговараат народот да се бунтува против Павле и неговата придружба. Така, тие биле затворени, тепани и фрлени во затворот во Филипи. Но, исто така, на чудесен начин биле и ослободени заедно со другите затвореници. Се случил земјотрес, кој предизвикал вратата на затворот да се отвори, а оковите на затворениците да се скршат.
Темничарот се разбудил од земјотресот, ја видел затворската врата отворена и мислел дека затворениците побегнале. Потоа го дофатил мечот за да се убие. Зошто? Спиењето на стража се сметало за злосторство во римската војска, а казната за таквото однесување била смрт. Затоа и тој се обидел да си го одзеде животот, знаејќи дека му следува таква казна. Но, светиот апостол Павле го спречил и тогаш се случило второто чудо, поголемо од првото.
Павле викна со силен глас и рече: „Не прави на себеси никакво зло, бидејќи сме овде!” А тој побара светило, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила; па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“ А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во куќата негова. Па, како ги прибра ноќта во тоа време, им ги изми раните и веднаш се покрсти тој сам и сите негови домашни; и, штом ги воведе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, оти поверува во Бог (Дела 16, 28–34).



Еве што вели свети Јован Златоуст за оковите на светиот апостол Павле:
„Јас, затвореник во Господ“ (Ефес. 4, 1). Колку велико и крепко достоинство! Поголемо дури и од она на цар или конзул, или од какво било друго. Оттука и чинот што апостол Павле го употребува во Посланието до Филимон: „Каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник Исус Христов“ (Фил. 1, 9). Оти, ништо не е пославно од оковите заради Христос, како што се оковите што биле ставени околу тие свети раце; пославно е да се биде затвореник заради Христос отколку да се биде апостол, учител, отколку да се биде евангелист. Ако има некој што Го возљубил Христос, тогаш ќе разбере што зборувам...
Ако некој би ми понудил избор помеѓу сиот рај и тие окови, јас би ги избрал тие окови. Кога некој би ме прашал дали да ме постави на небесата со ангелите или со Павле во неговите окови, јас би го избрал затворот. Кога некој би сакал да ме промени во една од небесните сили, што стојат околу престолот, или во таков затвореник, јас би избрал да бидам затвореник.
Ништо не е поблагословено од тие окови. Кога само би можел во овој миг да бидам на самото тоа место (зашто велат дека оковите сè уште постојат) , да ги видам и да им се восхитувам на тие луѓе заради нивната љубов кон Христос. Кога само би можел да ги видам тие окови, пред кои се плашат и треперат демоните, а ангелите се поклонуваат. Ништо не е повозвишено од тоа да се страда заради Христос. Павле го сметам за благословен не толку поради тоа што бил „грабнат во рајот“, колку поради тоа што бил фрлен во зандана; го сметам за благословен не толку поради тоа што слушнал „неизречиви зборови“, колку поради тоа што ги издржал тие окови. Го сметам за благословен не толку поради тоа што бил „грабнат на третото небо“, колку поради тие окови.
Оти, за тоа колку овие окови се поголеми од другите, слушнете како и самиот тој го знаел тоа, зашто тој не вели: „Јас, кој слушнав неизречиви зборови, ве молам“, туку: „Јас, затвореник во Господ, ве молам...“ Не треба ниту да се чудиме, иако тој не го пишува тоа во сите негови Посланија, бидејќи не секогаш бил во затвор, туку само одредено време...
О, тие благословени окови! О, тие благословени раце украсени со тие окови! Рацете на Павле не биле толку вредни кога го подигнале и исправиле хромиот во Листра , колку кога биле оковани со тие окови. Да живеев во тие времиња, колку ревносно ќе ги прегрнев и ќе ги ставев до самата зеница на моите очи. Никогаш немаше да престанам да ги целивам тие раце, кои биле достојни за да бидат оковани заради мојот Господ. Се восхитувате ли како змијата се впила во Павловата рака и не го повредила?  Не восхитувајте се. Таа се поклонила на неговите окови. Да, и целото море му се поклонило, зашто тој и тогаш бил окован, кога бил спасен од бродолом.
Кога некој во овој миг би ми дарил сила да воскреснувам мртви, јас не би ја одбрал таа сила, туку тие окови. Кога не би имал грижи за Црквата, кога телото би ми било силно и полно со елан, не би се мислел дали да преземам такво долго патување, само за да ги видам тие окови, да го видам затворот во кој тој бил окован. Навистина, трагите од неговите чуда се бројни во сите делови на светот, но тие не се толку мили како трагите од неговите лузни. Ниту во Светото Писмо тој не ме воодушевува толку со своите чуда како кога страда од некое зло, бивајќи колнат и влечен наоколу, до тој степен што од неговото тело биле натопувани шамивчиња или крпи. Чудесни, навистина чудесни се тие нешта, но сепак, не толку чудесни како овие: „И, откако ги испоранија многу, ги фрлија в затвор“ (Дела 16, 23). И повторно, во окови „Го славеа Бог“ (Дела 16, 25). И повторно: „Го каменуваа Павле и го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов“ (Дела 14, 19).
Дали би знаеле колку силно нешто е еден железен синџир заради Христос, окован околу телото на еден Негов слуга? Слушнете што вели лично Христос: „Блажени сте вие“ (Матеј 5, 11). Зошто? Кога ќе воскреснувате мртви? Не. Но, зошто? Кога ќе ги исцелувате слепите? Не, воопшто не. Но, тогаш зошто? „Кога ќе ве срамат и прогонат, и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!“ (Матеј 5, 11). Сега, ако треба да се зборува за зло кое ги прави луѓето така благословени, што може да се постигне со тоа да се биде измачуван? Слушнете го овој благословен избраник, кој на друго место вели: „Понатаму ме очекува венецот на правдата“ (2 Тим. 4, 8), а сепак, пославен од овој венец се оковите, и поради тоа, вели тој, Господ ќе го смета за достоен, но тој нема да ги испитува тие нешта. За него доволна награда е тоа да страда заради Христос. Само Он да го удостои да рече: „Го пополнувам недостигот од Христовите маки“ (Кол. 1, 24), и не бара ништо повеќе...
Во што се состои неговата слава? Во оковите, во страдањата, во оковите, во лузните: „Јас ги носам на своето тело – вели тој – раните на Господ Исус“ (Гал. 6, 17), како тие да се некој голем плен. И, повторно: „Зашто, заради надежта на Израилот – вели тој – сум окован во овие вериги“ (Дела 28, 20). И, повторно: „Поради кое сум пратеник во окови“ (Ефес. 6, 20). Што е тоа? Нели се срамиш, нели се плашиш да одиш по светот како затвореник? Нели се плашиш некој случајно да не Го обвини твојот Бог за некаква слабост? Некој да не се соблазни, да не ти се приближи и да не ѝ се придружи на паствата? Не, вели тој, моите окови не се такви. Тие можат да светат сјајно дури и во царски палати. „Така што моите окови во Христос – вели тој – станаа познати на целата преторија и на сите други; и повеќето од браќата на Господ, поттикнати од моите окови, почнаа посмело, без страв, да го проповедаат словото Божјо“ (Филип. 1, 13–14).

***
Оковите на Павле се покажаа како долг и нѐ врза долгорочно. Да, тие се навистина долги и поубави од секоја златна верига. Овој синџир, кој оние кои се оковани во него ги издигнува до рајот како некое невидливо орудие, како продолжена златна верига ги возвишува на Небесата над небесата. А, прекрасно е тоа што тој оков ги влече своите заточеници угоре, и навистина, тоа не е природата на самите нешта. Но, таму каде што Бог промислува и дејствува, не барајте ја ниту природата на нештата, ниту природниот тек, туку барајте ги нештата кои се над природата и над природниот тек.

Извор:

ПРЕМИН бр. 131/132



подготви: Крум Велков

 20ти декември 2018 лето Господово

Друго:

Апостол Павле

Св. първовърховен апостол Павел

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2099
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная