логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

  
  
Денес живееме во општество што молчи не само вербално туку молчи и со тоа што не се смее. А има толку смешни знаци и на власта и опозицијата. Но го нема првиот што ќе се закикоти. А ако само еден почне, тоа ќе се рашири во бранови. Смеата е најзаразниот ЛЕК, а не нејзаразната болест на овој век. Тоа го знаеше човекот што се смееше, „неконвенционалниот политичар“ Љупчо Јордановски. Нему му ја посветувам оваа колумна, оти замина без да ми раскаже еден ветен виц   
   
  
Неодамна препрочитував една од најдобрите досега напишани расправи за комичното и смешното. Наидов на некои ставови што ме „смрзнаа“, кога ги применив на нашето секојдневие. Излезе дека од нашето секојдневие е целосно „избркано“ смешното, односно комичното. Не мислам само на тоа дека е речиси невозможно да видите на улиците, во јавните институции (па дури и на семејните свечености и собири) лице што искрено, од дното на срцето се смее; мислам на тоа дека сé повеќе станува смешно нешто што би требало, според класичните естетички дефиниции, да се смета за грдо, недостојно за почит, па дури и за - жално. На пример, сé почесто луѓето се смеат на туѓа несреќа, слабост или за беспомошност. Тоа е таканаречената злобна, злорадосна смеа. Неодамна набљудував група вандали, кои се смееја затоа што потопуваа во буре со вода мачка врзана за задните нозе!

Ако нагонот за смеење е искривоколчен, тогаш нешто навистина е монструозно погрешно во општеството. Затоа што „смеата е манифестација на љубов кон животот... Но постојат и луѓе што немаат смисла за смеа... Ако смеата е една од карактеристиките на општочовечката ДАРОВИТОСТ, ако за смеа се способни даровитите, и воопшто НОРМАЛНИТЕ живи луѓе, тогаш неспособноста за смеа може да се протолкува како последица на ограниченост и закостенетост.“ Така вели таа расправа, а јас се прашувам кој од нашите политичари знае да се смее.

Смеата е очигледно само привилегија на човекот. Аристотел вели: „Меѓу сите живи суштества, само на човекот му е својствена смеата“. Брандес повторува: „Само човекот се смее, и само на нешто човечко“ (макар тоа била и човечка сличност со некое животно, на пример – мајмунот). Растенијата и животните не се смеат, затоа што не се доживуваат едни со други како смешни; во најдобар случај тие може да се радуваат, ама не и да се смеат. Само човек може да му се смее на човека, и тоа под одредени услови што го создаваат комичниот ефект.
Меѓу тие услови спаѓа и откритието дека нечии вредности се многу пониски од оние што се покажуваат пред јавноста; вистинската вредност е многу пониска од онаа што се презентира во јавноста. Затоа се смееме на нашминкани спастрени говорници, со паунеста импостација, елитно држење на телото и важна мимика – кога зборуваат глупости. Односно – ни доаѓа да се смееме. Дали ќе се насмееме – зависи од околностите во кои се наоѓаме. Имено, сите знаеме дека власта не ја сака смеата тогаш кога таа самата станува извор на комика. Механизмот на автоцензурата очигледно е посилен од нагонот за смеа. Резултатот е: колку помалку се смееме (макар и под влијание на автоцензурата), толку помалку сме луѓе, односно толку помалку имаме осет за човечкото и нечовечкото во нас; разликата меѓу доброто и злото се брише, ние стануваме морални идиоти, етички аутисти: немтурството е само помалиот, видлив дел на проблемот!

Во изворот што го читав наоѓам: „По сé изгледа дека постојат некои професии што ограничените луѓе ги лишуваат од способноста да се смеат. Тоа се пред сé оние професии што на човекот му даваат извесна власт.“ Јасно е дека тука спаѓаат и оние што се занимаваат со политика. Јасно е, исто така, дека тука спаѓаат и црковните поглавари: смеата и власта, односно смеата и религијата заемно се исклучуваат. Тука не мислиме на „веселоста“ при црковните обреди, која е пожелна; мислиме на смеата што би била субверзивна. „Ни Христос не се смеел“, вели еден прочуен верник, во одбрана на оваа теза. Таа теза за „субверзивноста“ на смеата оди дотаму што тврди дека во смеата нема ништо Божјо, туку ѓаволско (да се сетиме на смеата на Гетеовиот Мефисто); човек што се смее – му ја продал душата на ѓаволот.

Се разбира дека тоа не е така. Прво, нема никакво проверено сведоштво дека Христос никогаш не се насмеал! Ако неговата природа била двојна, односно ако во Богочовекот постоел и човекот, тогаш е сигурно дека и тој се смеел. Второ, Христос воопшто и не би се спротивставил на официјалната власт/религија (Римјаните) доколку немал способност за смеа. Смеата, имено, е корен на сите спротивставувања и давања отпор. Со неа, со смеата и исмевањето (карневализацијата) почнуваат сите револуции. Најпрвин треба да се покаже дека официјалната власт е лажна, што значи - смешна (има диспропорција меѓу презентацијата и суштината на нејзината моќ), па дури потоа да се проповеда својата „наука“.

Минатата седмица си замина тивко од овој свет Љупчо Јордановски, еден „неконвенционален политичар“, како што го нарече во искрено признание дури и неговиот политички опонент, сегашниот спикер на Собранието, г. Трајко Вељаноски. Таа „неконвенционалност“ на Јордановски, очигледно, беше неговата способност за смеа. Сите ќе го запомнат по тоа што знаеше, пред жешките, честопати целосно неаргументирани теснопартиски пресметки, да им пушти на пратениците некој евергрин, за да ги релаксира. Како да сакаше да им покаже дека на светов сме дојдени за убавината, а не за грдото. Колку таа „терапија“ помагаше – не знам, но знам дека тој човек што се смееше проба сé и дека совеста му беше мирна. И знам дека „музичката терапија“ (коренот на оваа медицина е уште кај Старите Грци) беше еден вид политичка субверзија која почнала со смеа (неговата насмевка беше јасно видлива додека течеше музиката) и која имаше желба да произведе луѓе што се смеат. Подобри луѓе.

Смеата е најсубверзивниот дискурс. На неа - исмеаниот нема одговор: ако се насмее, го верификува дискурсот за себе како вистинит; тоа е причината што власта не сака да и се смеат. А замислете колку голем човек би бил некој што би се насмеал заедно со оној што го исмејува! Колку не само политички, туку и човечки поени би добил кај народот! Но ние денес живееме во општество што молчи не само вербално туку молчи и со тоа што не се смее. Тоа треба да нé загрижува. А има толку смешни знаци и на власта и опозицијата посеани насекаде околу нас. Но го нема првиот што ќе се закикоти. А ако само еден почне (го поздравувам воскресението на „Остен“ во оваа смисла), тоа ќе се рашири во бранови. Смеата е најзаразниот ЛЕК, а не нејзаразната болест на овој век.

Тоа го знаеше човекот што се смееше, „неконвенционалниот политичар“ Љупчо Јордановски. Нему му ја посветувам оваа колумна, оти замина без да ми раскаже еден ветен виц.

Авторот е универзитетски професор и писател
  
   
Автор: Венко Андоновски 

 Извор. Нова Македонија

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 422
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 910
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1144
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

« »