логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Фестивалот „Браќа Манаки“ на 15 октомври ќе се отвори со филмот „Крвта што проштава“

кој го третира проблемот на крвната одмазда во Албанија, за што разговаравме со неговиот режисер ЏОШУА МАРСТОН од Калифорнија

Сунчица Уневска

Албанскиот филм „Крвта што проштава“ во режија на Американецот Џошуа Марстон, кој ја освои „Сребрената мечка“ за сценарио во Берлин, ќе го отвори годинешниот 32. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во Битола ќе пристигнат косценаристот Андамион Муратај и нашиот актер Рефет Абази, кој игра една од главните улоги во филмот што го третира проблемот на крвната одмазда во Албанија. Заедно со него ќе пристигнат и членовите на целото филмско семејство, кое во „Крвта што проштава“ е едно од оние многубројни фамилии што мораат да живеат во изолација. Рефет Абази го игра таткото, кој ќе изврши убиство и кој ќе ја предизвика цела таа ситуација, во Албанија позната како „нгујим“, а за која и тој, а и самиот филм добија одлични критики.

„Крвта што проштава“ е втор филм на Џошуа Марстон, кој и е познат на светската публика со својот одличен првенец, колумбискиот „Марија полна со милост“, каде што на светот му ги откри т.н. „мазги“, девојки кои во својата утроба пренесуваат дрога. Пред шест години овој филм беше номиниран за „Оскар“, а во Берлин ги освои наградите „Алфред Бауер“ за иновативност и „Сребрена мечка“ за актерката Каталина Сандино Морено. Марстон е нетипичен автор, кој филмовите ги прави не само како уметнички дела, туку секогаш ангажирајќи се околу одредени проблеми во различните земји во светот. Тој прво бил новинар, кој меѓудругото известувал и од Заливската војна, потоа бил професор во Прага, за подоцна да дипломира политички науки во Чикаго. Една исклучителна и ретка појава, која низ своите филмови прави многу повеќе од било какви акции или кампањи.

„Крвта што проштава“ и „Марија полна со милост“ фасцинираат со Вашата посветеност и подготвеност на светот да му покажете како живеат луѓето, а особено младите во овие земји. Но, освен признанијата за уметничкото во нив, колку Вашата ангажираност предизвика одредени реакции?

- Досега реакциите за „Крвта што проштава“ беа од публиката на филмските фестивали и по премиерите во Албанија и во Косово. Се надевам дека подоцна, колку повеќе луѓе ќе го видат овој филм во Албанија, толку повеќе проблемот на крвната одмазда ќе провоцира дискусии и ќе ја наметне потребата од барање некакви решенија. Јас сум особено заинтересиран за реакциите од страна на младите луѓе за филмот. Една особено важна реакција имав од момче кое сега има 18 години и кое живеело во изолација во неговата куќа од пет години. Тој рече дека филмот коинцидира со многу од искуствата и емоциите низ кои поминал. Овој филм тој го почувствувал мошне реално.

Карактеристично е дека Вашиот фокус во филмовите, пред се', е на младите луѓе, на тоа како овие состојби влијаат на младите и колку ги уништуваат нивните животи и нивната иднина. Очекувате ли дека овие остварувања можат да направат многу повеќе од она што еден филм како уметничко дело може да го прикаже?

- Една од најинтересните работи, кога станува збор за младите луѓе, а особено адолесцентите кои имаат околу 17 години, е тоа што минуваат низ многу промени. Драмата во филмот по дефиниција е заинтересирана за тоа како луѓето се менуваат од почетокот кон крајот на приказната. Тоа можеби е една од причините зошто се задржав на 17-годишните ликови. Тоа се периоди во нивните животи кога се' е доведено во прашање, кога учат и кога се љубопитни за се' и сешто. Тоа ги прави мошне интересни за екранот.

Што се случи по филмот за колумбиските „мазги“ (девојки што пренесуваат дрога голтајќи дури и по 50 вреќички). По неговата премиера во Берлин имаше големи одгласи, но дали овој филм стигна каде што требаше, дали нешто се помрдна од мртва точка? Повлијае ли филмот на било каков начин на животот на младите девојки во Колумбија, предизвика ли одредени реакции надвор?

- „Марија полна со милост“ беше многу добро прифатен во Колумбија. Тоа доведе до големи дискусии за овие девојки, кои мислат дека на тој начин можат да ја обезбедат својата иднина. Не мислам дека тоа го запре тој процес, за жал, ни најмалку. Но, барем во САД луѓето почнаа да имаат повеќе разбирање за тој проблем, во смисла на тоа што воопшто значи шверцување на дрога. Кога ќе кажеш дека некој голта дрога, тие веднаш помислуваат на филмот и тогаш можат да си направат слика во нивните глави. Така, на тој начин, се надевам дека филмот ја менува свеста на луѓето.

Филмот за крвната одмазда е направен одлично. Она што во овој филм изненадува, е Вашиот поглед кон овој проблем, бидејќи како човек од страна Вие на работите им приоѓате од поинаков агол и правите решенија што никој не би ги очекувал и кои сигурно не се вообичаени за Албанија. Но, токму тоа наметнува многу прашања. Дали се плашевте од неговата премиера во матичната земја?

- Премиерата помина одлично. Најдобриот дел беше да се видат сите луѓе (многу од нив натуршчици) што работеа на филмот собрани заедно во киносалата за да ја проследат премиерата на големото платно. За мене беше голем момент да се видат нивните имиња таму, тоа беше еден вид затворање на целата наша работа. Бидејќи, сите тие луѓе кои никогаш порано не работеле на филм, веруваа во нас дека направивме нешто и дека тоа е важно. И генерално, најважно е дека на Албанците филмот им се допадна.

Живеевте во Албанија, ги запознавте и жртвите на „нгујим“, се запознавте со помирувачите, можете ли да ни кажете што мислите за целата таа состојба. Колку е можно денес, со сите промени што се случуваат и што младите желно ги следат, нешто да се промени?

- Најважната работа за да се смени ситуацијата со крвната одмазда е да се сменат менталитетите на луѓето. Важно е луѓето да се обидат да ги решат нивните конфликти со насилството. И она што е важно, е тие да не бидат обземени со одмаздата. Овие промени може да дојдат на многу начини. На пример, кога луѓето кои работеле во странство се враќаат во своите земји, тие носат поинакви погледи. Кога имаат пристап кон интернет и можност за размена на мислења со луѓе од останатиот дел на светот, нивните идеи се менуваат. Кога се во можност да добијат силно образование, со добри учители и добри книги, тогаш се развиваат и нивните ставови. Сите тие работи се важни за да може да се здогледа крајот на крвната одмазда во Албанија.

Би можеле ли да ни опишете како се чувствува самиот народ во врска со крвната одмазда?

- Мислам дека никој не ја сака крвната одмазда. Но, се' уште луѓето влегуваат во тие ситуации бидејќи чувствуваат дека со тоа ја бранат нивната чест. Младите луѓе особено ја мразат крвната одмазда. Мислам дека најголем дел од младите луѓе не би влегле во процесот на крвна одмазда толку лесно, колку што тоа би го направиле нивните родители или дедовци. Тоа не е комплетно завршено. Ако прашате некој млад човек денеска во Албанија, што би направил доколку негова сестра била силувана, честопати тој преферира да се одмазди отколку да и верува на полицијата. Така што, мислам дека се' уште има многу работа за да се дојде до тоа луѓето да не преземаат чекори за одмазда.

Нашиот актер Рефет Абази ми раскажа дека за време на снимањето на филмот сте направиле неколку хуманитарни акции, сте им подариле лаптопи на младите кои се врзани дома, за да можат да останат поврзани со светот. Како сето тоа беше прифатено?

- Ние бевме во можност да донесеме неколку компјутери за семејствата што се во изолација. Тоа беше извонредна работа за да се види колку членовите на тие семејства што се во изолација ги користат компјутерите за да остварат контакти со надворешниот свет. Едно момче ја користеше нашата камера и успеа да влезе на интернет и да ја искористи како скајп за да разговара со некои негови роднини во Лондон. Тие семејства се подготвени да се движат напред. Но, факт е дека имаат потреба од помош.

 

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C1BCF72BAE000E4EB6C57806C6BE9A7D



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 191
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 286
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 497
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »