логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

            Современата конзервативна политичка филозофија се појави во 1790г., со појавувањето на студијата на Едмунд Берк “Рефлексии за француската револуција”. Оваа студија беше реакција на успехот на јакобинците кои се обидоа да го урнат стариот морален, политички и социјален поредок во Франција. Стремежот да се заштити општеството од брзите општествени промени не беше сосема нов. Тој беше присутен во општествената мисла многу пред појавата на тоа што ние денес го знаеме како конзервативна политичка филозофија. Мислителите на општествената стварност кои пишуваа пред да се случат настаните од француската револуција и се обидуваа да го зачуваат општествениот поредок се класифицираат како претходница на современата конзервативна политичка филозофија.
        Покрај Берк, за историјата на конзервативната политичка филозофија многу значајни се авторите како: Самјуел Тејлор Колериџ, Бенџамин Дизраели, Мајкл Оушот од Велика Британија; Жозеф де Местр, Луј де Бонал, Алексис де Токвил, Маурис Баре, Шарл Маурис од Франција и Фридрих Хајек, Расел Кирк и Лео Штраус од САД. Последните тројца беа толку значајни што се сметаат за идејни предводници на доминантните правци во конзервативната политичка филозофија во последните 60-тина години. За концептот кој го разви Хајек се смета дека е од клучно значење за развојот на либертаријанизмот, Кирк се смета за предводник на традиционализмот, а Штраус за идеен водач на неоконзервативизмот. Овие автори своите концепти ги развија во периодот од 1945г. до 1955г., а зависно од општествоно-политичкиот контекст, тие се земаа како  основа на политиките што ги водеа конзервативните партии. Така Роналд Реган го посочи Расел Кирк како инспиратор на конзервативната јавна политика во периодот додека тој беше претседател на САД, а за јавните политиките на претседателите Буш (постариот и помладиот), се смета дека се инспирирани од концептот што го разви Лео Штраус. Во овој текст ќе се задржиме само на најзначајните делови од конзервативата политичка филозофија во економската и националната сфера.
          За начинот на промислувањето на економијата во конзервативната политичка филозофија релевантен е либертаријанизмот, за кој се смета дека е основата на конзервативните економски јавни политики од крајот на втората светска војна до денес. Либертаријанизмот во својата основа е класичен либерализам, од кој се откажаа либералите под влијанието на Кејнзианизмот. Корените на либертаријанизмот во рамките на конзервативната политичка филозофија може да се бараат уште кај Берк во Британија и де Токвил во Франција. За Берк, Расел Кирк (веројатно најдобриот познавач и најзначајниот афирматор на политичката филозофија на Берк) ќе напише дека “Берк беше конзервативец, затоа што беше либерал”. На сличен начин еден дел од познавачите на делото на де Токвил него го сместуваат меѓу конзервативците, а друг дел меѓу либералите. 
        Либертаријанизмот тврди дека слободата е апсолутна вредност и таа мора да биде воспоставена како во политичкиот, така и во економскиот живот. Слободата на пазарот е движечка сила, не само на економијата, туку на цивилизацијата. Се што го попоречува остварувањето на економската слобода во својата основа е погрешно. Хајек ги критикуваше интервенциите на државата во економијата, државната сопственот, државата на благосостојба, кои не се само погрешни како концепти, туку и неморални бидејќи ги тераат луѓето да се однесуваат на погрешен начин. Со интензивирањето на студената војна, либертаријанизмот на Хајек, дојде во судир со традиционализмот на Кирк по прашањето на јавните расходи за интервенционистичката надворешна политика (политиката на ниски јавни расходи на либертаријанците имплицираше изолационистичка надворешна политика). Кирк забележа дека конзервативната политичка филозофија не треба да се редуцира на економски концепти, туку треба да го има предвид поширокиот контекст и во услови на студена војна да толерира зголемување на расходите за интервенционистичка надворешна политика. Така основата на економската политика на конзервативизмот остана либертаријанизмот, со еден исклучок во сферата на надворешната политика.    
             Во националната сфера, конзервативната, како и либералната политичка филозофија го промовираше концептот на нацијата. Но, за разлика од либералите за кои нацијата е поврзана со политички идеали, за конзервативците нацијата е органски поврзана со традицијата, историјата, територијата од кои природно произлегува општествениот поредок. Затоа тешко може да се најде конзервативен политички филозоф кој не пишува за националната историја, култура, традиција. Многумина сметаа дека за разлика од “класата” која беше марксистички, “нацијата” е конзервативен концепт. За конзервативните автори, нацијата е апсолутен приоритет. Во одредени околности во името на нацијата вреди да се жртвуваат сите останати вредности како на пример животот. Концептот на нацијата е многу тесно поврзан со националните држави и нивниот суверенитет. За конзервативците суверената национална држава секогаш беше идеал. На неа тие гледаат низ призмата на патриотизмот, односно националната лојалност.

Социјална доктрина на католицизмот

          Доктрините по дефиниција се однесуваат на стандардизација на препораките во врска со практикување на верувањата или учењата преку кои тие прераснуват во систем на однесување. Терминот “доктрина” првенствено се користеше во теологијата и означуваше толкување на христијанското учење за однесувањето на верниците во сите аспекти на современиот живот и имаше за цел да го намали растечкото ниво на неадекватно практикување на верата. Доктрините се особено значајни за католицизмот. Католичките доктрини ги сочинуваат: папските енциклики, официјалните ставови на католичката црква и ставовите компатибилни со нив. Еден од најзначајните истражувачи на демохристијанството Мајкл Фогорти посочува дека една од карактеристиките на секуларните движења или организиции кои се инспирирани од религијата е нивната претензија како своја основа да ги имаат доктрините. Таков е случајот и со демохристијанството кое посебно значење им придава на социјалната доктрина на католицизмот.
       Социјалната доктрина на католицизмот е посветена на прашањата на трудот и капиталот. Нејзин основач е Папата Лео ЏИИИ, кој во 1891г. ја објави енцикликата “Рерум Новарум”. Оваа енциклика беше одговор на католичката црква на растечките судири меѓу работниците и капиталот во времето на индустријализацијата. Во Рерум Новарум се повторува долгогодишната заложба на католичката црква за почитување на правото на приватна сопственост, но се укажува и дека слободата на пазарот мора да биде поврзана со општествена одговорност. Со оваа енциклика се инаугурира ставот дека Бог е на страната на сиромашните, а како излез од перманентното загрозување на правата од работен однос се предлага формирање на католички синдикати, колективни преговори меѓу здруженијата на работодавците, синдикатите и јавната власт, како и државна интервенција во економијата. Според Кајсер Волфрам критиката на капитализмот и поддршката на правото на синдикално здружување се најзначајни карактеристики на Рерум Новарум. Чарлс Куран пишува за две последици од оваа енциклика: формирањето на католичките синдикати кои се залагаа за државен интервенционизам како еден од начините на заштита на интересите на работниците и корпоративистичката економска политика со колективни преговори на преставниците на капиталот и работниците.
         На трагата на Рерум Новарум беа и енцикликите кои следуваа. Така во “Љуадрагесимо Анно” меѓу другото се вели: “исто како што единството на општеството не може да се заснова на спротиставување на класите, економскиот живот не може да се организира ниту преку слободниот натпревар. Од слободата на пазарот настанаа и почнаа да се шират сите грешки на индивидуалистичкото економско учење”. Според тоа еконосмкиот натпревар додека е праведен е корисен, но тој не може самостојно да управува со севкупниот општествен живот.
         Од клучно значење за католичката црква е достоинството на секој човек и солидарноста. Достоинството е инхерентно на светоста на човековиот живот. Човековиот живот е тајна, а заштитата на човековото достоинство треба да биде највисок морален императив за општеството. Луѓето се создадени по пример на Бог и затоа секој поседува лично достоинство што треба да се почитува. Солидарноста пак, е цврста и трајна решеност кон постигнување на општо добро и не се исцрпува само со помагање на оние кои се во невоља. Во таа смисла луѓето во основа се еднакви (пред Бога) и затоа општествениот живот треба да се заснова на солидарност, а не на експлоатација.   
         По прашањето на нацијата, националниот идентитет и суверенитет католичката црква како транснационална институција покажуваше сериозни резерви. Всушност католичката црква беше најголемиот противник на формирањето на нациите и националните држави, а католиците во тој процес беа маргинализирани. Во времето на формирањето на националните држави, католиците не го признаваа нивниот суверенитетот, туку се потчинуваа на одлуките на Папата. Затоа формирањето на националните држави беше проследено со антиклерикализам. Во 19-тиот век се водеа жестоки војни меѓу новоформираните национални држави и католиците. Добар пример е војната на културите во Прусија, каде поради донесените закони кои имаа за цел да го маргинализираат католицизмот, католиците кренаа востание кое либералите предводени од Ото фон Бизмарк го задушија. Многу цркви и манастири беа затворени, голем дел од свештенството се најде во затвор, а црковната сосптвеност беше конфискувана. Во Италија, Папската држава беше анектирана кон секуларното кралство Италија, а Папата стана затвореник во Ватикан. Во Франција застапниците на Третата република беа во конфликт со католичката црква. Во Холандија веројатно најмногу се чуваствуваа последиците од војната на културите во Прусија. Во Белгија долго време траеја тензиите меѓу либералите и католиците што резултираа со судири по улиците на Брисел 1879-1884г.  
         Под влијание на католичката црква кај католиците се разви идеа за една наднационална заедница. Така Адриан Хансинг смета дека иако католиците беа дел од пооделни нации, кај нив се разви идеа за една наднационална католика заедница. Таа беше повеќе од литургиска заедница или конфесионален блок. Слично мислење имаат американските антрополози Роберт Ретфилд и Милтон Сингер кои на католицизмот гледаат како на заедница со заедничко чувство за опстанок. Според нив различните нацонални заедници имаат посебен идентитет, но заеднички се потчинуваат на еден повисок поредок и ги делат моралните норми, културните обреди, градејќи заедничка колективна свест. Дејвид Хенли доаѓа до заклучок дека од тие причини демо-христијанските партии имаат развиено супранационален идентитет повеќе од било кои други партии.    

Продолжува

Кире Шарламанов
Доктор по социолошки науки

Друго:

Што е конзервативизам, а што демохристијансвто

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 395
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 472
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 430
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »