логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaОтците на Црквата расудиле дека совеста е многу важна за човекот. Тие дури тврдат дека само совеста е во состојба да го доведе човекот до определена мера на богопознание. Авва Марко вели: „Ако сакаш да се исцелиш, погрижи се за твојата совест“. Тоа е и одговорот на прашањето што ќе стане со сите оние луѓе кои никогаш не чуле за Бога, за Црквата, за Христос, не го читале Евангелието. Има милиони луѓе кои не чуле ништо, како тие ќе бидат судени од Бога? Каков ќе биде нивниот пат и врска со Бога?

3.angeli.so.trubaТоа е големо прашање. Ние влеговме во Црква, за да се научиме да љубиме. Доколку сме исполниле сé, а сé уште не умееме да љубиме и не се чувствуваме љубени од Бог, тогаш сé, што сме достигнале, оди во заден план. На пример, постот. Тоа е добро дело, но за што тој ќе ти послужи тебе ако ти не љубиш? Светиот апостол Павел говори, дека и покрај тоа што ние сé правиме правилно, ако не љубиме, не сме постигнале, ништо (сп. 1 Кор. 13). Љубовта е над сé.

Но, во што се состои духот на секташтвото, против кој треба да се наоружаме со молитва и трезвеност? Тој дух е дух на душевна (не духовна) ревност. Тоа е – рационализација на верата, стражарење над чистината на верата и изгубената длабочина. Тоа е губење на љубовта. Поедини православни на секташки начин го штитат своето Православие, користејќи цитати од Светото Писмо или канони како стапови, спорејќи со секташите, та дури и со своите православни браќа (древни и нови расколи), штитејќи ја својата вера без надеж во Бога, без љубов кон човекот.

3.angeli.so.trubaМонаштвото во Православната Црква се појавува во 4 век, точно кога се пореметува тишината во секојдневното христијанско битисување. Православието во тогашните граници на Римската Империја ја добива својата слобода, но, станува заштитено и од државата, па како такво кон него пристапуваат и граѓанските слоеви, а и мноштво дотогашни припадници на незнабожечките религии.

3.angeli.so.trubaНекои важни настани можат да се осветуваат со благослов на свештеник, но тоа не треба да биде определувачко и решавачко. Лаиците самите треба да ги решат прашањата, поврзани со нивниот живот.
Јас сум против тоа, манастирското старчество да се распространува на лаиците – тоа создава почва за таква опасна појава, како што е младостарчеството или, поточно, лажното старчество. Лаикот треба да ги знае основите на верата, да го чита Евангелието, да живее според него и во својот духовен живот да се ползува со советот на духовникот.

HRISTOS.EVANGELIEЛажните учители немора неминовно да бидат помагачи на антихристот или пак обележани од народот како непријатели на христијанството, туку нивната бројност е огромна, бидејќи проповедувајќи, ретко кој од нив се прашува, повторно според зборовите Христови: со каков дух е? Всушност проповедтта е врзана секогаш за Евангелието Христово, бидејќи во Евангелието имаме сѐ што ни е потребно според зборовите: „Ти имаш зборови за живот вечен.“ (Јн.6,68).  Излегувајќи од духот на Евангелието излегуваме и од рамката на Блаженствата, следствено излегуваме од рамката на Божјите заповеди.

3.angeli.so.trubaНема да заборавам никогаш – трагичен е примерот што ќе ви го кажам, тажно е, не сакам да го кажувам, но еден човек се самоуби затоа што девојката којашто ја љубеше го измами. Тој ѝ остави писмо, кое девојката не го покажа на никого. Ми го донесе мене и јас го прочитав. Толку многу се нажалив, почувствував огромна болка за тој млад човек. Сметам дека не бил во право. Добро, можеби и навистина го предала, т.е. засакала друг. Ако овој младич не ја беше претворил во идол девојката, туку да ја беше засакал со сфаќањето дека и таа е човек, немаше да се самоубие.

Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази воздржанието пред бракот? Да нема предбрачни врски, човекот да е целомудрен? Да се подвизува, да го помине пубертетот и да не се оддава постојано на наслади? Причината е токму во тоа младиот човек да го пренасочи својот силен копнеж на првата љубов и да Го возљуби Бога. Т

3.angeli.so.trubaОколината надвор од домот, претставува можност за човечка интеракција,но не служи за оваа цел (т.е. не можеме преку неа доволно да се спознаеме себеси). Кога се среќавате со луѓе кои што не ги познавате, човекот најчесто го прикрива своето внатрешно настроение, го чува за себе и се обидува пред другите да изгледа добро. Човекот се срами од тоа што другите можат да мислат за него, се срами од јавното мислење и затоа не ја покажува неговата вистинска природа.

Самиот чин на прекрстување, односно изобразување на Крстот е еден вид на прозба, молба за благослов Божји. Го следиме овој редослед, за да го одразиме давањето благослов од страна на свештеникот. Самиот свештеник, кога благословува, тоа го прави од лево надесно. Оттука, самите верници, за да го одразат свештеничкиот благослов, кој е благослов на Црквата, односно на Христа, истото го прават оддесно налево.

3.angeli.so.trubaКога зборуваме за брак, ние, никогаш не смееме да го гледаме тоа како што го гледа светот односно бракот како институција, туку тоа е најтесната соборност која може да постои помеѓу луѓето, а единствено се бара да бидат од спротивен пол. Господ го благословил тоа заради поддршка на мажот и жената во пронаоѓање на нивните слабости, страсти и пороци, едноставно мажот и жената треба еден со друг да се надополнуваат во текот на целокупниот период од нивниот брак.

Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази воздржанието пред бракот? Да нема предбрачни врски, човекот да е целомудрен? Да се подвизува, да го помине пубертетот и да не се оддава постојано на наслади? Причината е токму во тоа младиот човек да го пренасочи својот силен копнеж на првата љубов и да Го возљуби Бога.

3.angeli.so.trubaНикакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема…

Ја самиот, јас, јас за сето време, мојот живот е тежок, јас сум навреден, јас сум заобиколен,  јас се радувам итн. Вака, веројатно, било од самиот почеток на времето, и затоа не е чудно што Христос како прв услов човекот да може некаде да тргне, да може да се извлече од тоа ропство, го наведува одрекувањето од самиот себе: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“ (Матеј 16:24).

o.dusko.jpgЕдна од главните педагошки задачи на Православната црква денес е  таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е  кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог.

Дозволувањето на децата да имаат контакт со духовната благодат е една од првите должности на секој христијанин, кој мисли на своите деца, и тоа е задача на Христијанското општество, кое се грижи за својата младина. Ова е вратата за правилно Православно Христијанско воспитување. Просветлување, покајание и радост, кои што се будат  во свеста на детето, се надворешен индикатор на фактот дека малиот христијанин чувствува топлина од божествениот извор во себеси. И дури и ако не чувствува, невидливото влијание на Божјата благодат не престанува; само ние не го гледаме,

3.angeli.so.trubaЗборовите на Црквата го искажуваат сфаќањето дека во бракот двајцата сопружници ја запазуваат својата личносност и индивидуалност и така можат да општат вистински и меѓусебно без едниот да го уништува другиот. Тоа е љубовта, не да го уништиш другиот туку да го сочуваш, како што Христос дојде и стана човек за нас, не уништувајќи нѐ, туку нудејќи ни спасение. Он го спаси нашето човечко суштествување и ни покажа како реално можеме да станеме совршени луѓе. Истото нешто се случува и во бракот. Човекот се спасува и усовршува во бракот само тогаш кога ќе научи да го љуби другиот.

3.angeli.so.trubaДа знаете, за повеќето разводи се одговорни мажите. Моралните извршители на разводот се мажите. Зошто? Затоа што мажот може да рече: „Жената ме изневери и се разведувам! Не ја сакам повеќе“, но моралниот извршител на неверството е тој, зашто не се обидува да разбере како размислува една жена и што бара од еден маж. Мажот е убеден дека е доволно да работи, да носи пари, да е чесен, сериозен, да нема други жени, да е доследен во своите должности. И особено

sv.tajna.VenchanieФакт е дека ако човек го чита Светото Писмо површно, ќе забележи една пристрасност во полза на мажите, така изгледа на прв поглед, но Светиот Апостол Павле јасно ни вели дека во Исуса Христа не постои ни машки ни женски, туку сите сме едно во Христа. Следствено, Христос ја брише таа разлика. Црквата верува и поучува за еднаквоста на половите, но како што вели Старец Пајсиј, Црквата донесе еднаквост, ама не израмни се. Таа не е булдожер кој што порамнува, туку гледа да ги запази особините на полот.

3.angeli.so.truba  Ние мора да разбереме, дека животот околу нас, колку и да не е нормален, е место каде ние го започнуваме нашиот сопствен христијански живот. Што и да правиме од нашиот живот, каква  содржина и да му даваме, тој и понатаму на себе ќе има дел од печатот на “ЈАС генерацијата“ и мораме да бидеме доволно скромни и смирени за да можеме да го согледаме тоа. Оттука почнуваме.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1258
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1127
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата...

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

« »