логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Магистерски труд на Софија Грандаковска 

 

7. Молитвата како книжевен говор

 

7.1. Од примерите на хеленската книжевност може да се заклучи дека молитвениот говор станува книжевен (говор). Поточно, молитвата како првичен крик и емотивна реакција од органска природа, се одвојува и понатаму опстојува во рамки на извесни религиозни култови и практики, но сега стекнува своја посовршена форма, која е книжевно-уметничка. Молитвата како говорен жанр во таканаречената поезија на дивјакот, која претставува израз на интересите на колективно опстанување, во хеленската книжевност преминува во второстепен, т.е. секундарен книжевен жанр кој (молитвата) следи одредена ритмика и структура, карактеристична за поетско-книжевниот пример во епското пеење и поетско-лирските форми на пајанот, номосот, химната, одата, епиграмот, елегијата, епиграмот, дитирамбот како пеена хорска лирика.

 

 Појавата на лирската поезија во Хелада го нуди новиот модел на молитвата. Таа почнува да се обележува и опстојува како книжевна форма во хеленската книжевност, нагласувајќи го интересот за книжевно-уметничка структура, но не го губи интересот за своето значење како врска меѓу молителот и Бога. Книжевниот модел на молитвата е во склоп со општествено-социјалните, демократските и религиозните практики на хеленскиот човек. Молитвата како литерарен говор го содржи славење на херојството, јунаштвото, честа - како највисока морална должност. Препознавајќи го нејзиниот говор во старата класична поезија, молитвата постигнува нов рецепциски и книжевно-уметнички оддек, предавајќи го молитвениот религиозен дискурс како книжевна форма: 

„Историјата на класична Хелада - на пример - ги познава, ги именува и ги дефинира одделните лирски видови [...], но старогрчката поетика не го заокружува родовскиот поим лирика низ јасно типолошко и теориско дефинирање на нејзината структура и однос спрема другите родови.“[1] 

Треба да заклучиме дека молитвата како книжевна форма во хеленската книжевност во себе ги содржи пред-литерарните или говорни жанрови [според Бахтин], во неа се содржани бројни преткнижевни видови. Но, моделот на молитвата во хеленската книжевност и култура, содржи книжевен контекст кој треба да се разгледува од аспект на теориската класификација, стилско-уметничка и книжевна анализа. Молитвата низ своите книжевни видови и форми во лириката, содржи константни форми кои подоцна ќе бидат извор на рановизантиската поезија. 

7.2. Сакралната поезија на Хелада се развива од култовите посветени на некои богови. Овој религиозен карактер на поетските форми, доаѓа од култот кон Аполон низ изразот на пајанот кој има молитвена содржина, а дитирамбот од култот кон Дионис. Нивната карактериктистика е во тоа што биле изведувани како пеени или низ танц, што говори за нивниот синкретичен карактер. Ако во овој контекст го вклучиме интересот кон молитвата, тогаш уште еднаш можеме да заклучиме дека: молитвата постои како лирска тема која одбележува значајни моменти од човечкиот живот на хеленскиот човек, вообличена низ формата на поетскиот израз. 

7.3. Треба да се истакне дека под поимот химна во антиката се подразбира општ поим за религиозна поезија.[2] Возвишените атрибути што таа ги опејува на свечен начин во слава на некое божество или јунак, претставуваат идеална структура за опевање на херојските атрибути на воините. Платон пишувајќи за музичките жанрови на далечното минато (Leges, III, 700), соопштува дека молитвите упатувани до боговите се нарекувани химни. На книжевноста ѝ се познати хомерските химни, а и примерите на молитви кои им биле упатувани на боговите во трагедиите од страна на хоровите, тн. химни-молитви.

 

Поспецијалните поетски облици со сакрален и молитвен карактер се подведени под поимот песна во значење на ода. Во нивниот подвид влегуваат епикинијата како поетска форма и пофалбата. Тие се определени како победнички, празнични и похвални песни, но нивното значење е во тоа што тие се најзначајниот пример на духовна поезија.

 

 Ваквата поделба на поетските форми во коишто е содржана молитвата во хеленската книжевност укажува на тоа дека сите тие форми се духовни песни кои имаат пагански карактер. (Hercman, 2004, 45-46) Подоцна, овие форми доживуваат еволуција во христијанската книжевност, која внесува ново поетско-книжевно мислење во старите пагански песни, но и нова семиолошка перцепција на  молитвата како книжевна форма.


[1] К. Ќулавкова, 1997, 154.

[2] А. Stamać & Z. Škreb, 1983, 485-530.

 


 

Користена литература:

 

Антологија на хеленската лирика. Скопје: Зумпрес,1996.
 
АРИСТОТЕЛ. За поетиката. Скопје: Македонска книга, 1979.
 
ЃУРИЌ, В. Историја хеленске књижевности. Београд: ЗУНС,1990.ÐURIČ, Miloš. Istorija helenske etike. Beograd: IGZ, 1976.
 
ЕЛИЈАДЕ, Мирча.  Историја на верувањата и на религиските идеи, том I, Од камено доба до елевсинските мистерии. Скопје: Табернакул, 2005.
 
ЗЕЧЕВИЋ, Слободан. Култ мртвих код Срба. Београд: Етнографски музеј, 1982.
 
MACKAIL, W. J. Select epigrams from the Greek anthology. Oxford: Longmans, Green and Co., 1890.
 
ПАВЛОВИЋ, Миодраг. Поетика жртвеног обреда. Београд: СКЦ, 1996.
 
ПАРИЗО, Роже. Сећање и реминисценција или Мнемосина и Музе. Во: Источник, број 3, Београд: Друштво источник, 1992.
 
ПЛАТОН: Гозба или за љубовта. Федар. Скопје: Македонска книга, 1979.
 
ПЛУТАРХ. О музици. Зрењанин: Будучност, 1975.
 
PULLEYN, Simon. Prayer in Greek Religion. Oxford: Clarendon Press, 1997.
 
TATARKJEVIČ, Vladislav. Istorija šest pojmova. Beograd: Nolit, 1988.ЏЕМС, О. Е. Упоредна религија. Београд: Матица српска, 1990.
 
ЌУЛАВКОВА, Катица. Тетратки Скопје: Менора, 1997.
 
FREJDENBERG, Mihajlovna Olga. Mit i antička kniževnost. Beograd: Prosveta, 1987.
 
HAJDEGER, M.  Mišlenje i pevanje. Beograd: Nolit, 1982.
 
HEILER, Friedrich. Prayer: A Study in the History and Psychology of Religion. London: Oxford University Press, 1932.
 
HERCMAN, Jevgenij. Vizantijska nauka o muzici. Beograd: Clio, 2004.
 
ХОМЕР. Илијада. Скопје: Македонска книга, 1982.
 
ХОМЕР. Одисеја. Нови Сад: Матица Српска, 1985.
 
Stamać, А.  & Škreb, Z. Uvod u književnost. Zagreb: GZH, 1983. 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 395
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 472
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 430
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »