Благица Блажеска: Тука и таму
Во раце ти даваат човече
- срце мало,
а пред малку во тебе чукаше
и едно знаеш
- на земја сигурно не си.
Ете, Рајот,
си велиш- ова е.
И сѐ во таа красота од момент.
Во раце ти даваат човече
- срце мало,
а пред малку во тебе чукаше
и едно знаеш
- на земја сигурно не си.
Ете, Рајот,
си велиш- ова е.
И сѐ во таа красота од момент.
Не може да се замисли ништо што би го детерминирало човекот толку да остане и без најмалку слобода. Затоа делче слобода, колку и да е мало, останува во човекот и во невротична, па дури и во психотична состојба. Навистина, најдлабокото јадро на личноста не е гибнато дури ни во психоза. Се сеќавам на еден човек од околу 60 години што го донесоа кај мене поради слушни халуцинации, кои траеле веќе неколку децении. Пред мене беше руина од човек.
Може има, ама и фалбите се катастрофа. Многу
е лошо да те фалат. Ужасно е. А најлошо е тоа
да ти се допаѓа. Тогаш си готов. Ќе почнеш да
се мислиш посебен, голема работа, сите ти
делат фалби, ти ова – ти она, без тебе ништо,
и ќе завршиш ко пропалица, морална, или
и материјална, конечно човечка.
Фестивалот носи разновидна понуда на книги од сите жанрови, со сезонски попусти на над шестотини изданија на ТРИ и на Паблишер, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра попуст за купени 3 или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Освен неповторливите понуди на цените и извонредните нови наслови, Фестивалот ќе понуди и инспиративна празнична еуфорија која ќе ве воодушеви – оригинално бесплатно пакување и мини честитка, како и изненадувања за најмладите.
Сѐ ќе отиде и сѐ ќе помине,
ќе си отидат и грижата и паниката,
патиштата повторно ќе останат рамни
и градините повторно ќе бидат полни со цвеќе.
Да го повикаме разумот напомош,
Да ја победиме болеста со силата на знаењето,
И деновите на тешкиот испит
да ги преживееме како едно семејство!
Еволуцијата на јазикот е како еволуцијата на биологијата – се случува постепено, генерација по генерација, па затоа и не постои точка на „кршење“ помеѓу еден јазик и следниот јазик што се развил од истиот. Така, секој од доленаведените јазици има нешто посбено, нешто античко, што го прави различен од другите, пишува авторката Лени Селингер во текстот споделен на угледниот сајт посетуван од милиони корисници годишно, The Culture Trip (во превод: „Културно патување“) во 2018 година.
Се чувствувам како дете кое добило бонбониера, првите ги изело со задоволство, но кога видело дека останале уште малку, почнало да ги јаде со посебно внимание и да ужива во секое залче.
Немам веќе време за бесконечни конференции на кои се зборува за статути, правила, процедури и внатрешни уредби, знаејќи дека ништо од тоа нема да биде постигнато.
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан успева за првпат да се вивне во воздухот. Неговиот лет привлекува илјадници галеби кои љубопитно стојат во круг околу учениците на Џонатан. Веќе не се грижат дали некој ќе ги види или не, туку внимателно го слушаат секој збор на учителот кој им кажува дека не постојат ограничување и закони, и дека единствениот вистински закон е оној кој води кон слободата.
Љубовта и смртта, нераскинливо поврзани, дека со едното се стигнува до другото и со заемната смисла што си ја даваат. Дали може да се оболи, да се умре заради љубов? Тоа исконско прашање сосема ненаметливо го раскажува отец Пимен во една мала приказна, сместена во една мала земја. Што е градот Ресен и една љубовна приказна во 21 век? Може да се пребара на „Гугл“, да се лоцира со „Навигаторс“, на „Википедија“ да се прочита за оваа именка од женски род, и основните информации веќе ги имаш. Навидум знаеш сè што е потребно,
На 7 октомври 2020 ќе се одржи деветтото издание на Европска Ноќ на Литературата. На настанот, кој ќе трае од 18:00 до 21:30 часот, КИЦ на РСМ во Софија ќе ја претстави книгата „Излегов“ на О. Пимен, која оваа година беше преведена на бугарски јазик. Посетителите на настанот кој се организира од различните културни институти и амбасади на различни локации од центарот на Софија, ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски места (гнезда) каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.
Непокорливоста на македонскиот народ е всушност објаснета преку симболиката на пирејот, а дел од мудрите изреки кои може да се најдат во романот се:
„Некогаш не те сака Господ или намерно те остава за да се мачиш.“
„Лошото време го прават лошите луѓе.“
„Стравот е страшен само за оние што му се плашат.“
Во почетокот, во оние најрани денови кога дојде кај нас, Караман се плашеше и бегаше од се’ што личеше на стап во рацете на некој човек. Но, за кратко време, тој бргу сфати дека земен стап во рака, не значи ќотек во оваа куќа. Затоа без страв знаеше да се испружи врз расцутените цветни леи, во кои јас со љубов секоја пролет садев разнобојни цвеќиња ...
Арис беше убаво и нежно, домашно куче кое живееше со нас внатре, додека за разлика од него Караман беше голем и снажен, преубав, црно-кафен, селски пес. Вистински храбар и нестрашлив горски цар, најголем и најсилен во селото, пес кој секогаш спиеше надвор.
Од Караман се плашеа останатите кучиња од селото, но од него бегаа и некои лоши луѓе. Ми беше интересно што и тогаш, но и сега по повеќе од дваесет и седум години во ова село, исто како и во сите околни села луѓето чуваа само ловечки кучиња.
Ја знаеш ли приказната, што им била раскажувана на твоите предци, на македонските дечиња, пред заспивање? Онаа древна приказна, со која што родителите уште пред времето на Големото Кралство ги испраќале своите деца на зајдисонце. Не? Е па еве ја таа приказна. Можеби некому ќе му се допадне, па ќе ја раскажува навечер пред спиење на неговите фиданки што денес растат.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма,
Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот.
Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме.
Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек, тоа се нарекува суровост.
Ако има волја има и начин.
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со теми што ги поврзуваат состојбите од средновековниот период и периодот на преродбата, па до денес, преку кои се граделе и културните идентитети на двата града, процеси што
Шекспир раскажува за човечкото искуство во неговите комедии, трагедии и сонети, копнејќи за радоста и тагата на животот, мајсторски создавајќи зборови во безвременските залаци на мудроста. Прочитајте некои од неговите најмудри цитати.
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран неговиот роман Авијатичарот, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Ѓорѓи Крстевски.
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на Европската Унија и Министерството за култура, воведува нови практики и поставува повисоки стандарди во издаваштвото во нашата држава, со кои се задоволуваат очекувањата на љубопитната публика и се привлекуваат нови читатели.