логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Ми кажаа дека русите имаат посебни молебни служби каде се молат за Русија. Имаат свои тропари, канони и химни за Русија и ги пеат во црква. Имаме ли ние тоа за нас?

Секако дека имаме, но треба да дефинираме што значи тоа “ние” оти во Православието не постојат “ние и вие” туку сé е сведено на јас и мојот брат ( или сестра) во Христа и од тој личносен однос почнува човекот да го гради својот однос со Бога за да стигнe до она што е кажано во Светото Писмо “лице во лице”.

Некаде во 1920 се востановија национални помесни цркви како Руската, Српската, Бугарската Грчката и.т.н. Додека претходно само постоеа седишта на патријархатите како Печка, Московска, Софиска, Атинска…
Во тие седишта епископски нашиот Спасител востановил да не се гледа на лице туку да се прашува само дали е крстен, исповедан, благослов за Причест и толку. Едно од најголемите зла кои што демонот ги посади во црквата се делењето по народи и националности и таму произлезе мое – твое, наше – ваше, а Он тоа го забранил кажувајќи дека нема ни Елин ни Јудеец, ни роб ни слободен, туку сè во сè е Христос.
Светителите канонизирани не се помесни светители, туку се сеправославни и нивното величание е во целата вселена, над сите народи, над целиот род човечки.
Односно над целиот Адам.

И кога сега тие се молат, се молат за целиот род човечки, без исклучок, поучувајќи се од Христа Кој се даде Себеси за измена на смртта, и тоа го направи за секој човек праведник или грешник, роб или слободен.
Христос е надкосмичко Битие, како што вели старец Софрониј, а од нас побара да бидеме едно, и со тоа едно ќе покажеме дека сме Христови ученици.
Ние делејќи се на вакви – такви, ставајќи граници помеѓу нас, само ги постојано раскинуваме одеждите Негови.

На Света Педесетинца сите зборуваа на различни јазици за да можат да го разберат Евангелието, а всушност јазикот Христов е еден, и тој е јазикот на љубовта.

Сето она што некои ќе го измислат, дали во вид на преемство или “посебни молитви” за “своите цркви” встушност ги става надвор од Едната Света Соборна и Апостолска Црква затоа што преемството е објаснето со зборовите: “Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите.” А ако постои посебност, посебноста е својство на Бога, бидејќи Он се разликува од човекот по суштина, а останатото е создадена твар и тоа Боголика но, еднаква помеѓу себе од првиот до последниот.

Слепченски Претеченски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »

Православен календар

 

01/11/2025 - сабота

+Преп.Прохор Пчињски;: прен.мошт.на.св.Јован Рилски (Задушница)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Артемиј 2 ноември/20 октомври 2025

Тропар на светиот Христов великомаченик Артемиј 2 ноември/20 октомври 2025

О величенствено смирение, o послушание свето пред Бога принесено,на твоите трудови се восхитуваме свети Артемие великомаченичеа преку тебе името Христово го...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2025

Достоен стана о Ти преподобен оче Прохоре,Христов ученик да се наречеш,затоа што светот и неговата прелага ги остави,и душата своја...

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2025

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2025

Раскажувачот на Апостолските Дела,и светлиот писател на Христовото Евангелие,Лука, се покажа неискажливо преславенво Христовата Црква,

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная