логоFacebookTwitterYouTubeeMail

38.machenici1Порано беше „ин“ да се биде песимист заради некоја интелектуална скепса. Џанам... ако си интелектуалец, тогаш треба постојано да си незадоволен и несреќен. Да лелекаш над својата судбина и да мрчиш на секоја општествена појава. Навистина, за негодување имаме многу фактори, објективни и релевантни, без претерување, ама некако изморена сум веќе од точки и 

4vek1Не сум психијатар, но од книжевноста се учат многу работи. Така, на пример, од драмскиот текст „Паралелни светови“ на мојот хрватски пријател Миро Гавран, врз „жив пример“ (книжевен лик) научив што е дисоцијативна фуга. Таму, ликот околу кој се врти сѐ, професорот економист Адам, откако ќе ја затекне сопругата во неверство со најдобриот пријател, заминува во банка да ги подигне сите пари и да фати пустелија.

TVITer41 Јазикот е раѓање на човекот. Филозофите велат: вистински се раѓаме во јазикот, не во акушерската клиника. Затоа, со години, во интервјуа, колумни, на собири по разни поводи повторувам: ДРЖАВАТА мора да ги заштити овие две катедри со специјален закон со кој ќе го гарантира нивниот опстанок!

3.angeli.so.trubaА што е со социјалните мрежи, каде што се черечи секој што има спротивно мислење од мнозинството?

Тие се најтврд пример за ексклузија: жигосување како во комунистички гулаг, само електронски.

Така што, кај нас, на теренот владее ЕКСКЛУЗИЈА, а на хартија ИНКЛУЗИЈА, колку и да не сакаме да признаеме.

3.angeli.so.trubaАко до Бога се доаѓа само со срце, а не со разум, тогаш не може да има „наука за Бога“. Ако до љубениот/љубената се доаѓа само со срце (а не со разум), не може да има ни наука за љубовта. Може да има само поуки. И сексологијата премолчено признава дека не е наука за љубовта: најчесто се сведува на она што Хелените го викаа ТЕХНЕ („занает“ во уметноста),

TVITer655 Приказна 2: Си беше еднаш еден човек што рече: „Порано големи луѓе живееја во мали куќи, а сега мали луѓе живеат во големи куќи“.
Оваа приказна, како и горната е социјална, речиси рациновска. Ама за разлика од претходната, е и целосно вредносно изместена: укажува на тоа дека изминатава година неспособните уживаа, а способните се мачеа и бореа. Тоа значи дека НЕНОРМАЛНОТО веќе го прифаќаме за НОРМАЛНО. Јас одамна тврдам дека не ни требаат толку специјалисти – политички аналитичари (секој втор говорник денес на ТВ е политички аналитичар), колку психијатри.

 Безобѕирност. Поедноставно: бесчувствителност. Денес е реткост да се налета на човек со осет за другиот. Бесчувствителноста станува веќе главна работа на оној општествен дрил што се вика образование: ефикасно образование денес подразбира да се произведе човек способен да се „излакта“. Знаењето е во втор план, снаодливоста златни врати отвора. Тоа со гордост го викаме „амбициозен млад човек“. Дрскоста ја викаме храброст, а невоспитаноста – иницијативност.

Драг мој бугарски пријателе, Ти пишувам тебе, што се занимаваш со уметност и вистинска наука, а не со политика, во надеж дека ќе ме разбереш. Тонот на моето писмо нема да биде ни политички ни „академски“, зашто токму „учените расправи“ нѐ доведоа до ова дереџе: да ни биде непријатно, ако си режисер, да направиме заеднички моја претстава во Софија, или твоја во Скопје.

Нормален човек во ваков забеган свет не само што не може туку веќе и не СМЕЕ да живее. Читам наслов: „Саем на деца во Брисел“. Читам текст: „Веќе четврти пат, американската организација Men having babies (Мажи што имаат деца), ги отвори денеска и вчера (22 и 23 септември) вратите на „саемот на деца“ во Брисел, за хомосексуалци што бараат „родителски можности за европските хомосексуалци“, целосно игнорирајќи ги европското право и правото на поединечни европски земји…

Празниот човек ништо ДРУГО и РАЗЛИЧНО од него не го исполнува, зашто страда од нарцизам. Полн со себе, тој не може да им направи место на другите вредности што му поминуваат пред очи и затоа има чувство дека неправедно му бегаат, дека е лишен од богатството на животот. А секое чувство на лишеност од полнотијата на битието е острастеност. Таквата острастеност кај празниот човек најчесто се јавува како завист, злорадост, одмаздољубивост, претерано стомакоугодие и среброљубие.

За крај, и една јазична препорака: поверно за духот на македонскиот јазик е да се каже „европски насочен/настроен“ одошто „европски ориентиран“, зашто коренот „ориент“ значи – Исток, а Европа уплав има да ја споредуваат со него. Затоа и изразот „западно ориентиран“ („западно свртен кон исток“), е contradicitio in adjecto, како „железно дрво“. Ориентацијата сепак симболички му припаѓа на Истокот, изгревот. На запад, симболички гледано, сонцето заоѓа, а ориентацијата, како што е познато, ноќе се одвива само според ѕвезди.

 Со други зборови, Европа треба да го научи она што пред дваесетина години го научи Дејвид Боуен, симпатичен Британец, кој како од небо да падна на нашиот Филолошки факултет, како лектор по англиски јазик. Остана во сеќавањето како еден од најдобрите лектори на Катедрата за англистика (покрај веќе легендарните Пеги и Греам Рид и Ричард Гофран), но и како човек што, како и споменатите тројца, многу брзо се „помакедончи“ и разви силна љубов кон Македонија и Македонците. Овој тогашен младич, висок, сув како ластегарка и со тен карактеристичен за британската магла и пабовите, научи македонски за неколку

3.angeli.so.trubaБез автономна историја, темел и генеза на јазикот и културата, не постои ни засебен народ. Тие македонскиот народ го третираат како дел од бугарскиот, кој во еден период од поновата историја се изделил во посебна држава, тој всушност е бугарски и му припаѓа во целост на бугарскиот идентитет. Тие тврдат дека македонскиот идентитет е комунистички инженеринг.

  Еднаш, не знам кога, младите со занает и чест, ќе му стават крај на тој магиско-шарлатански принцип, убеден сум.
Мојот гимназиски професор по математика, Младеновиќ, често ни велеше: „Малолетни сте, не малоумни. Не мора да бидете мудри, доволно е да не бидете малоумни“. Мојата генерација ни во тоа не успеа. Ама по нас не е – потоп. Има кој ќе успее.

3.angeli.so.trubaНасловот личи на револуционерниот повик „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, ама далеку е од револуција: насловот е само надеж, пред Велигден.
Сите очекуваат да прекине оваа пандемија со смртоносниот вирус. Сите знаат дека светската економија е крахирана. Сите знаат дека прекуноќ капитализмот се претвори во КАПИТУЛИЗАМ, во сопствена капитулација. Сите веќе знаат дека и банкоматот, тотемот на потрошувачкото општество,

3.angeli.so.trubaНиедна институција, ниеден колективитет нема да станат подобри додека во нив не влезат добри луѓе. Тоа е и мотото на овој серијал. И ако и може да се прогледа низ прсти на она „Човек сум, од страсти сум составен“ или „Пушач сум по навика“, на она – „Човек сум по навика“, не може. Зашто, како што се навикнавте на цигара, со време ќе навикнете да бидете и идиоти што со ножици го сечат Петрета. Мртов.
А зошто го сечат ако е мртов?

3.angeli.so.trubaВо поттекстот на сите тие поплаки за отсуство на свеста стои едно убедување дека мислењето е предуслов за свеста. Се смета дека свеста е логична последица на мислењето. Затоа и се верува дека со покачување на степенот на образованието (просветата) ќе се стекне таа толку посакувана човечка свест. За жал, работите, како и многупати досега, се поставени на глава наместо на нозе. Никакво образование, никаква просвета не гарантира свест.

3.angeli.so.trubaСамо на компјутерскиот екран бришењето изгледа совршено, како совршен злостор. Но, за среќа, културата не е компјутерски екран, туку палимпсест, и тоа сочинет од многу, многу ракописи. И да избришете еден, ќе остане некој друг, кој можеби сведочи токму за избришаниот, а и избришаниот, ако малку го начадите, може да се појави. И конечно: кога бришете,

3.angeli.so.trubaСветот е на колена од суетата и алчноста што ја пројавуваат оние, т.е. човештвото, личностите што треба да го спасуваат и приведуваат кон вечноста во царството небесно. А, личностите, човекот треба да се очистува, просветлува и обожува по мерата од растот Христов, како што вели светиот апостол Павле, за да бидеме свети како што е свет нашиот Отец Небесен во благодатта на Светиот Дух..

3.angeli.so.trubaНе ги учиме дека другарот од клупа е другар за цел живот.

Оној што се брани ако некој го напаѓа. Оној што не се тегне за коса, не се исмева, не се навредува, не се снима со мобилен телефон додека некој го малтретира.

Пропуштаме да видиме дека зад неучењето, зад агресивноста, зад дрскоста,

секогаш се крие повик за помош. Не го слушаме.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2506
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1692
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2170
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »