логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Да пораснеме барем до Стариот Завет

 
Во минатата беседа реков дека сите треба да запаметиме: „Светиња со меч не се брани! Без оглед на тоа кој така направил, кој така рекол, кој тоа теолошки го брани, кој тоа го пренесува и кој тоа го застапува – ако сакате да сте барем малку од малку православни. Зарем Богочовекот Христос не е нашата најголема Светиња? Зарем нема да ја послушаме Неговата заповед и зарем нема да го следиме Неговиот пример?“ (види: Јован 18, 10-11; Матеј 26, 51-54; Лука 22, 50-51).

Под меч се подразбира сѐ она што е карактеристика и за периодот пред Стариот Завет: сто очи за едно око и сто вилици за еден заб. Односно, сѐ она што ние денес како христијани си го правиме едни на други како религиозни психо и социопати, без трошка срам и страв Божји, да не речам – без грам вера. Сепак, нели, Стариот Завет постави и некоја мерка: око за око, заб за заб. Би ги замолил сите ако може да пораснеме барем до Стариот Завет, како добра основа да се запознаеме и со Новиот. (Не ми се верува дека дојде ден да треба и вакво нешто да напишам.)

Уште реков дека после брзоплетото христијанизирање (со непочитување на правилата за подготовка на крштението, подготовка што дотогаш траела три години), и откако христијанството станало помодарство во Империјата, ширум се отворија вратите за христијаните само по име (номиналните христијани) да се поистоветуваат со минливите форми на општествено организирање од овој свет (прво со државата, подоцна со нацијата, денес со партијата итн.), кои немаат ама баш никаква врска со Царството Небесно. И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.

Единствена светла појава, после разводнувањето на првобитното христијанство, остана монаштвото, кое, сепак, успеа да го задржи маченичкиот етос на првата Црква и да го пренесува и да го шири меѓу верниот народ низ вековите до денес. Маченички етос не само како одбивање да се поистоветат со минливите форми од овој свет (па макар биле тие и религиозни), туку и како аскетско-исихастички подвиг за влез во Царството Божјо, кое е внатре во нас (види: Лука 17, 21), уште во овој живот, како и негово сведоштво и Предание.

И уште реков дека поради неправилен душевен живот, наместо да ги искачуваме степените од природниот начин на духовниот живот: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и боговподобување, постои голема опасност – посебно кај оние што се на раководни места во Црквата, да се симнат по степените на противприродниот начин на живот: религиозна невроза, религиозно растројство на личноста (психопати или социопати) и религиозна психоза или демонизираност.

Но, ако Богочовекот Христос, односно тоа што ни е најсвето, не се брани со меч – напротив се губи, како треба да Го браниме? Христос се брани со светост, односно со љубов, и Христос се брани однатре, од Црквата. Христос се брани со заемно личносно проземање – ние слободно влегуваме во Христос и Христос слободно нѐ прозема и влегува во нас – постепено преобразувајќи нѐ. Христос конечно се одбранува кога станува неразделив од нас – живот на нашето срце, но и ние неразделив соборен дел од Него, и кога Христос лично Го сведочиме со нашиот живот; а ако Он така сака, и бескрајно повеќе со нашата смрт и после неа.

Богочовекот Христос е нашиот вечен живот и нашето восиновување од Отецот; Тој е Син Божји и икона на Отецот (види: Кол. 1, 15); Тој е Вистина за сите иста (не како нашите човечки вистини, кои негде важат, а негде не важат, и кои негде смееш, а негде не смееш да ги кажеш); Тој е и Глава на Црквата, која е Телото Негово; Црквата е и тело на Богородица Марија, како што е и Он Нејзин Син или Син Човечки; Тој е и Светото Предание; Тој ни е сѐ што преку Светиот Дух Господ добиваме после Неговото Воскресение; Тој ни е единствениот Дар на нашиот Отец Небесен од Светиот Дух и Марија Дева.

Да погледнеме сега за момент, со духовното око, во Стариот Завет и да го видиме тригодишното девојче како чекори кон Светињата на Светињите од старозаветниот храм и како влегува внатре. Да погледнеме и да видиме како малата Марија го посветува Својот живот за да ни ја покаже вистинската Светиња, а како старозаветната станува сенка во Нејзиното присуство. Да видиме како Пречистата Дева девет години во осама се подготвува преку умно-срдечната молитва (според великиот Григориј Палама) да Го прими во Себе Единородниот Син Божји. Да видиме како времето се исполнува и како Тој бара дозвола да се воплоти во Неа и како Таа слободно и љубовно Го прифаќа. И на крај, да видиме како Богородица и Приснодева Марија станува Вечнонова и Единствена Светиња на Светињите – Ширшаја Небес.

Пресвета Богородице...!

Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

4-ти декември, лето Господово 2015

Друго:

http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B4%D0%B0&searchphrase=all&Itemid=278

 

Кој постојано Го распнува Христос?

Рековме дека единствена светла појава, после разводнувањето на првобитното христијанство, остана вистинското монаштво, кое, сепак, успеа да го задржи маченичкиот етос на првата Црква и да го пренесува и да го шири меѓу верниот народ низ вековите до денес. Маченички етос не само како одбивање да се поистоветат со минливите форми од овој свет (па макар биле тие и религиозни – не напразно го потенцирав ова) туку и како аскетско-исихастички подвиг за влез во Царството Божјо, кое е внатре во нас (види: Лука 17, 21), уште во овој живот, како и негово сведоштво и Предание.

И уште рековме дека, за разлика од монаштвото, откако христијанството стана помодарство во Империјата (4 век), ширум се отворија вратите за христијаните само по име (номиналните христијани) да се поистоветуваат со минливите форми на општественото организирање од овој свет (прво со државата, подоцна со нацијата, денес со партијата итн.), кои немаат ама баш никаква врска со Царството Небесно. И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.

Но, како што номиналните христијани паѓаат во искушението да се поистоветат со минливите форми на општественото организирање од овој свет (држава, нација), а поради религиозна невроза или поради религиозно растројство на личноста, така и помесните цркви, сфатени како институции, не можеше а да не го избегнат истиот пад – да се поистоветат со минливите форми на општественото организирање од овој свет, па макар тие форми се преоблекле во црковно руво и попримиле облик на религиозни форми на организирање – без оглед дали ќе ги наречеме канонски национални цркви или национални цркви, кои пребиваат во административен раскол во однос на т.н. канонски.

Да се потсетиме уште еднаш: во времето кога номиналните христијани ќе се поистоветат и со нацијата (19 век), одеднаш гледаме (исто како и во меѓусебните физички убивања од тоа време) дека нема ни трага од духовно толерирање на „другите“ − тие што сакаат да прогласат таканаречена национална автокефална Црква веднаш се прогласувани за расколници и еретици и веднаш се анатемисани – од исти такви кои, за разлика од нив, истото тоа попрви го смислиле и направиле, и како со тоа да го зеле монополот за одлучување кој е канонски, а кој не е. Историјата ни е добро позната.

Да се потсетиме на нашиот случај. На чисто административен чин на прогласување на автокефалност (1967 г.) од страна на веќе признаената од нив самостојна МПЦ (1959 г.), СПЦ презема светотаински мерки и одговор – прекин на евхаристиската заедница, наместо на административен чин, исто така, да одговореше со административен, со просто непризнавање на нашата автокефалност, со сите административни последици што од тоа непризнавање произлегуваат, и толку. Или, на пример, ако СПЦ веќе сакаше да преземе некаква поостра педагошка мерка, тоа најмногу можеше да биде само прекинување на заедничкото сослужување со свештенството на МПЦ, но не и прекин на евхаристиската заедница со него, а камоли со народот. Тоа што го направија е несоодветна и теолошки неоправдана црковна реакција. Тоа е световна, а не пастирска постапка. Тоа е прекумерен и несоодветен одговор.

Сфаќате ли сега зошто реков дека би било добро кога би можеле да пораснеме барем до нивото на душевноста од Стариот Завет. Сепак, нели, Стариот Завет постави и некоја мерка: око за око, заб за заб, наместо сѐ она што ние денес како христијани си го правиме едни на други како религиозни психопати или социопати (зависи од местото во хиерархијата), без трошка срам и страв Божји, да не речам – без грам вера. Замислете, наместо да се препознаваме меѓусебно по плодовите – според Господовиот совет (види: Матеј 17, 16-18), ние допрва се договараме и молиме да се однесуваме едни кон други барем во рамките на Стариот Завет.

Континуитетот на заедничкото служење и учество во Светата Евхаристија (Литургија) на Црквата ќе го оневозможеше конечното институционално поистоветување на помесните Цркви со минливите форми на човечко организирање од овој свет (читај со националните држави) и ќе беше единствена здрава основа за решавање на кое било отворено прашање меѓу нив, без притоа споменатите човечки и минливи форми на организирање да имаат некакво одлучувачко влијание при овој процес.

Првите христијани сите свои проблеми ги решавале внатре во молитвената заедница, собрани на Светата Литургија. И многу посложени проблеми во историјата на Црквата, дури и такви што засегале во догмите (едносуштен и сличносуштен), биле надминувани со одржување и непрекинување на заедничкото служење. Еден поучен пример на старозаветно однесување за сите нас, надвор од црковното организирање, е комуникацијата на Р. Македонија и Р. Грција: иако меѓу нив сè уште егзистира проблемот со името на нашата држава, сепак, тие не ги прекинаа суштинските меѓусебни односи на сите нивоа, од човечко и економско до локално-меѓугранично и државно. Што е најчудно, сите држави во принцип се непријателски расположени едни кон други; ние, пак, кои како Цркви сме во суштина едно и кои требаше да бидеме пример на единство, станавме камен на сопнување меѓу народите.

Затоа, цел на православниот христијанин е најпрво да го исцели својот душевен раскол помеѓу својот ум и своето срце – од кој произлегуваат сите останати поделби, и внатрешни и меѓучовечки, па потоа, во зависност од својата хиерархиска позиција во Црквата, да допринесе да се решаваат и другите поделби меѓу луѓето на кој било план, а не да им ги припишува своите болни внатрешни состојби на „другите“, како и да ги шири меѓу „ближните“. Јасно ли е сега кој постојано Го распнува Христос, а заедно со Него и сите Свети?

Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ви благодариме што со љубов Го посведочивте Христос токму во нашиот град – Струмица, и што, очигледно, поради истата љубов, засекогаш останавте со нас.

Митрополит Струмички Наум

12-ти декември, лето Господово 2015

За двете функции на умот

           Рековме дека различна е храната на умот од храната на разумот. И различно е знаењето на умот од она на разумот. Храна на умот е опитот и заедницата со Бог (светотаинската и молитвената), додека, пак, храна на разумот е овоземното теоретско образование (од која било област на науката и културата, па дури и на теологијата, како и од разните вештини). Знаењето на умот е познанието на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот е опитноста во овоземните науки и вештини, како и во културата.
Просто речено, умот прво го храниме со опит на Бог од кој произлегува и знаењето или познанието на Бог, додека разумот прво го храниме со теоретско знаење од која било област, а од опитот во работењето во конкретната област произлегува и неговото соодветно знаење. Умот, преку молитвено собирање на својата енергија во Бог - во срцето, Го познава Бог и ја остварува својата основна функција, а кога умот преку сетилата ќе ја расее својата енергија низ светот, тогаш ја остварува својата секундарна функција како разум. И едната и другата функција, преку подвиг или острастување, можат да предизвикаат соодветна зависност на умот, но едно е зависност на умот како љубов, а друго е зависност на разумот како страст. Зависноста како љубов (кон Бог) е слобода за човековиот ум, додека зависноста како страст (кон што било) е ропство на човековиот разум, која станува како втора природа на човековиот ум.


          Сега, како што ние го забрзуваме ритамот и интензитетот на изговарање на Исусовата молитва за да ги прекинеме демонските помисли и да ја собереме молитвено енергијата на умот во Бог - во нашето срце, така и демонот го забрзува ритамот на нашиот живот и протокот на информации во него за да ја прекине Исусовата молитва, а енергијата на нашиот ум преку сетилата да ја расее и поврзе со световното. Ние се бориме умот да ни функционира, пред се, во својата основна функција, а демонот се бори умот да ни функционира постојано низ неговата секундарна функција - како разум. Со просветлувањето на умот, а со тоа и на разумот (преку дарот на умно-срдечната молитва),  конечно се надминува внатрешниот расцеп меѓу основната функција на умот и неговото функционирање како разум, и човековата личност се исцелува.
Значи, очигледно е дека Бог и духовниот живот не можат да се достигнат, спознаат и правилно објаснат само преку функционирањето на разумот и телесните сетила, затоа што Он за нив е недостапен. За оној што на тој начин ќе се обиде да им пријде, БОГ, Богородица, Црква и духовен живот засекогаш ќе останат само апстрактни поими. Следствено, не можеме само преку разумот и сетилното да ја пронајдеме и смислата на нашето постоење. Бесмисленоста на животот, пак, е основната причина за ноогената невроза*  и депресијата од кои скоро целото човештво е опфатено. Оттука произлегуваат и разните бегства, од така доживеаната реалност, во разните зависности - од кои прва денес стана зависноста од интернетот и социјалните мрежи. Дури ни проповедта на Евангелското слово, заснована само на разумот, не може да го осмисли нашиот живот и не може да не извлече од замката на депресијата и очајанието - туку само ќе ги храни и зајакнува.
          Затоа, комуникацијата со светот само преку непреобразените разум и сетила (внимавајте!) го претвора светот околу нас во еден куп мртви идоли (нешто од коешто „зависиме" и без коешто „не можеме"), без оглед дали ние тоа свесно го сакаме или не, и истовремено претставува и соодветно острастено поврзување и заедница со мртвите идоли на овој свет - без оглед на тоа каква форма и кое име тие го носат, како и ропско служење ним - наместо на Живиот Бог. Значи, уште еднаш: се она (и нам најблиското), кое преку разумот и телесните сетила ќе го поставиме како приоритет во нашиот живот пред превосходната заедница и познание на Живиот Бог, е мртов идол и непремостлива пречка за единство со Живиот Бог. Нормално, кој нема заедница со Бог, нема ни вистинска заедница со своите ближни.
          Сега мислам дека е јасно зошто покајанието, односно преумувањето (возобновувањето на основната функција на умот) - како суштински Евангелски повик, е длабока егзистенцијална потреба за жив живот во Соборното Тело на Богочовекот Христос - Црквата, а не обичен гол морализам и пиетистички декор - како кај номиналните христијани на денешницата.

           *Ноогената невроза, особено распространета кај младите луѓе, не потекнува од психолошка туку од ноолошка или духовна (од грчкиотзбор nоuѕ-дух) димензија на човековата егзистенција. Таа не се заснова на комплексите и конфликтите во вообичаената смисла на зборот, туку на конфликтите на совеста, судирите на вредности, егзистенцијалната празнина и егзистенцијалната фрустрација настанати исклучиво од егзогени причини

 
Митрополит Струмички Наум

Ноември, лето Господово 2015

Друго:

Интернет синаксис за сите - Ефект на скршено огледало

 

 

Господи, да прогледам!


Во она време, кога се приближуваше Исус до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше; и штом чу дека покрај него врви народ, праша: „Што е тоа?“
Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“
Оние што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, помилуј ме!“
Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша, велејќи: „Што сакаш да ти направам?“ Тој рече: „Господи, да прогледам!“
Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси!“
И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бог. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бог.
(Лука 18, 35–43)


Во денешното евангелие, деца, опишани се две состојби коишто просто не оставаат друг простор освен за аскетско-исихастичко толкување. Дури мислам дека ова четиво е едно од поиндикативните во целото Свето Писмо за степените на духовниот развој, кои се препознаваат по
видот на молитвата. Прикажана ни е јасно состојбата на слепост, односно непросветленост, и состојбата на прогледување, или, просветлување.

Фреска 14 век.с. Бањани (скопско)

        Првата состојба е кога слепиот седи и повикува по Богочовекот Христос: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистењето на срцето од страстите. За овој степен знаете дека се карактеристични усната молитва и очистувањето на енергијата на умот, односно првото гледање на несоздадената светлина, но исто така и сè уште присутната затвореност на срцето и непросветленоста на умот т.е. духовното слепило. Кај слепиот ја забележуваме не само упорноста во усната молитва туку и свеста дека е слеп и дека треба да се ослободи од таа слепост.Слепиот верува дека Христос може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Христос. Тоа е вистинска пројава на вера поврзана со дела.
          Истото важи и за нас. Треба да знаеме дека духовно сме слепи, треба да веруваме дека Христос може да нè исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме со што почесто призивање на името Исусово, без да дозволиме некој или нешто да нè попречува. Кога постепено, преку молитвениот подвиг ќе почнеме да ја чистиме енергијата на умот, тоа ќе ни овозможи да согледаме каде се наоѓаме, да видиме дека сме паднати, дека сме слепи во однос на Христовиот идеал, и уште посилно да повикаме кон Него. Но, ако тоа прво очистување (просветлување) го употребиме за да ги гледаме и судиме туѓата грешност и слепило, тогаш го одбираме погрешниот пат, кој нè враќа многу поназад отколку што сме биле.
Во ова евангелие гледаме и колку точно слепиот ја изговара формулата на Исусовата молитва – „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“ Она коешто исто така може убаво да се забележи е заповедта Господова да Му го доведат. Тоа е слика на, од Господ воспоставеното, духовно раководство, преку коешто слепиот единствено може да дојде до Христос и да ги чуе зборовите: „Што сакаш да ти направам?“ Оној што е под правилно духовно раководство и е свесен за својата слепост, знае и што најнапред да побара: „Господи, да прогледам!“
Не, оти некои луѓе најнапред бараат други нешта– власт, здравје, пари, работа, жена, маж, робовски мир итн... Некои, додуша, покрај сето тоа бараат и спасение... Добро е тоа, но Господ Исус Христос не ги повика на спасение туку на совршенство Своите браќа и сестри по благодат: „Бидете совршени, како што вашиот Отец Небесен е совршен!“ (Матеј 5, 48).


Втората состојба којашто може да се издвои во денешното евангелие е кога Христос направи слепиот да прогледа. Оваа состојба го покажува вториот степен од духовниот раст, а тоа е просветлувањето на умот. Всушност самото прогледување го означува просветлувањето. Просветлувањето, од една страна, претполага доволно очистена суштина на срцето од страстите, а од друга страна, тоа е Божји дар. Затоа и Господ Христос вели: „Прогледај!
Верата твоја [потврдена со дела] те спаси!“ Таа чистота на срцето ја овозможува пројавата на благодатта на Крштението во него како и симнувањето на умот во него. Бидеќи умот го знае ‘местото на срцето’, тој ја напушта усната молитва и продолжува да се моли внатре во срцето. Таму внатре, соединет молитвено со Божјата благодат, тој се просветлува.
Тргнувањето на претходно слепиот по Христос е всушност опис на почетокот на третиот степен од духовниот раст, а тоа е обожението. Димензиите од степенот на обожението не се опишани во личниот подвиг на претходно слепиот. Нив може да ги забележиме во делата на нашиот Господ, Богочовекот Исус Христос.
Деца, добро е и ова да го знаете: Оние што се наоѓаат на степенот на просветленост исто така се чувствуваат како слепи во однос на оние што со своите преобразени телесни очи ја гледаат несоздадената божествена светлина, дури и повеќе отколку што својата слепост ја чувствуваат вистинските духовно слепи од степенот на чистење на срцето од страстите. (Ако воопшто и ја чувствуваат...) Затоа и свети Григориј Палама во тој период од својот духовен развој молитвено повикувал: „Господи, просветли ја мојата темнина!“


Извадок од книгата “Ни Јас не ви кажувам..’’ од Митрополит Струмички Наум (2011)

 

 http://mpc.org.mk/Knizarnica/Ni_Jas_ne_vi_kazhuvam.pdf

 

"Не смееме да живееме во тој старозаветен дух, на враќање на злото со зло; и не смееме, со нашиот погрешен однос, да правиме идоли од цркви, од икони, од свети места и предмети, како и од чинови, од позиции и од самите себе. Треба да го напуштаме полека Стариот Завет и да растеме духовно, да ја живееме полнотата на радоста и полнотата на слободата на Новиот Завет, на Царството Небесно присутно сега и овде, на тајната дека тоа уште не е дојдено и дека веќе е, на љубовта и молитвата за сите луѓе"


Митрополит струмички Наум

Мај 2023 лето Господово

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3209
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7692
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная