логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Од вишниот Сион, на Светите градот,
Погледни на нас и испрати ни сладост,
Јоаникие свети, најнежен татко,
Од преслаткиот Христос, нашата радост,
Кого од младини Го возљуби силно,
И возвишен во Него, покажа живот.


Слово на Епископот Антаниски г. Партениј, изговорено на споменот на Преподобен Јоаникиј Ракотински, во Рајчица, недела, 24 јануари 2021 лето Господово

Мили мои, блажен е оној народ, вели светиот цар и пророк Давид, на кого Господ му е Бог и луѓето што Тој ги избрал за наследство Свое (Пс. 33,12), блажен е оној род кој раѓа светии Божји. Да Му благодариме на нашиот Бог што благоизволил и дал обилни духовни дарови и на нашиот народ, та тој да процвета низ историјата со многубројни свети Божји угодници. Почнувајќи од светите сесловенски просветители и учители наши, рамноапостолните Кирил и Методиј, Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, првите свети рожби на Христијанството во словенскиот свет, па сè до денес, недобројни се Светиите Божји, знајни и незнајни, што го красат светителското соѕвездие над македонската земја.
Денес го прославуваме споменот на едно такво незаодно светило, новојавениот преподобен отец наш Јоаникиј Ракотински Чудотворец, имајќи ја честа да имаме со нас дел од неговите чесни и чудотворни мошти, по благословот на Неговото Блаженство, Архиепископот г. Стефан. Животот на овој Светија, како и на сите други, изобилува со бројни христијански добродетели, но сепак, доколку се задлабочиме подлабоко во неговото житие, ќе забележиме една главна одлика на неговата борба, едно богоблагословено средство со коешто не само што се спасил, ами и се осветил и обожил. Тоа е неговото неизмерно трпение. Всушност, сиот негов живот би можел да се сведе на зборовите што Господ Исус Христос им ги кажал на Своите ученици во Евангелието: Со своето трпение ќе ги спасите своите души! (Лука 21,19) Сиот долгогодишен животен пат на Преподобниот, неговиот монашки подвиг, неговата севкупна дејност го прикажуваат како човек на евангелското трпение. Пред сè, живеел во крајно неблагопријатни времиња, во сиромаштија, во сочувствителност со народните страданија; многу искушенија претрпел од иноверните за време на отоманското владеење, а потоа и од антагонизмот на различните црковни јурисдикции, од притисокот и нивните борби за превласт коишто причиниле големи соблазни. Во сето тоа, тој избрал со трпение да Му служи единствено на Христа, а не на земските интереси и надвивања, па дури останала и неговата изрека: „Јас сум православец и не се мешам во вашите борби“.


Најпосле, по долготрајниот подвиг и духовните борби и страданија поминати со трпение, во 1940 година, на 93-годишна возраст, блажениот Старец си заминал од овој свет во бесмртното Царство на нетлената радост, оставајќи го, како некоја свештена скинија, своето чесно тело неразрушено и недопрено од силите на распадливоста скоро половина век, за сведоштво на светоста што ја стекнал преку неговата долготрпеливост. Очевидци раскажуваат дека и децении по неговата смрт, неговото тело било нераспаднато, брадата и косата сè уште му биле цели, а лицето му било толку убаво и свежо, со тен како восок, што се чинело дека не е умрен, ами спие со спокоен сон на праведник. И после смртта Преподобниот сакал да им зборува на луѓето, да им проповеда со своето нетрулежно тело за убавините од животот во Христа, за плодовите на блаженото трпение, за вечниот живот.


Меѓутоа, веројатно не наишол на доволно место во срцата на луѓето од времето на безбожниот комунизам, па затоа најпосле допуштил неговото тело да се распадне, откако, во 1986 година, бил повторно погребан во гроб што наликувал на бетонски ров кој се полнел со вода.
Потем, со возобновувањето на општежителното монаштво кај нас, кога нашиот народ почна да ги принесува најубавите плодови на покајанието, Светителот благоизволи духовно да комуницира, да зборува со истородните негови, со монасите, и да им се објави. Тоа го направи со објавувањето на својата светост на некои монаси и благочестиви свештеници заинтересирани за неговиот живот, со доаѓањето на неговите мошти при монасите, а потоа, кога почнавме подлабоко да истражуваме за неговиот живот – и со откривањето на неговите своерачни автобиографски белешки. Тој, исто така, проговори и преку неколкуте негови современици коишто го затекнале жив и биле очевидци на неговиот свет живот и на бројните чуда што ги правел, а коишто по Божја промисла доживеаја длабока старост, за да ни ги раскажат потребните податоци за неговото житие.

 

 ________________________________________
И од сè што се собра за него може слободно да се заклучи дека Свети Јоаникиј, имајќи го блаженото трпение со надеж во Христа како врховен принцип во својот живот, навистина ги стекнал плодовите на Светиот Дух – оние за коишто слушавме пред малку од апостолското четиво: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост (Гал. 5,22). Уште, цврстата вера и љубов го направиле Преподобниот непоклатен Христољубец, кој со својот живот ги повторувал и овистинувал Павловите зборови: Кој ќе нè одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот? … Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нè оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ (Рим. 8,35-39).

Чесните и чудотворни мошти на Свети Јоаникиј Ракотински во Бигорски


За да може да се живее ова, неопходен е подвигот на трпението, како што им пишува Апостолот Јаков на Христијаните: трпението, пак, нека биде совршено дело, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток (Јаков 1,4). Ваквото трпение создава силна вера, од којашто потоа произлегуваат надежта и врховната добродетел љубовта, којашто е врската на совршенството (Колос. 3,14). Затоа Апостол Павле така и ги степенува најголемите добродетели во Химната на љубовта: А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта, којашто никогаш не пропаѓа (1. Кор. 13:8,13), туку продолжува и во вечноста. Гледате како сè е последично поврзано: доколку човек нема најнапред трпение, тој не ќе може да има ни силна вера, ниту пак, надеж, а камоли љубов. Затоа Спасителот толку многу го истакнува трпението, изедначувајќи го со спасението.
Впрочем, трпението е најголемото нешто и за нас, монасите. Зашто без трпение не може да стане збор за послушание. Без послушание, пак, нема монашки живот, нема совршенство. Денес луѓето во светот честопати го сметаат трпението за слабост, за немоќ, за немање свој карактер. Велат: „Тој молчи, не возвраќа на навредите, на неправдите, не презема ништо за да го одбрани своето достоинство затоа што е слабак, се плаши“. Меѓутоа, воопшто не е така. Напротив, трпението е голема сила и трпеливиот човек е најсилниот човек, затоа што тој успеал да го совлада најголемиот противник – самиот себе, т.е. своето его. Многу полесно е човек да избувне кога ќе има некакво искушение, па да направи некоја непромислена и фатална грешка, отколку да претрпи и да се смири. Мислам дека понекогаш е најтешко да се истрпиме самите себеси.


Свети Јоаникиј Ракотински достигнал совршено трпение: се победил себеси, своето гревовно јас, па затоа можел лесно да ги претрпи сите надворешни искушенија. И не само тоа, туку преку несоздадените Божји енергии, тој станал едно живо евангелие, орган на Светиот Дух, живеалиште на Светата Троица. Станал голем чудотворец и за време на животот и по неговото блажено во Христа упокојување. Чудесен бил самиот негов живот, чудо биле исцеленијата на болестите што ги вршел, чудо биле неговите пророштва што се овистиниле, чудо било неговото нераспадливо тело, чудо е како тој им се откри на монасите во поново време и како повторно беше прославен од земската Црква; чудо е неговото денешно дејствување, преку неговите молитви пред Светата Троица. Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што денес почива најголемиот дел од моштите на Преподобниот, благочестиви свештеници секојдневно ги запишуваат чудесата што стануваат од тие мошти. И во нашиот манастир досега се случија многу чудеса преку неговите благоухани мошти.


Сепак, мили мои, најголемо чудо е човек да се победи себеси, да биде трпелив, расудлив, благоразумен, зашто само така ќе може да стане причесник на Божјите неосздадени енергии, да ги добие даровите на Светиот Дух и да се обожи. Да ги помниме и секогаш да си ги повторуваме Спасителовите зборови: Со своето трпение ќе ги спасите своите души!
Преподобниот отец наш Јоаникиј Ракотински Чудотворец нека ни помага во тоа и неговите свети молитви нека бидат со сите нас.

«Тропар-на-свети-Јоаникиј» во изведба на хорот на Бигорскиот Манастир
________________________________________

 

https://bigorski.org.mk/slova/episkop-partenij/prepodobniot-joanikij-rakotinski-obraz-na-evangelskoto-trpenie/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная